Струмичкиот театар почна со онлајн прикажување претстави - Канал 5

Струмичкиот театар почна со онлајн прикажување претстави

Од синоќа Народниот театар „Антон Панов" од Струмица почна со онлајн прикажување претстави.

Струмичкиот театар почна со онлајн прикажување претстави

На почеток, по повод Светскиот ден на театарот, беше прикажана претставата „Ни ќар ни зијан” од Братислав Димитров во режија на Синиша Евтимов.

Вечер со почеток во 20 часот, на „јутјуб" каналот на театарот, љубителите на оваа уметност ќе можат да ја проследат „Вртелешка" од Артур Шницлер во режија на Драгана Таневска.

-Планираме да прикажеме над 20 претстави кои се снимени и ги имаме во нашата ризница. На онлајн репертоарот ќе се најдат претстави кои не ги играме, а меѓу нив ќе има од секаков жанр, а во неделите ќе прикажуваме детски претстави, информираше раководителот на струмичкиот театар, Драган Маџиров.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Епидемиолошката крива во Гостивар е во пад

Околу 200 граѓани од Гостивар за првпат се јавиле на лекар поради стомачни тегоби, над 100 само во гостиварската болница од кои двајца се хоспитализирани, но епидемиолошката крива е во пад

Епидемиолошката крива  во Гостивар е во пад

Околу 200 граѓани од Гостивар за првпат се јавиле на лекар поради стомачни тегоби, над 100 само во гостиварската болница од кои двајца се хоспитализирани, но епидемиолошката крива е во пад, а здравствената состојба е под контрола поради лесната клиничка слика, стомачни тегоби и треска кои не траат долго, уверува Министерот за здравство Сашо Клековски.

Три нови приеми имало и на Инфективна во Скопје, но само еден е задржан во болница и засега во лабораториските анализи не се пронајдени вируси кои би резултирале со потешки заболувања, иако состојбата постојано се следи, вели Клековски. Досега бројот на граѓани што се јавиле за помош надмина 3400.

Министерот повтори дека водата во Гостивар не е безбедна за употреба, а ги повика и докторите кои, како што посочи, не се епидемиолози или имунолози кои апелираа дека можно е за неколку недели да има случаи со хепатит да не даваат совети само за лајкови на социјалните мрежи.

-Би замолил да нема слободни јавачи на епидемијата. Гледам и доктори кои не се, условно кажано, епидемилози, инфектолози, даваат различни совети и различни мислења. Знам дека вакви состојби се популарни за кликови и за собирање лајкови, но би замолил граѓаните да ги следат официјалните упатства и канали. Ние секако ја следиме состојбата, рече - Сашо Клековски – министер за здравство.

Во однос на информациите дека во време кога водата веќе била загадена, а Центарот за јавно здравје Тетово кое е надлежно и за Гостивар дал извештај дека таа е безбедна, здравствените власти кажаа дека сите примероци и анализи од цела година ќе бидат проверени за да се утврди дали се потфрлало во контролата на водата. Најавија дека ќе се направи и проверка на голем дел на водоводната мрежа низ Македонија во соработка со други надлежни институции за да се исклучи небезбеност на вода во други градови.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР најавува ново силно невреме: Пороен дожд, силен ветер и град

Нестабилното време според најавите од УХМР ќе продолжи и денеска. 

УХМР најавува ново силно невреме: Пороен дожд, силен ветер и град

Според метеоролозите и попладнево нè очекуваат повремени врнежи од дожд и локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветерво одредени места повторно ќе има услови за појава на невреме со град.

Од УХМР апелираатграѓаните да бидат претпазливи особено при движење на отворено и во сообраќајот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Десетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе

Речиси 200 паднати дрвја, 117 оштети возила, 35 оштетени покриви и 5 пожари остави зад себе невремето проследено со силен ветер и дожд што вчера го зафати Скопје. 

Десетици повредени граѓани, оштетени автомобили и објекти остави невремето зад себе

Екипите на надлежните институции и денеска се на терен, се отстрануваат паднати дрвја и гранки, вели за Канал 5 градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски. Се расчистуваат сообраќајниците а се интервенира на сите критични локации каде што силниот ветер и обилните врнежи предизвикаа штети.

-Овозможен пристап по сите булевари како и централното градско подрачје и покрај тоа што имаше сериозно оштетување на неколку стотици дрвја, имаше кровови и кровни конструкции летнати од зградите кои за брзо време беа дислоцирани од коловозите. На некои позиции каде беше неминовно имаше оштетување на возила, најпрвин се чекаше и се уште се чека МВР да направи официјални записници после кои веднаш во комуникација сме со граѓаните и со СВР Скопје ќе постапиме ние со помош и расчистување на тој дел,- изјави – Орце Ѓорѓиевски – Градоначалник на Град Скопје.

Оштетувања има и на државни објекти како министерства, обвинителства и комплексот „Вили Водно“. Проблеми беа регистрирани и на Меѓународниот аеродром Скопје, каде поради протекување на покривот инало прекин на авиосообраќајот.

Над 30 лица побарале лекарска помош кои се здобиле со скршеници од невремето. Само во градската болница Св. Наум Охридски се примени над 20 лица а двајца се задржани.

-Од 22-та пациенти во „Св. Наум Охридски“ двајца се примени на болничко лекување, другите се третирани клинички со полесни повреди. Еден пациент е веќе опериран во текот на ноќните часови, со скршеница во предел на шаката. Има уште еден пациент кој е странски државјанин, турист, а е повреден при пад на дрво, во пределот на карлицата, но не изискуваше оперативен третман, што значи се движело за консултативно лекување,- изјави– Небојша Настов – Директор на „Св. Наум Охридски”.

На Ургентен се примени 11 лица, тројца од нив со посериозни скршеници. Штети има и кај здравствените установи, вели министерот за здравство Сашо Клековски.

-На ТОАРИЛУЦ се примени 11 повредени лица по вчерашното невреме од кои тројца се со посериозни скршеници и се третираат соодветно на клиниката. Ги следиме штетите на здравствените установи, има паднати дрвја и во клиничкиот центар Мајка Тереза без повредени. Во психијатриската болница во Бардовци без повредени таму имаше исто така неколку часа прекин во елтреичната енергија и има значајни штети на кровната конструкција на клиничката болница во Штип. Веќе се отстранети штетите, работат и осигурителните куќи на проценките на штетите,- изјави – Сашо Клековски – Министер за здравство.

Поголем проблем за жителите предизвикаа паднатите кровни конструкции на некои од зградите по што градоначалникот Ѓорѓиевски најави инспекции посебно на постарите згради во градот. Премиерот Христијан Мицкоски пак вели дека штетите по невремето ќе бидат утврдени и надоместени согласно законските процедури и досегашната практика.

-Оваа Влада никогаш не ги оставала граѓаните сами да се снаоѓаат. И денес ќе продолжат со активности, бидејќи станува збор за епско невреме. Подготвеноста и мотивацијата од нивна страна беа на високо ниво. Штетите ќе бидат констатирани и, согласно законските процедури и досегашната практика, ќе бидат надоместени од надлежните институции,- изјави – Христијан Мицкоски – Претседател на Влада.

Штета е пријавена и во други градови кои беа зафатени од невреме како Куманово, Велес, Тетово, Струмица, каде покрај оштетената електрична инфраструктура, имало и пријави за штети во земјоделството, вклучувајќи оштетени оранжерии и земјоделски култури. На подрачјето на Штип регистрирани се 14 оштетувања на возила и шест оштетени кровни конструкции.

Паднати дрвја, оштетени покриви и прекин на струјата е пријавено и во Кочани.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер