Струмичкиот карневал ќе се одржи од 2 до 9 март

Годинашниов Интернационален струмички карневал ќе се одржува од 2 до 9 март, но во редуцирано издание и со строго почитување на здравствените протоколи за јавни настани во услови на пандемија од Ковид-19.

Ова го соопшти денеска градоначалникот Костадин Костадинов, кој истакна дека вековната карневалска традиција на Градот под Царевите Кули не може да има подолги паузи.

-Тоа ќе ги демотивира карневалските групи да не учествуваат во иднина на карневалот. Карневалот ќе се одржи, но ќе биде од локален карактер. Покрај карневалистите од Струмица, ќе бидат поканети по еден претставник од карневалските групи од странство кој најчесто учествуваа. Барање на струмичани е да не престане вековната традиција и апелирам до сите максимално да ги почитуваат мерките и протоколите за заштита од пандемијата, изјави Костадинов.

Главната карневалска вечер ќе се одржи на 5 март и оваа година новина е тоа што во карневалското дефиле е со скратена маршрута и во него ќе учествуваат само домашни карневалски групи и поединци.

Карневалските празнувања ќе траат осум дена. Ќе почнат на 2 март со предавање на клучот од градот на карневалџиите, а ќе завршат на 9 март, на празникот Тримери, со тримерски ручек и враќање на клучот.

Во деновите на карневалското празнување ќе се одржат концерт под маски на музичкото училиште „Боро Џони", маскенбал, детски карневал, бел грав на градскиот плоштад, доделување награди на најдобрите карневалски маски, афоризми, карикатури и литературни творби на тема карневал, карневалско село-забава на плоштадот, а ќе биде промовирана и монографија по повод 30-годишниот јубилеј од orганизараното одржување на карневалот.

Кралот на Маорите на Нов Зеланд сака на китовите да им даде основни човекови права

 Кралот на Маорите на Нов Зеланд денеска повика на китовите да им се дадат основни човекови права за да се заштитат ранливите видови.

Кралот Тухеитија Паки рече дека величествените морски цицачи треба да ги имаат основните човекови права како што е правото на здрава животна средина за да се овозможи обнова на нивната популација.

- Звукот на песната на нашите предци ослабна, а живеалиштето е загрозено. Затоа мора да дејствуваме сега, рече Тухеитија во редок јавен настап.

Во 2017 година, Нов Зеланд донесе закон со кој се дава правен субјективитет на планината Таранаки и реката Вангануи, кои се важни за Маорите, домородни луѓе кои сочинуваат околу 17 отсто од населението на Нов Зеланд, или околу 900.000.

Тухеитија смета дека давање ист статус на китовите би делувало како „наметка на заштита“.

Тој се обрати заедно со високиот поглавица на соседните острови Кук, Травело Ту Арики.

Тие се залагаат домородните знаења да се комбинираат со науката за да се обезбеди „похолистички пристап“ за зачувување на китовите.

- Китовите играат витална улога во здравјето на целиот наш океански екосистем, рече Травел Ту Арики. „Мораме итно да дејствуваме за да ги заштитиме овие прекрасни суштества пред да биде предоцна“, додаде тој.

Сините китови можат да пораснат до 30,5 метри и да тежат до 200 тони.

Но, големината не ги штити. Шест од 13-те големи видови китови се загрозени или ранливи, според WWF, светската организација за заштита на природата.

Откажани летовите од Виена до Скопје и обратно поради штрајк

Откажани летовите од Виена до Скопје и обратно поради штрајк на вработените во „Аустријан ерлајнс“.

Откажани се летовите од Виена до Скопје и обратно поради штрајк на вработените во авиокомпанијата „Аустријан ерлајнс“.

На официјалната веб страница на Меѓународниот аеродром Скопје не се ставени ниту полетувањата, ниту слетувањата со оваа авиокомпанија.

Поради штрајкот, којшто според најавите треба да трае денеска и утре, глобално откажани се околу 400 лета и засегнати се околу 50.000 патници.

Во текот на овие два дена оваа авиокомпанија требаше да реализира 24 лета од Виена до градовите во поранешна Југославија вклучувајќи летови до Белград, Сараево, Загреб, Приштина, Скопје, Подгорица, Дубровник и Сплит.

Царинските службеници во Грција ќе одржат 48-часовен штрајк следната седмица

Од Федерацијата на царински службеници на Грција соопштија дека цариниците од Независната управа за јавни приходи како и од Министерството за финансии ќе одржат 48-часовен штрајк.

Дводневен штрајк за 2 и 3 април закажаа грчките царинските службеници, што ќе влијае и на сообраќајот на граничните премини од Грција кон соседните земји, меѓу кои и Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Федерацијата на царински службеници на Грција соопштија дека цариниците од Независната управа за јавни приходи како и од Министерството за финансии ќе одржат 48-часовен штрајк, а од Синдикатот на вработени во јавниот сектор преку соопштение изразија поддршка за штрајкот.

Според информациите на дописничката на МИА од Атина, поради 48-часовниот штрајк на цариниците целосно ќе биде во прекин сообраќајот на граничните премини од и кон Грција за товарните возила и секаков вид пратки, додека пак во однос на автомобилите, не е исклучена можноста возилата повремено да се пропуштаат, нешто што ќе се дефинира и појасни непосредно пред почетокот на штрајкот.

притисни ентер