Струмичкикот карневал на 9 март - Канал 5

Струмичкикот карневал на 9 март

Струмичкиот карневал се поврзува со протерувањето на зимата и пречекувањето на пролетта, кој најдалеку отишол во својата трансформација од сите традиционални игри со маски, како по времето на одржување така и по својата функција, велат етнолозите. Карневалот е поврзан со тримерските денови, односно почетокот на Велигденскиот пост. Обичаите поврзани со Тримери почнуваат недела вечерта пред Прочка и траат до среда.

Струмичкикот карневал на 9 март
- Карневалот според традицијата секогаш е во вторник, но струмичкиот карневал само временски се совпаѓа со тримерскиот пост, но не и суштински. Тримерите се христијански обичај додека карневалот е остаток од некој пагански култ. Инаку, струмичкиот карневал се поврзува со „армасаните“, односно верените двојки и тогаш маскирани постари жени веќе запознаени со семејниот живот и обврските на жената во брачниот живот одат во куќата на верената и ја подготвуваат за брачните води, пеејќи песни со сексуална содржина се со цел да ја воведат во новиот живот. Маскираниот вереник ја посетува на полноќ заедно со други момчиња и таа треба да го препознае меѓу останатите момчиња дека станува збор за нејзиниот вереник, објаснува Јасмина Мангалиевска, етнолог.

Фолклористите додаваат деkа овие обреди се обреди на премин и се поврзуваат со будењето на природата и нејзиното оплодување. Одржувањето на Струмичкиот карневал зависи од празникот Прочка, односно Велигден. Годинава главното интернационално дефиле ќе се одржи на 12 март со почеток во 18.30 часот. Карневалското славје ќе почне на 9 март со традиционалниот маскембал на кој се избираат принцот и принцезата кои ќе ја предводат поворката на главната вечер. Завршните активности се врзани за празникот Тримери и тримерската посна трпеза. Инаку, Струмичкиот карневал има натпреварувачки карактер.

Вкупниот награден фонд ќе изнесува 6.850 евра. Во категоријата А(групна маска над 50 лица) е 1000, 900 и 800 евра, во категорија Б (групна маска од 30 до 50 лица) е 600, 500 и 400 евра, категорија В (групна маска од 20 до 30 лица) е 500, 400 и 300 евра, во категорија Г (групна маска од 10 до 20 лица) е 400, 300 и 200 евра, во категорија Д (групна маска од 5 до 10 лица) е 150, 100 и 75 евра и во категорија Ѓ (поединечна маска од 1 до 5 лиоца) е 100, 75 и 50 евра.
Организацискиот одбор ќе додели една награда во износ од 9.000 денари на конкурс за карикатура и една награда за најдобра фотографија од 6.000 денари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петровска до Агенцијата за разузнавање: Дали лица од политиката, бизнисот и медиумите контактирале со Мацура за Алта банка?

Пратеничката Славјанка Петровска во Собранието ја праша директорката на Агенцијата за разузнавање дали Агенцијата имала сознанија за можни безбедносни ризици поврзани со Алта банка.

Петровска до Агенцијата за разузнавање: Дали лица од политиката, бизнисот и медиумите контактирале со Мацура за Алта банка?

Пратеничката Славјанка Петровска во Собранието на денешната надзорна расправа за причините за воведувањето администрација во Алта банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност, ја праша директорката на Агенцијата за разузнавање дали Агенцијата имала сознанија за можни безбедносни ризици поврзани со Алта банка пред случајот да стане предмет на јавна дебата и дали за тоа биле известени Владата или други надлежни институции.

Петровска го заснова прашањето на надлежностите утврдени во членовите 2, 3 и 4 од Законот за Агенција за разузнавање. Притоа посочи дека Агенцијата нема регулаторна улога во банкарскиот систем.

„Дали Агенцијата имала сознанија за можни ризици по безбедноста во смисла на нарушување на политичката и економската стабилност, но и за можни трансакции кон земји кон кои имаме воведено санкции, пред случајот со Алта банка да стане предмет на дебата во јавноста? Дали за тоа беа известени Владата или други надлежни институции?“, праша Петровска.

Во дополнителното прашање, Петровска побара одговор дали Агенцијата располага со потврдени или непотврдени сознанија за евентуални контакти со Давор Мацура во врска со Алта банка. Прашањето се однесуваше на можни контакти во текот на 2026 година, директно или преку посредници, со лица од политички партии во земјава или лица поврзани со нив, како и со лица од бизнис или медиумските кругови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повторно гори во теснецот (ВИДЕО)

Иранската војска денеска соопшти дека два нафтени танкера се запалиле откако удриле во поморски мини во Ормускиот теснец.

Повторно гори во теснецот (ВИДЕО)

Морнарицата на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) наведе дека два нафтени танкера – кои ги прекршиле прописите – ги исклучиле своите системи за навигација и идентификација и се обиделе да го напуштат Ормускиот теснец преку неовластена рута, под закрила на американските воени сили. Притоа, тие удриле во поморски мини и се запалиле, пренесува агенцијата ИРНА.

Во соопштението се додава дека, и покрај напорите на американскиот воен персонал да ги изгаснат пожарите, пловилата остануваат зафатени од пламени и се напуштени.

Во соопштението, упатено до сопствениците на бродовите, се напоменува дека за безбедно поминување низ Ормускиот теснец е неопходна „координација со иранските вооружени сили“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повторно зачестени измамнички пораки за наводна наплата на сообраќајни прекршоци

МВР апелира на внимателност

Повторно зачестени измамнички пораки за наводна наплата на сообраќајни прекршоци

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во изминатиот период повторно е забележана зачестена појава на измамнички пораки преку СМС, електронска пошта и социјалните мрежи, со кои граѓаните се доведуваат во заблуда дека треба да извршат уплата за наводно направен сообраќаен прекршок регистриран од системот „Безбеден град“.

Станува збор за обиди за фишинг измами, при што преку лажни пораки и линкови се бара од граѓаните да пристапат до веб-страници и да внесат лични и банкарски податоци, со цел нивна злоупотреба.

МВР апелира до граѓаните да бидат особено внимателни и да не отвораат сомнителни линкови, да не внесуваат податоци од платежни картички, лозинки и други лични информации на непроверени веб-страници, ниту да вршат уплати преку линкови добиени во сомнителни пораки.

Воедно, потсетуваме дека официјалните СМС известувања за сообраќајни прекршоци од системот „Безбеден град“ се испраќаат од испраќачот „MVR-SC“, задолжително ја содржат регистарската ознака на возилото со кое е направен прекршокот, а линкот води до официјалната веб-страница со домен http://safecountry.mvr.gov.mk

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи презема мерки и активности за откривање и санкционирање на сторителите на ваков вид измами.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер