Стручноста пред етничката припадност – што предвидува предлог Законот за правична застапеност? - Канал 5

Стручноста пред етничката припадност – што предвидува предлог Законот за правична застапеност?

Кога предлог законот за правична застапеност ќе се најде на седница пред пратениците ќе биде појасно од следната недела, потврдуваат собраниски извори за Канал 5.

Стручноста пред етничката припадност – што предвидува предлог Законот за правична застапеност?

Потребата од негово носење прво треба да ја утврди матичната комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, па потоа да го извести собранискиот спикер Африм Гаши за да го стави на дневен ред на пленарна седница. Законското решение од Владата е доставено до пратениците.

Во законот се предвидува јасно разграничување помеѓу поимите „соодветна“ и „правична“ застапеност и се утврдува системот на заслуги како доминантен. Квалификациите, стручноста и професионалните способности претставуваат примарен критериум, додека припадноста кон одредена заедница може да се земе предвид само како секундарен фактор и тоа исклучиво во случаи кога кандидатите имаат еднакви квалификации. Со ова се обезбедува усогласеност со современите европски стандарди и препораките на Венецијанската комисија, стои во предлог законот.

За следење на состојбата и унапредувањето на соодветната и правична застапеност се формира Координативно тело кое ќе функционира во соработка со Агенцијата за администрација. Со него ќе раководи заменик-претседател на Владата, а членуваат и министрите за јавната администрација, за односи меѓу заедниците, финансии и добро владеење, Народниот правобранител на универзитетски професори и претставник од граѓанскиот сектор.

Сепак, неизвесно е дали власта ќе успее да обезбеди Бадентер за да биде изгласан законот за правична застапеност без гласовите од ДУИ. Од партијата на Ахмети категорично се против ова законско решение кое треба да го замени „балансерот“ во институциите, а Бујар Османи неодамна изјави дека ако треба ќе пружат и физички отпор за да не помине во Собрание.

-Тој закон е за да се легализира исклучувањето. Буквално начин на легализирање на исклучувањето и јас сум рекол, ние тој закон треба да дадеме и физички отпор во Собрание да не помине. Ако помине, првото нешто што ќе биде ако се сменат работите ќе биде укинувањето на тој закон. Тој закон го враќа југословенскиот модел на одлучување во администрацијата, каде под подвезок на некаква си меритократија или компетентност се исклучуваат, изјави изјави – Бујар Османи – потпретседател на ДУИ („Само Интервју“ 07.05.2026).

И додека владиниот предлог-законот за правична застапеност чека да се најде пред пратениците вчера Зијадин Села од новоформираниот „Албански сојуз“ достави свој предлог во Собранието паралелен на владиниот. Тој вклучува вработување по етнички квоти, врз основа на демографски податоци со можност за задоцнето попишување.

Во него се предвидуваат и казни од 10.000 до 20.000 евра за секоја државна институција што нема да вработува „пропорционално“, а од 3.000 до 6.000 евра за директорот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Пејачката Тијана Ем ја покажува својата фигура, сите погледи вперени во нејзините облини.

Популарната босанка пејачка  Тијана Милентијевиќ, попозната како Тијана Ем, меѓу бројните настапи најде време да се одмори и да ужива во летото.

Фото: Пејачката Тијана Ем ја покажува својата фигура, сите погледи вперени во нејзините облини.

На социјалните мрежи таа објави фотографии во костим за капење и ја покажа својата фигура, а нејзиниот изглед веднаш го привлече вниманието на следбениците.

Брзо пристигнаа коментари и комплименти, при што многумина забележаа дека пејачката изгледа задоволно и самоуверено.

Во последните месеци, Тијана сè почесто покажува промени во својот изглед и се чини дека е особено задоволна од резултатите на својот труд.

Покрај нејзиниот изглед, внимание привлече и нејзината насмевка. И покрај набиениот распоред во текот на летната сезона, пејачката го користи секој слободен момент за одмор и за полнење на батериите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сабаленка ги истакна облините во секси бикини

Најдобрата светска тенисерка,Арина Сабаленка, е исклучително активна на социјалните мрежи, па така предизвика вистински хаос со својата најнова објава. 

Фото: Сабаленка ги истакна облините во секси бикини

Атрактивната Белорусинка сподели фотографии и видео од снимање за списанието „Тајм“, на кои позира во црн едноделен костим на кошаркарски терен.

Фотките ги воодушевија нејизните милионски фанови на социјалните мрежи.

На фотките Сабаленка блескаше од насмевки додека гордо ја покажуваше својата совршена фигура, а покрај костимот за капење, носеше и апостолки со ниска потпетица кои се моден хит ова лето.

На главата имаше темни очила за сонце, а косата ѝ беше собрана во пунџа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре на БИТ Фест Битола, Националниот џез оркестар со концертна програма „Македонски сновиденија“

На 16 август, со почеток во 20:00 часот, Националниот џез оркестар ќе настапи во Битола, во рамките на програмата на Битолското културно лето БИТ ФЕСТ.

Утре на БИТ Фест Битола, Националниот џез оркестар со концертна програма „Македонски сновиденија“

Под диригентската палка на маестро Владимир Николов, оркестарот ќе ја ќе ја претстави својата концертна програма „Македонски сновиденија“ - енергична фузија од македонскиот фолклор и современиот џез, водејќи ја публиката низ музичко патување инспирирано од длабоките културни корени на македонската традиција, прераскажани преку слободниот јазик на џезот. Програмата е составена од нови аранжмани на македонски народни песни и оригинални композиции инспирирани од домашниот фолклор.

Овој уникатен проект веќе постигна огромен успех на меѓународната сцена. Во ноември 2025 година, оркестарот реализираше исклучително успешна европска мини - турнеја, претставувајќи ја македонската музичка приказна во големата сала „ELTE“ во Будимпешта, модерниот културен центар „La Fabrika“ во Прага, како и во легендарниот џез клуб „Porgy & Bess“ во Виена. Низата меѓународни успеси продолжи и во мај 2026 година, кога истата програма беше изведена во Брисел, во престижниот културен центар „BOZAR“, каде оркестарот уште еднаш беше пречекан со стоечки овации и високи оценки од европската публика.

Националниот џез оркестар е еден од водечките биг-бенд состави во регионот, препознатлив по својата уметничка извонредност, современ пристап и силна посветеност кон развојот на современата џез музика. Оркестарот обединува врвни домашни џез музичари и меѓународно признати гости - уметници. Основан како национална институција во 2024 година, тој брзо стана централна сила во културниот живот на земјата. Со иновативна програма и распродадени настапи, тој изгради репутација како национален џез бренд. Меѓу гостите солисти досега се истакнуваат Курт Елинг, Јелоуџекетс, Курт Розенвинкел, Марија Мендеш, Дони МекКаслин, Алаин Перез, Ренато Кико, Дон Менца, Шеун Кути, Зиги Фајгл, Луис Бониља, Франческо Беарцати, Мајк Холобер, и други меѓународно признати уметници. Сите тие придонесоа за растечкиот меѓународен профил на оркестарот.

Диригентот Владимир Николов е композитор чие творештво опфаќа широк спектар на музички јазици и жанрови, црпејќи инспирација од класичната музика и џезот. Како аранжер соработувал со ансамбли како што се Metropole Orchestra, Konzerthausorchester Berlin, BBC Radio Orchestra. Меѓу соработниците, се истакнуваат: Џон Клејтон, Ренди Брекер, Винс Мендоза, Шака Кан, Џејкоб Колиер, и многу други. Тој оркестрирал музика за неколку филмски проекти, меѓу кои добитникот на Оскар „The Artist“ (2012). Исто така го оркестрирал аранжманот за преработката на „All Night Long“ од Џејкоб Колиер, награден со Греми 2020 година.

Концертот се реализира во соработка со Општина Битола, КИЦ – Битола и Центарот за култура – Битола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер