Стрип изложба во НУБ - Канал 5

Стрип изложба во НУБ

Македонската стрип сцена ќе биде претставена утре на изложбата „Деветтата димензија” што ја организираат Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“- Скопје и издавачката куќа „Стрип Квадрат“.

Стрип изложба во НУБ
Со стрип табли и албуми ќе бидат претставени повеќе македонски автори, како и уникатните „Мак стрип“ изданија и други стрип списанија кои НУБ ги има сочувано во своите фондови.

Изложбата ќе се одржи во холот на НУБ, а ќе ја отвори директорот на библиотеката Иван К. Заров. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Потврда за заложбите на Владата во туризмот се 1 милион туристи и близу 3 милиона преноќувања заклучно со месец август за 2026 година

Да, Државниот завод за статистика објави податоци за август и за првите осум месеци.

Мицкоски: Потврда за заложбите на Владата во туризмот се 1 милион туристи и близу 3 милиона преноќувања заклучно со месец август за 2026 година

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на објавените податоци за раст на туризмот од Државниот завод за статистика, изјави:

„Да, Државниот завод за статистика објави податоци за август и за првите осум месеци. Она коешто претставуваше наш приоритет за оваа 2026 година во делот на туризмот, ние речиси го постигнавме заклучно со месец август, односно да имаме 1 милион туристи и да имаме близу 3 милиона преноќувања.

Заклучно со месец август, ние имаме блиску до 1 милион туристи, негде околу деветстотини осумдесет и нешто илјади и некаде отприлика 2 милиона и седумстотини и два-триесет илјади преноќувања. Што значи дека пред време ќе ја постигнеме целта што ни беше зададена на почеток од годината, којашто самите си ја зададовме. Но она што повеќе ме радува е навистина големиот бум којшто се случи во летните месеци јули-август и коешто траеше и месеците потоа. Да речеме во август бројот на туристи од странство, споредено со истиот месец минатата година е поголем за 11,1%, а бројот на преноќувања е за повеќе од 20% поголем, што претставува навистина нешто коешто сите нас пријатно нѐ изненади. Но и потврда на заложбите на Владата да ги промовира туристичките потенцијали на земјата и на тој начин да привлекуваме туристи. Тука е и договорот кој го потпишуваме со туристички агенции коишто носат туристи и тука не треба да се заборави фактот дека дојдовните и патниците коишто патуваат надвор од земјата на нашите аеродроми, за 30% е зголемен, споредено со истиот период минатата година.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Политичка пресврт во Шпанија?

Шпанската социјалистичка работничка партија (PSOE) на премиерот Педро Санчез преговара за формирање левичарски блок кој заеднички би настапил на изборите за Сенатот на 29 ноември.

Политичка пресврт во Шпанија?

Според внатрешна анализа на „PSOE“, една ваква листа би можела на левицата да ѝ обезбеди апсолутно мнозинство во горниот дом на парламентот. Коалицијата би ја сочинувале „PSOE“, „Frente Amplio“ и „Podemos“. Рокот за пријавување коалиции истекува вечерва на полноќ, а конечен договор сè уште не е објавен.

Во четвртокот, говорејќи од Брисел, Санчез потврди дека заедничкиот настап на изборите за Сенатот останува како можност.

До 40 сенатори повеќе

„PSOE“ очекува значителни придобивки од ова обединување. Според внатрешен документ во кој увид имал информативниот портал „Eldijario.es“, заедничка листа составена од „PSOE“, „Frente Amplio“ и „Podemos“ би можела да освои 129 од вкупно 209 места во Сенатот за кои се гласа на изборите.

Во истиот документ се проценува дека „PSOE“ и нејзините сојузници би можеле да избијат на првото место во дури единаесет провинции каде што претходно победувале десничарски партии. Ова се должи на шпанскиот изборен систем, кој им доделува поголем број места во Сенатот на победниците, дури и кога разликата во бројот на гласови помеѓу коалициите и партиите што се натпреваруваат е релативно мала.

За Санчез ова е од големо значење, бидејќи Сенатот претставуваше извор на неговите најголеми тешкотии за време на тековниот мандат. Горниот дом на парламентот служеше како главна противтежа на владата – составена од „PSOE“ и „Sumar“ – со оглед на тоа што Народната партија „PP“ таму сама поседува апсолутно мнозинство, со 143 места.

Бидејќи се очекува десницата повторно да може да обезбеди мнозинство во Конгресот по изборите, „PSOE“ се стреми да задржи предност, барем во Сенатот.

„Podemos“ како главна пречка

Преговорите се најсложени поради вклученоста на „Podemos“. Договор само помеѓу „PSOE“ и „Frente Amplio“ не е доволен. Понатаму, „Podemos“ одби да се приклучи кон „Frente Amplio“, иако во моментов преговара за договори на регионално ниво.

Во текот на претходниот мандат, партијата главно беше во директен судир со социјалистите. Пред десет години, самиот „Podemos“ ѝ предложи коалиција на „PSOE“ за изборите за Сенатот, но социјалистите тогаш ја одбија понудата.

Сојуз од ваков вид би претставувал вистинска реткост во шпанската политика. Треба да се навратиме повеќе од 25 години наназад за да најдеме сличен преседан – кога тогашните лидери на „PSOE“ и на „Izquierda Unida“, Хоакин Алмунија и Франсиско Фрутос, потпишаа договор за заеднички изборни листи за Сенатот во 27 изборни единици.

Десницата не успеа да постигне договор

Доколку Санчез успее да формира обединет блок, најголеми губитници би можеле да бидат десничарските партии – Народната партија (PP) и радикално десничарската „Vox“ – кои не успеаја да постигнат договор за заеднички настап.

Како резултат на тоа, гласовите за десницата би можеле да се разделат меѓу овие две партии – поделба од која најголема корист веројатно би имал блокот на Санчез, кој е центриран околу „PSOE“.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нарушен воздушен сообраќај во Италија, дефект во системот за контрола на летање

Патниците во воздушниот сообраќај низ Италија се соочуваат со доцнења и откажувања на летовите поради технички дефект во системот за контрола на летање. 

Нарушен воздушен сообраќај во Италија, дефект во системот за контрола на летање

Надлежните потврдија дека дефектот не е предизвикан злонамерно.

Италијанскиот давател на услуги за воздушна навигација, „ENAV“, соопшти дека воведе привремени ограничувања на капацитетот на воздушниот сообраќај, откако во текот на ноќта беа откриени аномалии во мрежата за пренос на податоци, која ги поддржува услугите за контрола на летање на национално ниво.

Доцнења и откажувања на летови

„ADR“, компанијата што управува со аеродромите во Рим, наведе дека „поради технички проблеми во националниот систем за контрола на летање, може да дојде до доцнења и откажувања на летовите“.

Од компанијата им препорачаа на патниците да стапат во контакт со своите авиокомпании. Слично известување издаде и „SEA“, операторот на аеродромите во Милано.

Изворот на проблемот е идентификуван и во тек се активности за целосно воспоставување на функционирањето на системот, соопшти „ENAV“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер