3Во гаража го направиле најширокиот автомобил на светот- полицијата не можела да му напише казна (ВИДЕО)
МакедонијаСтрумичанец осомничен за обид за убиство на сопругата, доставен предлог за мерка притворОсновното јавно обвинителство Струмица донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело „убиство“. Осомничениот 48-годишник, како што информира Јавното обвинителство, при вршење семејно насилство, на 26 ноември годинава во семејниот дом во селото Просениково се обидел да ја лиши од живот неговата сопруга. Тој ја фатил за главата и со шприц се обидел насилно да и вбризга во устата одредена течност, најверојатно пестицид. Жртвата почнала да го турка и да вика, а тоа го слушнале нивните две малолетни деца кои дошле од другата соба и се обидувале да ја одбранат мајка им. Оштетената успеала да влезе во бањата, но осомничениот влегол по неа, ја турнал во кадата и ја притиснал со коленото, па со нож започнал да и нанесува посекотини на вратот во близина на каротидната артерија. Децата повикале други роднини кои успеале да го оттргнат. Во својот исказ пред јавниот обвинител жената потврдила дека подолг временски период била жртва на физичко и психичко семејно насилство од сопругот, но не се осмелувала тоа да го пријави. Според јавниот обвинител постои реална опасност осомничениот повторно да врши семејно насилство и да го доврши обиденото дело. Исто така постои опасност од бегство и можност тој да влијае на сведоците на настанот, негови блиски роднини кои и помогнале на оштетената и ја однеле во болница. Од тие причини, како што се наведува, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор. Тагови: Струмица Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалЏани Инфантино ѝ ветува повеќе пари на Африка!Првиот човек на светскиот фудбал, Џани Инфантино пред претстојните претседателски избори на ФИФА вети дополнителни финансиски средства за развој на африканскиот фудбал.Првиот човек на светскиот фудбал, Џани Инфантино пред претстојните претседателски избори на ФИФА вети дополнителни финансиски средства за развој на африканскиот фудбал, наведувајќи дека светското управно тело за фудбал ќе продолжи да ги зголемува инвестициите на континентот. Обраќајќи се пред претставниците од 54-те национални асоцијации на Конфедерацијата на африкански фудбал (CAF) на собир во Капо Верде, Инфантино истакна дека ФИФА инвестирала една милијарда долари во африканскиот фудбал во текот на изминатата деценија преку 124 проекти во рамките на програмата FIFA Forward. „Ќе продолжиме да бараме потребни ресурси и да го зголемуваме финансирањето за да го насочиме африканскиот фудбал кон самиот врв на глобалната игра“, истакна Инфантино. Неговото обраќање доаѓа пред претстојните претседателски избори на ФИФА; следствено, собирот на претставници од африканските асоцијации - кои сочинуваат значителен дел од електоратот - доби и политичка димензија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛазов: ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО-ОКГ и полигон за интересиДенеска започнуваме да ја демаскираме вистината за тоа што навистина се случува во Фудбалската федерација на Македонија.Наместо ветениот напредок, ФФМ денеска е претворена во приватна фирма, партиски штаб на ВМРО-ОКГ и полигон за остварување лични интереси. Материјалите и информациите кои започнуваме да ги објавуваме доаѓаат директно од загрижени граѓани и свиркачи внатре во институциите — луѓе кои одбиваат повеќе да молчат за криминалот во македонскиот фудбал. Прво и најважно: ФФМ е целосно партизирана. * Зад одлуките во Федерацијата стојат директни политички притисоци и влијанија од високи функционери од власта. * Правни советници и шефови на комисии се назначуваат исклучиво по партиска и адвокатска линија. * Се менуваат селектори само затоа што немаат партиска поддршка, а се измислуваат нови репрезентативни категории за да се вработат соодветни партиски кадри. Фудбалот стана семеен бизнис: * Позициите за тренери во репрезентациите се делат на кумови и најблиски роднини. * За советници се ангажираат лица кои во јавноста се познати по упади во државни институции и контрола на летање. * Тренери од приватни школи и клубови истовремено земаат дупли плати и хонорари од ФФМ. * А на одредени играчи експресно им се дава деби во А-репрезентацијата — само за нивните новопечени менаџери да можат подобро да ги продадат надвор. Додека навивачите се револтирани од цените на билетите, а играчите гинат на терен, зад кулисите се случува нешто многу поопасно. Затоа, денеска јавно поставуваме неколку директни прашања до раководството на ФФМ: * Прво: Зошто најдиректно од ВМРО се делегира Комесар за делегирање судии кој потоа делегира судии по нарачка за натпревари кои ги игра државниот проект ФК Вардар? * Второ: Дали под изговорот за „подмладување на репрезентацијата“ се отвора простор за обложувачки профити на сметка на поразите на Македонија? * Трето: Дали е точно дека лица поврзани со скандали за местење натпревари се редовни гости во Белата палата на ВМРО? * Четврто: Дали има местење на натпревари под директна палка на комесарот Јосип Бартон и негови блиски судии, по нарачка? * Петто: Дали таканареченото „подмладување“ на репрезентација е искрена спортска стратегија, или е бизнис-план во кој младите фудбалери се само жртви? * Шесто: Има ли тарифа за играње во македонските репрезентативни селекции и колку пари чини да се облече националниот дрес? * Седмо: Кој е одговорен во репрезентацијата за скандалот во Швајцарија со пропустот играчот со бр 22 Малевски да седи на клупа 60 минути а да не е ниту впишан во записник на тој натпревар? Има ли сличен несреќен случај случен во Лигата на нации, во било кое УЕФА или ФИФА натпреварување, во македонската Прва или Втора лига? Македонскиот фудбал им припаѓа на сите нас, а не на кланови и партии. Ова е само првиот дел. Документите, фактите и доказите ќе продолжат да излегуваат во јавноста— сè додека ФФМ не се исчисти од криминалните структури и судии во рацете на спортистите, сега контролирани од ВМРО чии членови сочинуваат повеќе од 2/3 од делегатите на Собранието на ФФМ, рече Герасим Лазов-претседавач со ЦО на СДСМ. .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00
ЕвропаДве „пијавици“ се појавија кај Сицилија- регионот под метеоаларм (ВИДЕО)Две пијавици се појавија во утрово пред пристаништето Марсала, на западниот брег на Сицилија. Глетката на два столба вода што се спуштаат од облаците кон морето е снимена од пристаништето. Иако станува збор за спектакуларен природен феномен, тој предизвика и загриженост поради неговата близина до брегот, пишува италијански Tp24. Бура во западна Сицилија Појавата на пијавиците се совпадна со најавеното влошување на времето. За Сицилија за петок се предвидува нестабилен ден со врнежи од дожд и грмотевици, кои можат да бидат локално силни и долготрајни, особено во областа Трапани и по должината на тиренскиот брег. Можни се и ненадејни налети на ветер, а морето е разбранувано. Регионалната цивилна заштита издаде предупредување за можни силни грмотевици, град и чести грмотевици. Посебна претпазливост се препорачува во урбаните области склони кон поплави. Жолт временски аларм е на сила за целиот остров. Ненадејната промена на времето следеше по серија октомвриски денови со температури слични на летото. Што всушност е пијавица Пијавицата е воздушен вртлог што се формира над површината на водата и се протега од основата на облакот од бура до морето. Видливата колона не е составена од морска вода што ја „вшмукува“ облакот, како што често се мисли. Вителот е видлив првенствено поради кондензација на водена пареа, додека ветерот на површината крева капки и морска пена. Пијавиците се карактеристични за периодите кога морето е сè уште топло, а поладен и нестабилен воздух пристигнува над него. Овој температурен контраст ослободува енергија за конвекција: топлиот и влажен воздух се крева одеднаш и создава облаци од бура, а со специфични струи и промени во насоката на ветерот по висина, може да се случи ротација. Затоа нивното појавување на есен не е ретко. Студија спроведена во Италија регистрирала 707 пијавици од 2007 до 2016 година, од кои 43 проценти се случиле на есен. Се проценува дека околу една четвртина од регистрираните пијавици стигнуваат до брегот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter