Страшно: Наместо бебе во количка го ставил ова влакнесто суштество - Канал 5

Страшно: Наместо бебе во количка го ставил ова влакнесто суштество

Популарниот актер кого сите го обожававме е на мета на жестоки осуди поради постапката среде улица

Страшно: Наместо бебе во количка го ставил ова влакнесто суштество

Мегапопуларниот актер, Меколи Калкин, кого го обожаваме во филмот „Сам дома“ каде ја играше улогата на пресимпатичното момче, Келвин Мекалистер, наиде на осуда поради потегот среде улица што ги згрози сите.

Калкин е фотографиран на прошетка со пријателката, а она што привлече внимание и стана предмет на критики е тоа што актерот во количка за бебиња го прошетал својот домашен миленик, мачката.

Неговата пријателка уредно на поводник го водела своето куче, а Меколи, од само нему познати причини, својата мачка ја сместил во детска количка.

Освен тоа, тој се шетал во пижама, не обрнувајќи внимание на погледите и коментарите на минувачите.

Иако веќе подолго време актерот настојува да биде подалеку од очите на јавноста, Калкин и понатаму го привлекува вниманието на папараците каде и да се појави.

За потсетување, пред неколку години, актерот се најде во фокусот на јавноста со обидот за самоубиство, мешајќи таблети со наркотици. Го спасија неговите пријатели на кои им се доверил, па повикале Брза помош навреме.

Психичките проблеми на некогашната филмска ѕвезда со оваа случка достигнаа кулминација.

Последната улога Калкин ја забележа во независниот филм, „Аладин на Адам Грин“, а подоцна пред медиумите изјави дека повеќе нема да í се врати на глумата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕУ ќе обезбеди дополнителни 200 милини евра за Гренланд

Европската Унија ќе обезбеди дополнителни 200 милиони евра финансиска поддршка за Гренланд.

ЕУ ќе обезбеди дополнителни 200 милини евра за Гренланд

Во недела оваа одлука се очекува да ја објави претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон Дер Лајен, за време на посетата на главниот Град Нук.

Лондонски „Фајненшл тајмс“ повикувајќи се на двајца европски претставници запознаени со плановите за посетата, пишува дека предвидените средства за Гренланд ќе се однесуваат на периодот 2026-2027 година. За време на посетата, Фон Дер Лајен се очекува да потпише и декларација за зајакнување на економските врски меѓу ЕУ и Гренланд, арктички остров со околу 57 илјади жители.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Деветто одделенците со дигитални учебници по математика и хемија

Учениците од деветто одделение од учебната 2026/2027 година за првпат имаат пристап до целосно дигитални учебници по математика и хемија, со интерактивни и мултимедијални содржини и вграден систем за управување со учењето.

Деветто одделенците со дигитални учебници по математика и хемија

За разлика од електронските учебници во PDF-формат, новите изданија се наменети за учење во целосно дигитална средина. Покрај текстот и илустрациите, лекциите содржат видеа, анимации, галерии, интерактивни задачи, симулации и други образовни материјали. Преку вградениот LMS-систем наставниците ќе можат да го следат напредокот на учениците во дигиталните лекции и да добиваат увид во областите каде што е потребна дополнителна работа. Од друга страна, учениците ќе можат да ги совладуваат содржините со сопствено темпо и да го следат сопствениот напредок. платформата е приспособена за користење преку компјутер, таблет и мобилен телефон, што овозможува пристап до учебниците од различни уреди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Возач од светиниколско возел без дозвола и под дејство на алкохол и со возилото излетал од патот, следува пријава

На 02.09.2026 во 16:13 часот, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода Д.Б.(67) од с.Кадрифаково, светиниколско. 

Возач од светиниколско возел без дозвола и под дејство на алкохол и со возилото излетал од патот, следува пријава

Претходно, тој со патничко возило „форд“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал во село Кадрифаково, излетал надвор од патот.

При преземање мерки било констатирано дека го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,09 промили алкохол во крвта, без да поседува важечка возачка дозвола и со измината важност на сообраќајната дозвола. Извршен е увид, за настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер