Стрип за Бетмен е продаден за рекордни 2,2 милиони долари

Стрипот Бетмен од 1940 година е продаден на аукција во САД за нешто повеќе од 2,2 милиони долари.

Таа продажба поставила светски рекорд на стрип-аукција на суперхеројот Бетмен, објави вчера аукциската куќа Heritage Auctions со седиште во Далас.

Купувачот сакал да остане анонимен, изјави портпаролот на аукциската куќа Роберт Вилонски.

Стрипот Бетмен бр. 1 ги прикажува Бетмен и неговиот асистент Робин како летаат на жолта позадина и на црвениот хоризонт на Готам Сити.

Во тоа издание кое е во скоро совршена состојба се појавуваат и познатите ликови Џокер, Уго Стрејнџ и Катмун, соопштила аукциската куќа

Колекционер го купил тој стрип за 3000 долари во Хјустон во 1979 година. Неговата оригинална цена во 1940 година била 10 центи.

Неговата цена скокнала дури и пред аукцијата и повеќе од 24 понуди пристигнале од средината на декември.

Претходниот рекорд за стрипот Бетмен бил поставен во ноември кога Heritage Auctions го продал на аукција Детектив стрип бр. 27 од 1939 година во кој првпат се појавил Бетмен по цена од 1,5 милиони долари.

Kвинсленд: 17-годишно момче почина при допир од најотровната медуза „морска оса“

17-годишно момче од австралиската држава Kвинсленд почина по убод од медуза, што е прва смрт во земјата од ова животно по цели 14 години.

Mомчето пливало кога на него,, налетала“ медуза од типот „Mорска оса“ која се смета за најотровна медуза и едно од најопасните морски животни , јавува веб порталот ,, Севн Њуз“.

СДСМ: Стоилковски бега од соочување со правдата

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски денеска не се појави на судењето за судскиот предмет „Талир" за незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Исто како и неговите шефови и Стоилковски работи против правдата, бега од соочување со судот и прави се за да го попречи владеењето на правото.

Поради неговото денешно отсуство, пропадна уште едно рочиште за предметот „Талир". Ова е веќе видено од функционери на ВМРО-ДПМНЕ, да бегаат и да се кријат од правдата, а потоа да шират лажни вести како ништо да не било.

Наместо да пласира измислици и конструкции, Стоилковски да се појави пред судските органи и да се соочи со одговорноста.

Христијан Мицкоски и неговите приврзаници не успеваат и нема да успеат да го одбранат криминалот. Следува одговорност за секое незаконско постапување.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Бесими: Имаме добри сигнали да ја оствариме проекцијата за раст на економијата

Приходите во буџетот од почетокот на годинава заклучно февруари се на скоро исто ниво како и минатата година, односно пред почетокот на ковид-кризата.

Приходите на буџетот од почетокот на годината се на ниво како пред почетокот на кризата, се очекува постепено стабилизирање и ревитализација на економоијата, а ние ќе продолжиме да ја користиме фискалната политика како катализатор на заздравувањето на нашата економија. Имаме добри сигнали и основа да очекуваме реализација на нашите проекции за раст од 4,1 отсто годинава, а потоа ќе дејствуваме во насока на негово забрзување и одржливост.

Ова го истакна министерот за финансии Фатмир Бесими на прес-конференција на која сподели со јавноста детали околу издавањето на осмата еврообрзница.

-Приходите во буџетот од почетокот на годинава заклучно февруари се на скоро исто ниво како и минатата година, односно пред почетокот на ковид-кризата. Наплатата на даноците изнесува 17,8 милијарди денари и е на исто ниво како лани, додека наплатата на придонесите е 10,4 милијарди денари и е за 1,7 отсто повисоко во однос на лани. Реализацијата на расходите е согласно планираната динамика, исто како и реализацијата на буџетскиот дефицит. Во февруари, конкретно имаме раст на наплата на даноците за 3,5 отсто во однос на лани, кај данокот на добивка имаме подобра наплата за 27,7 отсто во однос на истиот месец лани, а кај ДДВ имаме раст од 9,7 отсто. Кај придонесите имаме 4,3 отсто раст во однос на истиот месец лани, потенцира Бесими.

Тој додаде дека државната статистика неделава ја објави проценката на реалниот БДП во 2020 година и дека со позитивното влијание на извозот во последниот квартал од 2020 година, вкупниот економски резултат за минатата година е -4,5 отсто или многу блиску до проекцијата на Министерството за финансии која беше -4,4 отсто отсто.

Годинава, според министерот, очекувањата се дека економијата ќе се стабилизира и ќе се врати на патот на економски раст и развој, но дека ризици постојат и дека најважно е да има брзи реакции, наведувајќи при тоа дека засега остануваат на утврдените проекции.

-Има позитивни индикации и од аспект на приходите на буџетот, и во однос на движење на реалниот економски сектор. Економските политки ќе ги следат сите чекори и ќе реагираме навремено. Ризиците постојат. Ние следиме будно и ќе реагираме брзо и на секој потенцијален ризик што може да го предизвика ковид-кризата, рече министерот, кој додаде дека се обезбедени средства за вакцини и дека во вториот квартал, како што е најавено ќе има поголема имунизација, а проекциите да останат на тоа да имаме економски раст.

За потреба од ребаланс на Буџетот, повтори дека со оглед на состојбата и со тоа што се соочуваме со последици од кризата, оваа година ќе има потреба од ребаланс.

-Ги правиме сите анализи и ќе информираме кога ќе се покаже потреба за тоа, рече Бесими и увери при тоа дека во ниту еден момент исполнувањето на обврските и реализацијата на буџетот нема да биде доведена во прашање.Има доволна ликвидност, потенцира, и засега оди се според планот, а ризиците што произлегуваат од ковид ќе ги согледаме и каде ќе има потреба од интервенција ќе го направиме тоа.

Одговарајќи на новинарско прашање, рече дека минатата година средствата за помош за последиците од ковид се реализирани онака како што биле најавени и оти не се сите средства директна фискална импликација, а дел се реализираат и во 2021 година.

притисни ентер