Стресот што ви го предизвикува сопругата може да ве чини живот! - Канал 5

Стресот што ви го предизвикува сопругата може да ве чини живот!

Едно истражување покажува дека кај мажите кои се постојано изложени на замерки и кавги со жената, поголем е ризикот од срцева болест или мозочен удар. На жените замерките од мажите не влијаат!

Стресот што ви го предизвикува сопругата може да ве чини живот!
Студијата е објавена во „Journal of Epidemiology & Community Health“. Според ова истражување направено во Данска со 10 000 мажи на возраст од 36 до 52 години, 315 од 100 000 луѓе веројатно умреле од стресот што секојдневно им го предизвикувала сопругата!

- Меѓу мажите изложени на постојани забелешки од сопругите има поголема стапка на морталитет. Треба да се фокусираме на таа општествена група како целина - вели д-р Рике Лунд од Копенхаген.

Лунд вели дека мажите ретко на своите пријатели им се жалат од жените. Тие би сакале партнер за разговор да им биде сопругата, а кога не е така го собираат стресот во себе. Стресот, во тој случај, им предизвикува здравствени проблеми, стануваат подложни на мозочен или срцев удар.

Жените пак, според ова истражување, не реагираат на забелешките од мажите на овој начин!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Комо без првата ѕвезда,Кен ги пропушта дуелите со ПСЖ и Барселона?!

Фудбалерот на Комо, Моиз Кен, ќе отсуствува од терените најмалку два месеца поради повреда, потврди тренерот на најпријатното изненадување во европскиот фудбал , Сеск Фабрегас.

Комо без првата ѕвезда,Кен ги пропушта дуелите со ПСЖ и Барселона?!

26-годишниот италијански репрезентативец ја повредил десната нога за време на натпреварот против Белгија во Лигата на нации, но најновиот проблем се појавил на левата нога, објасни Фабрегас.

Од Комо претходно соопштија дека по враќањето од репрезентативните обврски, Кен морал да побара медицинска помош поради повреда заработена на тренинг.

Поради оваа принудна пауза, напаѓачот би можел да ги пропушти и важните натпревари во Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен и Барселона, кои се на програмата во јануари.

Италијанскиот клуб моментално се наоѓа на четвртото место на табелата во Лигата на шампионите, во која учествуваат 36 екипи, а во вторник ќе биде домаќин на АЕК. До крајот на лигашката фаза, тимот го очекуваат уште дуели со Реал Бетис, како и два големи предизвици против ПСЖ и Барселона.

Кен пристигна во Комо на почетокот на сезоната од Фиорентина, како позајмен играч на една година, а неговото отсуство претставува голем проблем за Фабрегас, кој до јануарскиот преоден рок на располагање го има само Тасос Дувикас како класичен напаѓач. Комо моментално е на петтото место во Серија А, а во сабота на домашен терен ќе го пречека Каљари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Силен земјотрес во Перу, граѓаните истрчаа на улиците

Земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала го погоди централниот дел на Перу, соопшти денеска Германскиот истражувачки центар за геонауки (GFZ).

Видео: Силен земјотрес во Перу, граѓаните истрчаа на улиците

Според податоците на Перуанскиот геофизички институт, епицентарот на земјотресот, кој се почувствува и во главниот град Лима, бил во андскиот регион Хунин, на длабочина од 129 километри, пренесе Ројтерс.

Голем број жители на Лима излегоа на улиците по земјотресот, додека телевизиските снимки прикажаа пратеници како ја напуштаат зградата на Конгресот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Кримскиот мост нема да остане на своето место

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека рускиот претседател Владимир Путин го користи Кримскиот мост за префрлање голема количина воена опрема на тој полуостров и додаде дека мостот „нема да остане на своето место“.

Зеленски: Кримскиот мост нема да остане на своето место

Во интервју за „Ен-Би-Си њуз“ (NBC News), одговарајќи на констатацијата дека Путин го изградил мостот како доказ оти Крим засекогаш ќе остане дел од Русија, Зеленски изјави дека „не треба да им се придава значење на изјавите на рускиот лидер“.

„Не е важно што вели Путин за нашата земја и за Крим. Ова е наша земја. Таа е привремено окупирана. Тоа покажува целосно непочитување кон територијалниот интегритет и суверенитетот на Украина. Токму вака тој почна да се однесува по 2014 година“, рече Зеленски.

Тој нагласи дека Украина ќе продолжи да одговара на руските напади врз украинските објекти, додавајќи дека Москва мора да разбере оти Кримскиот мост нема да опстане.

Зеленски изрази надеж дека ќе се најде дипломатски начин за ставање крај на војната, но порача дека Украина ќе ја оствари таа цел „дипломатски или воено“.

Тој повтори дека Киев никогаш нема да ги прифати окупираните украински територии како дел од Русија, ниту пак ќе се согласи на натамошна милитаризација на својата земја. Кримскиот мост повторно беше нападнат во текот на ноќта на 19 ноември, по што железничкиот сообраќај преку него беше прекинат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер