Строл, ќе ја пропушти трката за ГН на Сингапур поради несреќата во квалификациите

 Возачот на Астон Мартин, Ленс Строл, ќе ја пропушти трката во Формула 1 за ГН на Сингапур.

- По несреќата на Ленс во квалификациите, возачот и тимот заеднички се договорија дека тој нема да учествува на трката. Астон Мартин има огромна работа да го поправи болидот, а Ленс сè уште ги чувствува последиците од таков силен удар. Тој сега е фокусиран на целосно закрепнување за Големата награда на Јапонија, се вели во соопштението на тимот.

За време на вчерашните квалификации за Големата награда на Сингапур, болидот на Ленс се излизга во кривина и удри во заштитниот ѕидот, по што беше исфрлен на патеката. Ударот уништи поголем дел од левата половина од автомобилот.

Почетокот на трката во Сингапур е попладнево во 14 часот.

Претрес во скопско Количани, пронајдени пушки, приведено едно лице

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје денеска  го лишиле од слобода М.И.(35) од с.Долно Количани.

Како што известуваат од МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени две пушки.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Владата утре ќе носи одлука за намалување на цените на пијалоците

Владата утре ќе носи одлука за намалување на цените на пијалоците, во тек анализата на хигиенските производи.

Владата утре треба да донесе одлука за намалување на цените на пијалоците, а во тек е анализата за хигиенските производи која најверојатно ќе биде завршена до крајот на неделава.

- Тоа што знаеме точно е дека утре ќе има одлука за намалување на цените на безалкохолните и алкохолните пијалоци. За хигиенските производи најверојатно во текот на оваа недела ќе бидат завршени сите консултации и ќе видиме дали има простор да се донесат одредени мерки, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши по посетата на компанијата „Алма-М“ во Визбегово.

Следниот месец, според најавите на премиерот Димитар Ковачевски, ќе бидат направени и анализите за деветиот пакет антикризни мерки кои ќе бидат насочени кон ранливите категории на граѓани и кон сите оние што во време на криза не остваруваат дополнителни приходи.

Отворен повик за грантови за земјоделски задруги до 37 000 евра

Македонската асоцијација на земјоделски задруги го отвори повикот за грантови за постоечки и новоформирани земјоделски задруги, од северозападниот, североисточниот, југозападниот и Преспанскиот регион. 

Задругите регистрирани во овие четири региони можат да аплицираат за грант до максимум 37 000 евра.

Според Асоцијацијата, на располагање се 260 000 евра кои ќе бидат доделени на овој повик.

Повикот за грантови е дел од активностите од ЕУ проектот „Конкурентни земјоделски задруги” што го имплементира Македонската асоцијација на земјоделски задруги заедно со Здружението за бизниси и консултанти Креација.

Вкупниот буџет на проектот е 500 000 евра, од кои 90 отсто се обезбедени од ЕУ преку ИПА програмата, а останатите 10 проценти се директно учество на проектниот конзорциум.

Рокот за аплицирање е до 10.11.2023 година, а деталите од повикот и целосната документација за аплицирање може да се прочитаат на: https://mazz.mk/novosti/otvoren-povik-za-grantovi-za-zemjodelski-zadrugi-do-37-000-evra/.

притисни ентер