Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
2Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
ЗабаваСтрукот на Лидија Вукичевиќ предизвика восхитување ! (фото)Актерката очигледно го открила еликсирот на младоста и на социјалните мрежи ја молат да признае како и успева да изгледа толку добро.Лидија Вукичевиќ е чист пример за тоа како е можно 60-годишна жена да изгледа толку добро што на нејзиното тело би можеле да ѝ позавидат и многу помлади дами. Нејзината коса не го изгубила волуменот, а имајќи предвид дека има родено две деца, нејзината половина е неверојанто тенка. Таа неодамна на својот профил на Инстаграм објави фотографија на која се гледа нејзината совршена фигура во елегантен црн фустан. View this post on Instagram A post shared by Lidija Vukićević (@vukiceviclidija) Нејзиниот струк на фотографијата собра најмногу комлименти, а многумина прашуваа како е можно актерката да има толку рамен стомак. Оваа објава за половина ден собра 16.000 „допаѓања“, а многумин коментираа дека и покрај изминатите години, актерката не старее. Вукичевиќ неодамна на Инстаграм откри која е тајната за нејзиното извајано тело. -Ќе бидам апсолутно искрена: генетиката е секако важна, но ако не се грижите за себе, пред сèпсихички, тогаш присутно е и физичкото незадоволство. Значи, треба да знаете што сакате од себеси и на кој начин. Не одам во теретана, немам жена која ми ја чисти куќата, па теретаната ја заменив со сериозна физичка работа при која ги активирам сите мускули. Сама направив список со намирници бидејќи се држам до онаа Шекспирова реченица: „Секој организам е градина во која градинарите сме ние“. Никогаш не сум имала вага дома. Вашата гардероба е сосема доволна за да одредите дали сте качиле или изгубиле неколку килограми. Многу шетам со своите животинчиња и пред сè го зедов животот во свои раце. Со години живеам исклучиво по свои правила, без да се осврнувам на другите. Бидејќи секогаш постои она „но“, па за секој случај, во домот имам сосема природни таблети за регулирање на посакуваната телесна тежина, бидејќи здравјето е најважно и јас го почитувам – објасни таа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАкциска контрола за брзо возење – за шест часа констатиран 541 прекршокЗа сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.На 15.10.2026 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола насочена кон санкционирање на возачите кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. При спроведената контрола констатиран е вкупно 541 прекршок, од кои 250 се однесуваат на возачи кои ја пречекориле дозволената брзина надвор од населено место, додека 291 прекршок е констатиран во населено место. Во текот на контролата констатирани се и 58 прекршоци од друг вид. За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи. Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите сообраќајни контроли на целата територија на државата и апелира до возачите да ги почитуваат ограничувањата на брзината и да го приспособат управувањето со возилата на условите на патот, со цел поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.Тагови: брзо возење Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПоплави ја пустошат Турција: Бројот на жртви расте (ВИДЕО)Четири лица загинаа, а тројца се водат како исчезнати во поплавите што ја погодија Турција, додека Генералниот директорат за метеорологија издаде жолто и портокалово предупредување за 45 провинции поради нови обилни врнежи од дожд и бурски ветрови.Портокалово предупредување е издадено за Истанбул, Бурса, Коџаели, Јалова и Сакарја, додека жолто предупредување важи за уште 40 провинции, објави денес Хуриет. Локално се очекуваат многу обилни врнежи од дожд во Истанбул, особено од пладне, а северните и анадолските делови на градот би можеле да бидат најизложени на ризик. Многу обилни, локализирани и интензивни врнежи од дожд се прогнозираат и во Бурса, Билеџик, Коџаели, Сакарја, Зонгулдак, Бартин и крајбрежните области на Дизенгоф. Обилни врнежи од дожд и грмотевици се очекуваат и во делови од Егејското, Медитеранското, Централно и Источно Анадолија, како и во западните и централните региони на Црното Море. Метеоролозите предупредуваат и на силни ветрови и бури, со налети од 50 до 70 километри на час, повремено и до 80 километри на час. Во некои области се очекуваат налети на бура од запад и северозапад, додека во други региони ветерот ќе дува од југ. #Pianist #plays #a #melody #from "#Titanic" #while #his #hotel #in #Antalya #floods: #Record-breaking #downpours #hit #Turkey 📌 Heavy rains struck the region on October 14. According to authorities, the flooding has affected more than 800 homes and 280 businesses. https://t.co/n8bifR8KeB — Us Un (@UsUn583176) October 16, 2026 Поради ризикот од ненадејни поплави, лизгање на земјиштето, удари од гром, град, оштетување на покривите и прекини во сообраќајот, на граѓаните им се препорачува да бидат внимателни и да ги следат предупредувањата на надлежните служби. На поголеми надморски височини во провинциите Бурса и Кутахја се очекуваат лапавица и снег во текот на ноќните и утринските часови. Извор: Б92Тагови: турција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАХВ: Запленети и уништени се 1000 килограми пилешки желудникИнспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведоа вонредни инспекциски контроли во месарници во Струга и Охрид, при што запленети и уништени се 1000 килограми пилешки желудник кој е забранет за увоз и користење. Дополнително, запленети и уништени се и 55 килограми подготовки од месо каде бил употребен пилешки желудник. Против две месарници кои не го почитувале донесеното Решение за забрана за увоз и употреба на пилешки желудник наменети за човечка исхрана, во производство на подготовки и производи поднесени се соодветни прекршочни санкции. Спроведените контроли на Агенцијата во месарниците во Охрид и Струга се дел од засилените контроли кои се спроведуваат во насока на спречување на нелегалните активности во прометот со овој вид храна, сузбивање на овој вид криминал и заштита на здравјето на потрошувачите. Со цел обезбедување на висок степен на заштита на јавното здравје и интересите на потрошувачите, Агенцијата во јули 2024 година донесе решение за забрана за увоз и употреба на пилешки желудник наменети за човечка исхрана, во производство на подготовки и производи од поради утврдени потенцијали ризици од употребата на мускулниот дел од желудникот на живината по здравјето на луѓето - можна контаминација со патогени- бактерии и вируси, присуство на токсини и сл. Решението за забрана АХВ ја донесе врз основа на резултатите од спроведената анализа на ризик од можни опасности по здравјето на граѓаните од консумација на овој тип внатрешни органи од живина по здравјето на граѓаните и од резултатите од спроведените инспекциски контроли со кои тогаш беше утврдена злоупотреба и измама на потрошувачите од страна на неколку месни индустрии.Тагови: АХВ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook