2Ниска излезност и на вториот круг од изборите во Бугарија- Јотова и Ѓуров во трка за нов претседател
3Удовички: НБС имала можност да го ограничи меѓународниот платен промет без да го прекине домашното работење на Алта банка
ЗдравјеСтрушката болница ќе добие современ ехографски апарат донација од јапонската АмбасадаДоговорот за донацијата денеска во Струга го потпишаа јапонскиот амбасадор Хиронори Савада, директорот на Општа болница Арменд Арслани и претседателот на Советот на Општина Струга Арбреша Влаши.Гинеколошкото одделение при струшката Општа болница ќе добие современ ехографски апарат, донација од Амбасадата на Јапонија во земјава, во вредност од 50.822 евра, преку програмата за мали грантови на основни потреби и човекова безбедност GGP. Договорот за донацијата денеска во Струга го потпишаа јапонскиот амбасадор Хиронори Савада, директорот на Општа болница Арменд Арслани и претседателот на Советот на Општина Струга Арбреша Влаши. Заблагодарувајќи се за донацијата, директорот Арслани појасни дека се работи за модерен ехографски апарат во боја, со фул HD колор доплер, од новата генрација ултразвучни системи, со отворена и флексибилна платформа, со иновативна и смарт архитектура, која, како што рече, ќе им помогне на здравствените работници во рано дијагностицирање, но и зголемување на здравствените услуги на пациентите. – Живеејќи во ерата на техниологијата, секој ден се повеќе треба да работиме во зајакнување на нашите услуги со технолошка опрема. Помошта од програмата за мали грантови на основни потреби и човекова безбедност GGP, донација од Јапонската амбасада, на софистициран, модерен ехографски апарат, чија вредност достигнува над три милиони денари, но не заобиколувајќи и многу други соработки, кои сме ги имале во минатото влијаат на зајакнување на нашата врска. Оваа валоризација на нашите напори е силен мотив да бидеме подобри во иднина и со наши максимални напори да постигнеме што подобро да го користиме нашиот потенцијал, истакна Арслани. Овој апарат, според амбасадорот Савада, ќе и помогне на Болницата да обезбеди, безбедни и навремени услуги за сите жени во општината и ќе го зголеми капацитетот за навремено реагирање на нивните гинеколошки проблеми. – Во рамки на иницијативата Западен Балкан, Јапонија е силно посветена да ја поддржи Северна Македонија во социјално и економскиот развој, што е многу важно за интеграцијата во Европската унија. Јапонската програма за мали грантови за основни потреби и човекова безбедност – GGP е еден од столбовите на нашата стратегија за соработка во Северна Македонија, рече Савада. Соработката со Јапонската амбасада, како што нагласи претседателката на Советот Влаши, е многу значајна за општината. – Грантот од 50.822 евра за набавка на модерен ултразвучен систем за подобрување на медицинските услуги, ќе го подобри квалитетот на здравствената нега и ќе го скрати времето за преглед на близу 200.000 пациенти од Југозападниот регион, рече Влаши. Ова е трет грант за општина Струга, преку GGP програмата, реализирани се проекти за рехабилитација на основните училишта „Браќа Миладиновци" во Струга и „Свети Климент Охридски" во селото Драслајца. Од 1996 година Јапонија со вкупно 7,8 милиони евра поддржала 158 GGP проекти во секторите здравство, образование и животна средина во Северна Македонија. Во рамки на оваа програма предвидено е потпишување договори со Јапонската амбасада во земјава за пет проекти во текот на овој месец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВтор круг од предвремените избори за градоначалник во БрвеницаВо општина Брвеница се одвива гласањето за избор на градоначалник во вториот круг од предвремените избори.Според Државната изборна комисија гласањео почнало навреме во седум часот а во првите два часа гласале 3,98 отстои од запишаните избирачи, што е повисока излезност од 1,52 отсто во споредба со првиот круг. До 11 часот излезноста била 13,82 отсто, што за 4,71 процент во однос на првиот круг.. Во Брвеница е Михајло Видимлиски. Михајло како се одвива гласањето, и колкав е одзивот од гласањето според последните информации од ДИК? Kога ќе биде следната прес конференција на ДИК, и кога може да се очекуваат последните информации околу излезноста? Во видеото погледнете го целиот извештај. Тагови: Брвеница ДИК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканНиска излезност и на вториот круг од изборите во Бугарија- Јотова и Ѓуров во трка за нов претседател Неизвесна изборна трка и повторно ниска излезност на претседателските избори во Бугарија. Граѓаните денеска во втор круг избираат меѓу актуелната претседателка Илијана Јотова, поддржана од владејачката „Прогресивна Бугарија“ на премиерот Румен Радев и социјалистите, и Андреј Ѓуров, зад кого според бугарските медиуми стојат прозападни опозициски партии „Продолжуваме со промените“ и „Демократска Бугарија“, а поддршка му даде и лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов. Во првиот круг Јотова освои 34,76, а Ѓуров 31,95 проценти од гласовите. Исходот од изборите во соседна Бугарија е важен и за Македонија, но дали новиот претседател би можел да го промени односот на Софија кон Скопје? Според домашните аналитичари, просторот за промена е мал. Во последната телевизиска дебата и двајцата кандидати останаа на постојните бугарски позиции за европската преговарачка рамка. -Мислам дека не се многу значајни изборите, бидејќи бугарската позиција по ова прашање е релативно тврда и отпорна на промена на политичките елити. Тоа е првата причина а втората причина е што во моментот бугарската политика сепак ја води Румен Радев а не претседателот. И третата причина, од она што го гледавме од телевизиското соочување помеѓу двата кандидати таму борбата е кој ќе биде построг со Македонија а не кој ќе биде попопуслив. Така што не очекувам некаква драматична промена. Очекувам да остане бугарската позиција, дека во основа се работи за европски компромис а не за билатерлано прашање. Така што во таа смисла тие избори нема да донесат значајно поместување – оценува Арсовски. Во Бугарија, пак, аналитичарите сметаат дека пресудна ќе биде мобилизацијата на гласачите кои не злегоа во првиот круг. -Шансите се изедначени. Ова се нови избори. Сè зависи од психолошката атмосфера, која во моментов повеќе оди во прилог на Ѓуров. Сè зависи од како се финишираше изборната кампања. Сепак, најмногу зависи од тоа дали „Прогресивна Бугарија“ ќе успее да го мобилизира својот потенцијал, кој досега не го мобилизираше. Таа го има тој потенцијал, но не успеа да го искористи. Но, доколку сега го загубат вториот круг, тогаш тоа веќе ќе биде оценка за Румен Радев. Тоа значи дека Румен Радев очигледно мора многу поактивно да се вклучи, бидејќи во случај на пораз на овие избори, многумина ќе бидат оние што ќе речат: „А сега и Владата треба да си замине – вели Симеонов. Изборите се следат и во меѓународната јавност, особено во контекст на војната во Украина. Британскиот „Фајненшл тајмс“ во последната анализа меѓудругото оценува дека евентуална победа на Јотова, која се залага за обновување на дијалогот со рускиот претседател Владимир Путин, би можела дополнително да ја приближи Софија кон Москва. Сепак британскиот Весник, наведува дека не се очекува суштинско отстапување на Бугарија од нејзината европска и НАТО-ориентација.Тагови: Бугарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканУдовички: НБС имала можност да го ограничи меѓународниот платен промет без да го прекине домашното работење на Алта банкаСлучајот Алта Банка продолжува да ја бранува јавноста во соседна Србија.Утре се очекува да биде покрената стечајната постапка, а од банката преку соопштение уверуваат дека се преземаат чекори за заштита на интересите на депонентите и поверениците. Ќе почне исплатата за депозитите до 50 илјади евра, а останатите ќе чекаат од стечајната маса. Поранешната српска гувернерка Кори Удовички споменувајќи ги трансферите во Македонија, оценува дека Народната банка на Србија можела да го ограничи меѓународниот платен промет без да се создава паника и да се прекинува работата на банката. Според неа е клучно зошто никој не водел контрола и не презел навремени мерки за спречување на одливи. Сепак оценува дека нема простор за загриженост во поширокиот финансиски систем. -Ние како центар за економски анализи укажавме во септември кога Европската комисија дојде на еден вид ревизија, им кажавме: ова и ова не е јасно.. Значи самите луѓе од Народна банка уште подобро до нас знаеа дека тука има, ако ништо друго, ризици. / Тука има можеби сомнителен или каков и да е капитал кој ќе сака да бега, нивна задача беше веднаш да го зголемат надзорот,- Кори Удовички – поранешна гувернерка на Србија. И покрај случувањата во српската Алта, од македонската Алта Банка АД Битола тврдат дека нејзините клиенти не се засегнати. Уверуваат дека се ликвидни и работат без проблеми, а од Народната банка на Македонија потенцираа дека се работи за одделни правни лица, но ја следат состојбата и постапуваат по закон. Инаку во соседна Србија за точно една недела се случија неколку настани кои се поврзуваат со промената на власта.. Ликвидацијата на Алта Банка, смената на бројни раководни лица во јавниот сервис, а вчера и апсењето на шефот на криминалистичката полиција Марко Кричак. Тој се сомничи за фалсификување докази и притисок врз сведоци и обвинети за убиството на мафијашот Баја, а по истата пријава приведен е и началник на Службата за сузбивање на криминалот во Србија. Името на Кричак се поврзува и со полициска репресија врз протестите на студентското движење кое се формираше по несреќата во Нови Сад. Денеска навршуваат точно две години откако се урна настрешницата на железничката станица каде загинаа 16 лица. По тој повод се одржа комеморација на местото на настанот со 16 минутен молк. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВтор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48