Струмица во очекување на карневалот

Два дена до струмичкиот карневал. Учесниците возбудени.

Ги довршуваат маските, се лепат и дошиваат завршните додатоци. Последните проби пред главната вечер се најважни коментираат весело. Во основното училиште Гоце Делчев од Василево секоја година се раѓаат едни од најкреативните маски на струмичкиот карневал. Годинава ќе бидат кенгури и Абориџини.

Идејата ни дојде кога еден наш колега замина за Австралија, тогаш размислувавме дека досега не сме виделе ништо од оваа земја досега, верувајте низ струмичките продавници не најдовме ниту играчка кенгур, и затоа се одлучивме да дојдат 50 кенгури на карневал во Струмица, рече Тихомир Младенов.

Маската ја сочинуваат шеесетина ученици а на неа се работи повеќе од два месеци. По часовите, но и преку викенд, ентузијасти наставници и дечиња ја доловуваат сликата од Австралија . Се танцува во ритамот на Абориџините, сликата е воодушевувачка.

Ние работиме секој ден, се вежба и пред и после часови. Многу ученици се заинтересирани да бидат дел од оваа организација и мислам дека ќе имаме успех, рече Изабела Иванова.

Струмичките карневалски денови почнуваат вечерва со изложба на фотографии од карневалот и концертот под маски на музичкото училиште.

Голманот на Баер Леверкузен постави нов рекорд во Бундеслигата

 Чуварот на мрежата на Баер Леверкузен, Лукас Храдецки, стана првиот странски голман во историјата на Бундеслигата кој одиграл 292 натпревари.

Триесетичетиригодишниот фински голман настапи изминатиот викенд во победата на Леверкузен од 5-1 против неговиот поранешен клуб Ајнтрахт Франкфурт, соборувајќи го рекордот што претходно беше во сопственост на голманот на Борусија Менхенгладбах и на Баерн Минхен, Швајцарецот Јан Сомер (291 настапи).

„Сакам да ги читам весниците и извештаите од натпреварите и таму ја прочитав информацијата. Ме исполнува со гордост и чест што можам да играм во таква прекрасна земја и лига и за два фантастични клубови“, изјави Храдецки за телевизискиот оператор ДАЗН.

Храдецки му се приклучи на Ајнтрахт во 2015 година и забележа 101 настапи за клубот од Франкфурт пред да се пресели во Леверкузен во 2018 година. Неделниот натпревар беше негов 191. лигашки настап за новиот германски шампион.

Баер Леверкузен е во рекордна серија од 48 натпревари без пораз во сите натпреварувања од почетокот на сезоната.

Фото:Убавата Дилета ја отвори сезоната на костими за капење

Најатрактивната спортската новинарка и водителка во Европа, Италијанката Дилета Леота, набрзо по раѓањето на своето прво дете, ќерката Арија, се врати на работа пред ТВ екраните и фудбалските стадиони.

Убавата Дилета е во брак со поранешниот голман на Ливерпул, Лорис Кариус.

Благодарение на редовните тренинзи и адекватната исхрана, убавата и згодна мама брзо ја врати линијата што ја имаше пред породувањето, а нејзините обожаватели ширум светот со нетрпение го очекуваа враќањето на Дилета во ритамот од пред бременоста и објавувањето на фотки во бикини.

Тоа на нивна радост и се случи, Дилета објави фотографии од базен, каде со ќерката ужива во приватноста на својот дом, а дека изгледа бомбастично докажа и во едноделен розов костим за капење кој одлично и стои.

Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи

Во следните три дена, почнувајќи од среда, под влијание на влажни бранови во поголем дел од земјава ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. 

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време и засилен ветер.

Дневните температури од четврток ќе бидат во опаѓање.

Во деновите од викендот условите за нестабилност ќе се намалат.

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.

Во Скопје слично време со минимална температура од 8, а максимална дневна до 27 степени.

притисни ентер