Струмичките раноградинари загрижени : Албанските домати им го преземаат домашниот пазар

Струмичките раноградинари загрижени. На стартот на интензивните берби домати увезени од Албанија по дампинг цени и според нив со сомнителен квалитет им го преземаат домашнито пазар.

Во струмичко почнаа интензивно бербите на доматите во пластениците кои користат  греење а за недела до две почнуваат и масовните берби на домати кај пластениците без греење. На самиот старт на бербите градинарите дочекани со силна битка за домашниот пазар кој им го преземаат домати увезени од Албанија по дампинг цени. Нашите домати последниве години иако се произведуваат по сите европски норми и стандарди и се применуваат пестициди само од европската зелена дозволена листа бидејќи само такви по закон смее да има по аптеките сепак се на удар од увозните за кои се сомневаат дека ги имаат истите стандарди и квалитет и на тој начин со слободниот увоз ниту се штитат земјоделците ниту граѓаните знаат што јадат.

Со промовирањето на третиот пакет економски марки на некој начин изостанаа мерките за градинарите иако тие сметаат дека наместо директна финансиска помош, од државата доволно е да добијат заштита за домашниот пазар и помош да се бара со време извоз за доматите кои допрва стасуваат а пазарите со корона вирусот се потешко се отвораат.

Од агенцијата за храна и ветеринарство со став дека се што влегува во земјава се контролира од здравствен аспект и за увозните домати важат истите правила и треба да ги исполнуваат ситите норми како што им се бараат и на домашните производители на градинарските производи.

притисни ентер