Струшки вечери на поезијата од 21 до 26 август - Канал 5

Струшки вечери на поезијата од 21 до 26 август

Во завршна фаза се подготовките за 53. Струшки вечери на поезијата кои свечено ќе бидат отворени на 21 август пред Домот на позијата со засадување дрвце во Паркот на поезијата во чест на лауреатот јужнокорејскиот поет Ко Ун.

Струшки вечери на поезијата од 21 до 26 август
Директорот на Струшките вечери на поезијата, Мите Стефоски на прес-конференција на која ги презентираше тековните активности во врска со подготовките за најстариот поетски собир во светот, рече дека наскоро го очекуваат и пристигнувањето на Ко Ун, со кој доаѓа и значајна делегација од општествениот живот на таа држава. Изрази увереност дека годинава ќе биде значаен исчекор во развојот на Фестивалот, кој во својата 53-годишна историја, како што нагласи, мора да се преобразува и да се сообрази и со новите времиња, тенденции и новите начини на презентација на поезијата.

Фестивалот ќе биде можност за светска промоција на македонската култура преку поетите-гости.

- Тежнееме секоја година да направиме Фестивалот да добие нови содржини. Значајна промена во однос на минатите години е тоа што и даваме посебен акцент и на македонската поезија, но овој пат бидејќи е интернационален фестивал, со акцент токму на моментите на нејзина промоција пред гостите од странство, издавачите, директорите на значајни поетски фестивали, рече Стефоски.

Тој потенцира дека еден ден ќе биде посветен на промоција на македонската поезија преку омажите на значајните македонски поети основоположници на современата македонска поезија на промоција на актуелни книжевни случувања, промоција на минатогодишниот добитник на наградата „Браќа Миладиновци“, наjзначајната награда за поетска книга во Македонија. Новинина која од годинава редовно ќе биде во идните програмски содржини, истакна Стефоски, е поетскиот портрет на тројца значајни македонските автори. Годинава тоа се Богомил Ѓузел, Радован Павловски и Влада Урошевиќ.

Посочи дека сакаат да привлечат нова млада публика, преку самиот фестивал да презентираат поетски изрази кои во своето средиште ја имаат поезијата, но на некој начин се допираат и со другите уметности.

- Затоа е и промоцијата на интермедијални проекти, музичко-поетски перформанси, визуелна поезија. Во квечерината на фестивалот ќе почнеме со прикажување на поетски филмови и веруваме дека ќе го привлечеме вниманието на јавноста, а ќе се одржи и Летен саем на книгата. Значајни промени во фестивалот се направени во тоа што поинаку се организирани ноќите без интерпукција со поинаков приод давајќи им соодветно поинакво место на младите македонски писатели, појасни Стефоски.

Ќе објават избор од Хуан Хелман од Аргентина, еден од најголемите поети кој почина во јануари, во едицијата плејади ќе бидат објавени делови од поетското творештво на неколку странски поети, додека во превод на англиски јазик ќе биде објавена книгата „Помнам“ на Ристо Јачев, минатогодишен добитник на наградата „Браќа Миладиновци“.

Заедно со УНЕСКО, посочи, ја доделуваме наградата „Мостови на Струга“, а едно од најзначајните изданија година ќе биде антологијата на словачката поезија.

На најстариот поетски светски собир, кој завршува на 26 август, освен од Македонија ќе присуствуваат поети од Австралија, Египет, Иран, Бразил, Јапонија, САД, Норвешка, Турција, Словачка, Финска итн., кои ќе ја претстават својата култура, а ќе го запознаат и македонското творештво преку поетски читања, средби и претставувања.

Се планира Струга да биде претворена во електронска поетска антологија, а на фреквентните места преку QR-кодови да бидат достапни песни на повеќе јазици кои можат да се читаат преку мобилните електронски уреди.

Стефоски додаде дека добиле тригодишен гран од Креативна Европа со кој ќе им биде овозможено да организираат дополнителни поетски настани во текот на годината.

Димоски рече дека Струшките вечери на поезијата во аналите на светската култура, се запишани како најстара поетска манифестација во светот, а годинашниот добитник на Златен венец, Ко Ун е еден од најголемите светски поети. /МИА.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новата снимка од Мараја Кери предизвика загриженост, фановите коментираат

Снимка од Мараја Кери во Бразил предизвика загриженост кај нејзините обожаватели.

Новата снимка од Мараја Кери предизвика загриженост, фановите коментираат

На социјалните мрежи, луѓето почнаа да се прашуваат дали сè е во ред со 57-годишната пејачка, откако видео од нејзино јавно појавување покажа дека таа се движи малку нестабилно додека излегува од автомобил.

За време на престојот во Бразил, пејачката делеше автограми и се фотографираше со фановите кои се собраа да ја поздрават, држејќи транспаренти. Иако изгледаше добро расположена, некои гледачи забележаа дека ѝ треперат рацете и дека чекори несигурно. Снимката беше објавена на „TikTok“.

Фановите се прашуваат дали сè е во ред

„Дали треба да се грижиме?“ – праша еден корисник на „TikTok“. „Изгледа како да чувствува болка“, напиша друг, додека трет ѝ посака добро здравје на пејачката: „Се молам за неа и ѝ испраќам убави желби на нашата Божиќна кралица“.

Сепак, не сите ја протолкуваа оваа ситуација како причина за загриженост. Некои укажаа на конкретните услови во кои се движеше пејачката: врнеше дожд, теренот беше закосен, а Кери носеше високи потпетици.

„Како прво, врне дожд. Второ, теренот е закосен. Трето, таа носи високи потпетици. Четврто, не сака да падне“, напиша еден корисник. На снимката се гледа и како нејзиниот асистент ја држи околу половината додека таа поминува покрај фановите. Засега нема информации кои укажуваат на тоа дека Мараја Кери има некакви здравствени проблеми, а самата снимка не е доволна за да се донесе таков заклучок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Microsoft“ и големиот прекин – што навистина се случи?

Услугите на „Microsoft“ конечно работат правилно по повеќе од 24 часа –што навистина тргна наопаку?

„Microsoft“ и големиот прекин – што навистина се случи?

„Microsoft“ го реши големиот проблем што предизвика повеќе од 24 часа застој на „Microsoft 365“, тоа предизвика сериозни прекини во работењето на бизнисите и владините агенции низ целиот свет.

Проблемите започнаа на 12 ноември околу 17:17 часот по средноевропско време, кога услугата „Exchange Online“ падна. Малку повеќе од два часа подоцна, проблемите се проширија на остатокот од платформата „Microsoft 365“.

Што го предизвика тоа?

„Microsoft“ првично се сомневаше дека невообичаено големиот сообраќај е причина за проблемите. Сепак, последователната истрага покажа дека неколку серверски системи неочекувано престанаа да работат, оставајќи ги преостанатите сервери неспособни да се справат со зголеменото оптоварување.

Обидите за рестартирање на серверите беа неуспешни, бидејќи тие повторно престанаа да реагираат откако се врати сообраќајот. Компанијата на крајот утврди дека проблемот е поврзан со претходно надградување на капацитетот на мрежата, предизвикано од последователна промена во мрежната инфраструктура.

Потоа инженерите применија поправка на компонента одговорна за автентикација и насочување на сообраќајот. Обновувањето беше спроведено постепено, со обработка на заостанати е-пораки.

„Microsoft“ нагласи дека нема докази за злонамерна активност и дека вештачката интелигенција не е причина за проблемот.

Кој беше засегнат?

Покрај „Outlook“ и „Exchange Online“, прекините влијаеја на календарите на „Teams“, закажувањето состаноци, „Copilot“, „SharePoint“ и „Intune“. Некои функции продолжија да работат за време на прекинот.

Влијанието се почувствува надвор од технолошкиот сектор. Националната здравствена служба на Велика Британија (NHS) мораше да се потпре на алтернативни системи, додека индиските авиокомпании „Air India“, „IndiGo“ и „Akasa Air“ пријавија проблеми со поддршката за е-пошта.

Проблемите влијаеја и на финансиските институции. Една тајванска компанија дури мораше да користи факс за да ги потврди трансакциите со акции.

Според „Downdetector“, имало повеќе од 7,4 милиони пријави за проблеми низ целиот свет. Сепак, овој број не го претставува вкупниот број на индивидуални корисници погодени од прекинот.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција на нозе: 200.000 луѓе на улиците

Француската полиција уапси 121 лице за време на протестите одржани низ целата земја, објави француското Министерство за внатрешни работи.

Франција на нозе: 200.000 луѓе на улиците

Според Министерството, околу 106.000 луѓе учествувале во демонстрациите, додека синдикатите проценуваат дека околу 200.000 граѓани се собрале на улиците.

22 лица се приведени во Париз, вклучувајќи тројца малолетници. Апсењата се главно за носење оружје од категорија Д, навреди и кршење на забраните за посетување одредени места или учество во демонстрации, објавува „BFMTV“.

Според полициските податоци, околу 24.000 луѓе протестираа во француската престолнина, додека младинските синдикати проценуваат дека на улиците имало близу 100.000 демонстранти.

Низ цела Франција се одржаа повеќе од 60 протестни собири. Во Париз истовремено се одржаа три одделни демонстрации - против предлог-закон за претпоставка за легална употреба на оружје од страна на безбедносните сили, меѓународен марш против насилството врз децата и протест на движењето „Жолти елеци“ против зголемувањето на трошоците за живот.

Тензии беа пријавени во Париз, Бордо, Нант, Лион и Руан. На Плоштадот на нацијата во Париз, полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата, што предизвика први знаци на паника кај демонстрантите.

Во Нант, полицијата употреби водени топови, додека во Бордо беа пријавени судири за време на кои некои демонстранти фрлаа предмети кон полицијата.

Во Тулуз, според организаторите, протестираа 6.000 луѓе, додека полицијата соопшти дека имало 1.800. Собирот помина без инциденти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер