3Шокантен пресврт по нападот во Краков: Полицаецот, кој беше прогласен за херој, сега е на распит во Обвинителството
КултураСтрип-уметноста во подем, промовирани десет изданија Ајвармен - првиот автентичен македонски суперхерој, јунакот Војдан и македонски револуционери, се меѓу стрип-ликовите создадени од претежно млади автори кои со креативност и ентузијазам за само неколу години ја афирмираа деветтата уметност во Македонија. Издавачката куќа „Стрип квадрат“ од Скопје денеска промовираше 10 стрип-изданија кои со поддршка на Министерството за култура ги има објавено во една и пол година, колку што постои. Пет се стрип-сликовници од едицијата „Револуционери“ (Храброста на Гоце, Пиринскиот цар, Првиот претседател, Јунакот од Мечкин Камен и Учителот од Смилево), стрип-изданијата Ајвармен, Војдан, Бесмртната вода, Чуварот на вечната светлина и стрип-антологијата Различни светови, кои ги претставија стрип-авторите Игор Јовчевски, Никола Темков, Давор Драмиќанин и Диме Иванов-Димано. Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на промоцијата истакна дека стрип уметноста во последните децении била занемарена и стрипови се појавувале инцидентно, а само во последните две години десеткратно се зголемил бројот на стрип-проекти што аплицирале и добиле поддршка преку годишните програми на Министерството. - Стрипот во Македонија успеа да се избори за своето заслужено место и да го пронајде вистинскиот пат до својата публика како уметност на текстуално-ликовниот израз. Денеска стрипот ги достигнува највисоките граници на медиумската креативност и навистина радува податокот што во експанзијата на македонска стрип-сцена во последните години особено доминираат младите автори кои со својата инспирација и креативниот дух секојдневно ни ја откриваат возбудата на своите нови авантуристички светови. Нивниот ангажман резултираше со создавање на првите автентични македонски стрип-херои како главни јунаци на стриповите кои денеска ги промовираме, рече Канческа-Милевска, очекувајќи со нив стрип културата да се доближи до младите. Промоторот Душко Кралевски е задоволен што некогашните „цртани романчиња“ сега се третираат како што заслужуваат. - Сум ја следел оваа дејност и во неа сум наоѓал вредности. За разлика од некои кои ја сметаа за супкултура, за нешто помалку важно и помалку вредно. Со текот на времето почнуваат да се афирмираат автори и стрипот да го зазема своето место во културата, рече Кралевски. Подлога на едицијата „Револуционери“ е македонската историја од илинденскиот период, епска фантастика има во „Војдан“, кој е поврзан со битката на Беласица, елементи од македонскиот фолклор содржат „Бесмртната вода“ и „Чуварите на вечната светлина“, комична приказна за костимираниот стрип јунак Ајвармен. Ајвармен е Дарко кој се преобразува во суперхерој кога ќе изеде специјални пиперки. Негов противник е Томатон. Стрип-сценаристот Драмиќинан рече дека во стрипот се вклучени седум автори. Со Игор Јовчевски ликот го создале пред 7-8 години, по примерот на американските суперхерои, но овој е автенетичен, македонски. Во кратки епизоди Ајвармен веќе бил претствен на стрип-фестивали и добил награди, како и позитивни критики на форумите. Тоа им укажало, рече Драмиќанин, дека Ајвармен има потенцијал и е дојдено времето за стрип-албум, а авантурите на Ајвармен ќе продолжат. Диме Иванов-Димано, авторот на Војдан, рече дека го инспирирала историјата која Македонија ја има во изобилство. - Светот прави надувани јунаци, лажни кралеви, а ние имаме 40 илјади години историја, рече Димано. Игор Јовчевски од „Стрип-квадрат“ истакна дека се случува ренесанса во стрип-уметноста во Македонија, но дека успеале благодарение на институционалната поддршка. - Сфативме дека како поединци и со самофинансирање не се може, па решивме да отвориме издавчка куќа за полесно да го пробиваме патот. Почнавме со „Храброста на Гоце“ во 2013, аплициравме кај Министерството за култура за откуп и бевме изненадени од целосната поддршка, без која тешко дека ова ќе беше, рече Јовчевски. „Стрип-квадрат“ планира да објави едиција за антички кралеви која, како и „Револуционери“, веројатно ќе има пет наслови. Стратегијата во иднина, рече Јовчевски, ќе има две насоки: да промовираат млади автори, кои немаат каде да го покажат својот цртачки талент, и да објавуваат стрип-антологии, каде што ќе ги претставуваат, како што рече, македонските антологиски стрип-автори, како Диме Иванов-Димано, Љупчо Филипов итн. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМерцедес ги стопира вложувањата во Германија- можно е затворање на фабрики Mercedes-Benz ги суспендира сите понатамошни инвестиции во своите германски фабрики и ја разгледува можноста за затворање на фабрики.Одлуката е донесена по неколкумесечни преговори меѓу менаџментот и претставниците на работниците за намалување на трошоците, во кои досега нема напредок, пишува Handelsblatt. Тоа е нов знак за проблемите што ја оптоваруваат германската автомобилска индустрија. Високите трошоци за труд и производство им отежнуваат на производителите да се натпреваруваат со поевтините електрични и хибридни автомобили од Кина. Притисокот се чувствува и во Volkswagen, кој исто така спроведува големи намалувања на трошоците. Менаџментот го зголемува притисокот врз работниците Одлуката на Meрцедес беше објавена во интервју на интерниот портал на компанијата, до кој Handelsblatt имаше пристап. „Колективно одлучивме во менаџментот да ги запреме сите понатамошни инвестиции во германските фабрики“, рече членот на менаџментот задолжен за производство Михаел Шибе. Членот на одборот задолжен за човечки ресурси, Брита Зегер, рече дека, и покрај интензивните дискусии, решение сè уште не е на повидок. „Затоа, сега сме принудени конкретно и детално да разгледаме кои локации во Германија сè уште можеме да си ги дозволиме“, изјави таа. Тие бараат подолга работа за иста плата Во срцето на спорот се трошоците за работна сила. Менаџментот бара зголемување на продуктивноста, односно вработените да работат подолго за иста плата. Со запирање на инвестициите и отворање на можноста за затворање на фабриките, менаџментот врши дополнителен притисок врз работничкиот совет и синдикатот IG Metall да се согласат на промените. Според информациите од Handelsblatt, Mercedes сака да заштеди околу 800 милиони евра годишно во Германија. Менаџментот бара најмалку 38 работни часа неделно наместо сегашните 35, а исто така размислува за намалување или откажување на одредени дополнителни плаќања на вработените. Синдикатот се спротивставува на наметнувањето на 35-часовната работна недела. Затворањето на објектот во моментов е можност Конечната одлука за затворање на одредени фабрики сè уште не е донесена. Зегер рече дека компанијата сака да избегне таков исход, но дека сега мора подетално да ја разгледа оваа можност. Додека не се најде решение, понатамошните инвестиции во германски локации остануваат во мирување.Тагови: мерцедес фабрики Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПоплави во Словенија: Реки се излеаја од коритата, водата продре во куќите (ФОТО)Обилните дождови предизвикаа излевање на некои реки од своите корита во различни делови на Словенија, а се очекува поплавните води да почнат да се повлекуваат ноќеска.Според словенечката новинска агенција СТА, ситуацијата е најтешка во долината Випава, на југозападот од земјата, каде што се поплавени бројни локални патишта. Обилните дождови во долниот дел од долината Випава ги поплавија патиштата помеѓу Випава и Нова Горица. Поплавени куќи и згради Поплавени се и неколку згради во областа Ајдовшчина, вклучувајќи делови од пречистителна станица за отпадни води и три куќи. Некои патишта во областа се целосно затворени за сообраќај, додека други се многу тешко проодни. Реката Випава се излеа од целиот свој тек, првенствено во области кои претходно беа изложени на чести поплави. На други места во Словенија, реката Колпа се излеа од своите корита на некои места на југоистокот од земјата. Се очекува повлекување на водите Според Словенечката агенција за животна средина (ARSO), поплавните води по реките Випава и Колпа треба да почнат да се повлекуваат преку ноќ, додека се очекува врнежите од дожд да престанат вечерва. Нивото на реките продолжува да расте, особено на југот од земјата и на повеќето водотеци во централна Словенија, пред да се прогнозира дека ќе почнат да се повлекуваат во недела. Обилните дождови го зголемија и ризикот од лизгање на земјиштето, особено во западните и југоисточните делови на Словенија.Тагови: поплави словенија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Живот„Град на духови“ на Кавказ- порано бил рударски рај, а сега шума ги проголта зградите (ФОТО)На југоистокот на Абхазија, во градот Ткварчали, се наоѓа Акармара, некогаш просперитетна рударска населба, а денес една од највпечатливите напуштени локации во поранешниот СССР.Денес, еден вид „град на духови“ привлекува туристи и урбани истражувачи, но е создаден од сосема различни причини. Важен дел од рударската индустрија Историјата на Акармара започнува во 1938 година, кога е основана рударска населба, првенствено за експлоатација на јаглен потребен на советската индустрија. Важноста на оваа област дополнително се зголемила за време на Втората светска војна, кога залихите со јаглен станале уште поважни за СССР, и откако Донбас паднал под германска окупација. Во 1942 година, Ткварчали добил статус на град, а во неговиот состав биле вклучени околните рударски населби, вклучувајќи ја и Акармара. По завршувањето на војната, во изградбата на населбата учествувале и германски воени заробеници. Со текот на времето, биле изградени бројни згради што ѝ дале на Акармара изглед на развиен рударски град. Имало станбени згради, болници, училиште, кино, ресторан и хотел. Пред распадот на Советскиот Сојуз, населбата беше густо населена и претставуваше важен дел од локалната рударска индустрија. Војна, опсада и несигурност Во раните 1990-ти, распадот на СССР и политичките конфликти на Кавказ доведоа до големи промени. Војната во Абхазија започна на 14 август 1992 година. Градот Ткварчали беше под опсада 413 дена. Долгорочната блокада и прекинот на рударството на јаглен - што беше основа на локалната економија - имаа сериозно влијание врз животот во областа. Така, жителите на Акармара почнаа да ги напуштаат своите домови, а населбата остана без луѓе и објекти што некогаш ја правеа живо место. Повеќето од зградите беа напуштени со текот на времето, додека само неколку семејства останаа да живеат во Акармара. Со текот на годините, поранешната рударска населба почна сè повеќе да го менува својот изглед. Без редовно одржување, зградите почнаа да се распаѓаат, а вегетацијата постепено ги зафаќаше дворовите, улиците и напуштените згради. Комбинација од напуштена архитектура и природа Дрвјата и бујната вегетација сега ги опкружуваат станбените блокови и старите јавни згради, создавајќи необична сцена што ја навела Акармара да биде наречена „град на сталкери“. Оваа комбинација од напуштена архитектура и природа што полека презема контрола е една од причините зошто местото го привлече вниманието на посетителите. Сепак, Акармара не е целосно без жители. Неколку семејства сè уште живеат во областа, додека туристите доаѓаат да ги истражуваат напуштените улици и да ги видат остатоците од поранешниот рударски живот. Друга интересна карактеристика се познатите водопади во областа, кои привлекуваат посетители желни за природна убавина.Тагови: град на духови Кавказ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter