Фото: Куче германски овчар нападна поранешен фудбалер на Ливерпул: Заврши во болница со повеќе од 50 конци
2Фото: Куче германски овчар нападна поранешен фудбалер на Ливерпул: Заврши во болница со повеќе од 50 конци
КултураСтруга се подготвува за традиционалната литија на 7 мај Традиционално и годинава на 7 мај низ струшките улици ќе помине торжествената струшка литија со моштите на Свети Великомаченик Георгиј и неговата икона, како и чудотворната икона на Богородица Крнинска од манастирот Пречиста кај Кичево.Моштите на светецот ќе пристигнат од манастирот во Рајчица на раскошно украсен епитаф во црквата „Свети Георгиј" во Струга. Според најавата од Бигорскиот манастир, во 16 часот ќе биде отслужена ктиторската вечерна богослужба, проследена со молитвената Литија, што ќе почнува да се движи низ Струшките улици по вечерната богослужба во 17 часот. Молитвената поворка од храмот на светителот ќе се движи низ централните градски улици, од другата страна на Кејот на реката Црн Дрим, низ Чаршијата и повторно ќе се врати во црквата, каде верниците имаат можност да се поклонат пред моштите на Свети Георгиј. Церемонијално, на литијата и претходи полициско возило, а веднаш по него дефилира коњаник со палмова гранка во раката, како симбол на мирот и ја најавува процесијата. На чело на Литијата ќе биде член од Бигорското братство, кој со клепало го најавува доаѓањето на светителот, а потоа се носачите на крстови, рипиди, знамиња, псалтите и братството на Бигорскиот манастир, оркестарот на Град Скопје, чудотворните икони на Свети Георгиј Победоносец и Пресвета Богородица – Крнинска, сестринствата од манастирите во Рајчица и Пречиста, свештенството на Дебарско-кичевската епархија, митрополитот Тимотеј и други митрополити. По нив четворица угледни граѓани двајца стружани и двајца од други градови на раскошно украсен епитаф ги носат моштите на светителот, кои симболично се чувани од четворица капетани од сејменската гарда на Бигорскиот Манастир, облечени во традиционална мијачка носија. Верниците и сите добронамерници се движат после гардата, а тие што не можат да се вклучат во литијата поради многубројниот народ, остануваат на двете страни од улиците и заедно со дечиња во народна носија ги поздравуваат моштите со фрлање цветни ливчиња. По завршување на свечената литија, како што најави Бигорскиот манастир, во дворот на црквата „Свети Великомаченик Георгиј", со своја културно-уметничка програма ќе настапи ансамблот „Македонија" – овој голем чувар на македонската народна музика и фолклор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Сопругата на Роналдо, Георгина ги покажа раскошните облини-Мини-фустанот малку криеше.Георгина Родригез се појави во новата кампања на брендот „Калцедонија“ (Calzedonia) и привлече големо внимание со својот стајлинг. Позната по своите бујни облини и беспрекорен стил, Георгина Родригез уште еднаш ја воодушеви јавноста со свое модно издание. Таа се појави во новата кампања на италијанскиот бренд „Калцедонија“, при што носеше впечатливи модни парчиња. Кампањата е снимена пред монументална градба, а главното парче облека во оваа есенска колекција се хулахопките. Фотографии од снимањето самата Георгина ги објави на својот профил на Инстаграм, а на нив се прикажани неколку различни комбинации. Корисниците на социјалните мрежи не останаа рамнодушни на оваа глетка, па ѝ упатија позитивни коментари за нејзиниот изглед. Повеќето ѝ рекоа дека е „убава“ и дека нејзината убавина е „нереална“.Тагови: Георгина Кристијано Роналдо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
МакедонијаСДСМ: Касно е Мицкоски да се пере од Вучиќ и сестринската СНС – следат истраги во СрбијаОрганизираната криминална група ВМРО денес се обидува да побегне од Александар Вучиќ и од нивната сестринска партија СНС. Касно е за перење. Не може Мицкоски да се испере од Вучиќ. Токму Вучиќ управува со Мицкоски и со ВМРО. Граѓаните паметат и знаат. Знаат за бизнис-мрежите на Мицкоски во енергетиката што водат кон Србија преку Адамавиќ и Руднап. Знаат за петте тони дрога што од Македонија завршија во Србија кај сестринската СНС а никој не одговараше се уште. Знаат за Алта банка која Европа ја забрани а Мицкоски и Славевски ја внесоа во Македонија. Знаат за медиумите на Вучиќ и Орбан, за ботовите и платформите на СНС кои ги поддржуваат ВМРО и Мицкоски . Знаат за влезот на српскиот Евроњуз и Ало група, во сопственост на Вучиќ. Знаат за 4iG, за истите лобисти на Мицкоски и Вучиќ, за антимонот. Граѓаните знаат дека позади сето ова стои криминална организација, целосно поврзана меѓу СНС и ВМРО, спрегата Мицкоски - Вучиќ. Не се брише вистината со едно панично соопштение на ВМРО. Но ние знаеме зошто е паниката. Следуваат разврски, следуваат истраги во Србија, следува одговорност. Скопје, 27.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
ЖивотСкандал ! Поранешната Мис на Швајцарија го обвини Трамп за силување, Белата куќа со итна реакцијаПоранешната Мис Швајцарија и манекенка Беатрис Кеул го обвини американскиот претседател Доналд Трамп за силување за време на инцидент во хотелот „Плаза“ во Њујорк во ноември 1993 година.Поранешната Мис Швајцарија и манекенка Беатрис Кеул го обвини американскиот претседател Доналд Трамп за силување за време на инцидент во хотелот „Плаза“ во Њујорк во ноември 1993 година, се наведува во извештајот објавен во понеделникот од страна на демократите во Претставничкиот дом. Кеул претходно, во октомври 2024 година, тврдеше дека Трамп ја допрел без нејзина согласност за време на истиот инцидент, но тогаш изјави дека нападот не отишол подалеку, пренесува „Телеграф“. Во разговорите со вработените во демократските комисии, таа сега излезе со тврдења дека Трамп ја силувал, наведувајќи дека ѝ го скинал фустанот и ја повредил, а потоа ѝ се заканил за да ја принуди на молк. Според нејзиното сведочење, Кеул го запознала Трамп кога имала 24 години, на прес-конференција за натпревар за доделување награди во хотелот „Плаза“, кој во тоа време бил во негова сопственост. Таа изјави дека Трамп ѝ ветил помош околу добивањето виза и запишувањето на Универзитетот во Њујорк, а дека по нивниот разговор, осудениот сексуален престапник Џефри Епстин ѝ пристапил и ја поканил на забава во резиденцијата на Трамп, „Мар-а-Лаго“. Белата куќа ги отфрли обвинувањата, нарекувајќи ги обид на демократите да го одвлечат вниманието од достигнувањата на администрацијата на Трамп. Трамп претходно негираше дека сторил нешто лошо поврзано со Епштајн и тврдеше дека го прекинал пријателството со него долго пред да се појават сомневања за неговите криминални активности. Што содржи извештајот? Извештајот на демократите, исто така, вклучува изјави од уште четири жени кои го обвинија Трамп за силување или сексуален напад. И сто така, се тврди дека Трамп, Епштајн и други наводно го користеле натпреварот во хотелот Плаза за да пронајдат ранливи млади жени и девојки. Членот на Комитетот, Џејми Раскин, рече дека пет жени директно го обвиниле Трамп за силување или сексуален напад во друштво или присуство на Епштајн, додека други тврдат дека Епштајн или неговата соработничка Џилијан Максвел се обиделе да ги предадат на Трамп. Раскин, исто така, го обвини Министерството за правда на САД за прикривање злосторства за да го заштити претседателот. Белата куќа ги отфрли обвинувањата во извештајот.Тагови: Доналд Трамп Епстин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter