Навивачи се затрчаа на теренот да ја прослават титулата, кога настана шок- голот во 96. минута ги остави без пехар (ВИДЕО)
2Навивачи се затрчаа на теренот да ја прослават титулата, кога настана шок- голот во 96. минута ги остави без пехар (ВИДЕО)
СветСтрашна железничка несреќа во Египет: Најмалку четворица загинати и стотина повредени (ВИДЕО) Најмалку 120 лица беа повредени денеска кога четири вагони од патнички воз излетаа од шините во близина на селото Герза во египетската покраина Гиза откако се судрија со друг воз, недалеку од Каиро.Најмалку 120 лица беа повредени денеска кога четири вагони од патнички воз излетаа од шините во близина на селото Герза во египетската покраина Гиза откако се судрија со друг воз, недалеку од Каиро, објавија локалните медиуми. Несреќата се случила во областа Ал Ајат, по што на местото на инцидентот биле испратени 50 амбулантни возила, екипи за цивилна одбрана и безбедносни сили, објави Галф њуз. Повредените биле однесени во блиските болници во покраината Бени Суеф, додека болниците во Гиза биле ставени во состојба на готовност за лекување на повредените. Машиновозачот загинал во несреќата, објави Ал Арабија. لحظات صعبة من داخل عربات قطار العياط بعد الحادث https://t.co/Yu27pwQE5S — Youlyou - يوليو (@youlyounews) November 8, 2026 وقع منذ قليل حادث تصادم قطارين بمنطقة جرزا بمركز العياط في محافظة الجيزة. الحادث نتج عن اصطدام قطار قادم من الخلف بآخر متجه إلى أسوان، مما تسبب في خروج 4 عربات كاملة عن القضبان وانقلابها. وأعلنت وزارة الصحة والسكان عن الدفع بـ 52 سيارة إسعاف إلى موقع الحادث، مشيرة إلى أن الحصيلة الأولية تسجل 64 إصابة دون وقوع أي وفيات حتى الآن ولله الحمد، حيث جرى نقل المصابين لمستشفيات الواسطى والعياط لتلقي الرعاية. تسبب الحادث في توقف كامل لحركة قطارات الصعيد في الاتجاهين، وتعمل فرق الطوارئ حالياً على رفع العربات المتضررة لإعادة فتح الخط. — شاهيناز طاهر (@ChahinazTaher) November 8, 2026 Министерството за здравство првично испратило 20 амбулантни возила на местото на несреќата, но нивниот број бил зголемен на 50 откако станало јасно дека бројот на повредени е поголем од првично проценетиот. Некои медиуми во Египет објавија дека бројот на повредени надминал 150. Екипи за цивилна одбрана, безбедносни сили и амбулантни возила се упатиле кон местото на несреќата, додека крановите биле распоредени за отстранување на излетаните вагони од шините и расчистување на шините. Египетското јавно обвинителство започна истрага за причините за железничката несреќа и ѝ наложи на полицијата да спроведе потребни проверки и да ги испраша сведоците и повредените патници. Околностите на несреќата сè уште се утврдуваат, а железничкиот сообраќај во регионот останува нарушен.Тагови: Египет железничка несреќа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре променливо облачно време со врнежи од дожд и температура до 14 степениВремето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, информираат од УХМР. МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС) 6 Крушево, Попова Шапка, 9 Берово, 10 Претор, Струмица, Маврови Анови, Лазарополе, 12 Тетово, Охрид, Прилеп, Штип, Демир Капија, Гевгелија, 13 Скопје-Зајчев Рид, Велес, Кавадарци, Крива Паланка, Битола, 14 Скопје-Петровец, Виница. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Во најголем дел од земјава денеска преовладуваше сончево време со мала до умерена облачност, а само во југоисточните делови се задржа претежно облачно. Во утринските часови имаше појава на магла по одделни котлини. Дуваше слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Попладнево облачноста насекаде ќе се зголемува. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб интензитет. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 12 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Од вторник следува период на променливо облачно и потопло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Локални врнежи од дожд ќе има кон крајот на седмицата. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНајмалку 27 загинати во воздушен напад врз село во ЈеменНајмалку 27 лица загинаа, а 36 се повредени во воздушни напади врз куќи во селото Ал-Шарија, недалеку од главниот град на Јемен, Сана. Повеќето од загинатите се жени и деца, соопшти портпаролот на министерството за здравство под контрола на Хутите, пренесува „Скај Њуз“. Портпаролот Анис Ал-Асбахи во изјава за Асошиејтед Прес ја обвини Саудиска Арабија за нападите. Засега нема независна потврда за одговорноста за нападот. Граѓанската војна во Јемен нагло се интензивираше откако во текот на летото пропадна повеќегодишното примирје. Борбите се засилија меѓу Хутите, кои имаат поддршка од Иран и контролираат делови од северот и западот на земјата, и нивните противници на југот и истокот, кои ги поддржува Саудиска Арабија. Претставници на Хутите тврдат дека во воздушен напад врз пазар во Јужен Јемен претходниот ден загинале најмалку 30 лица. За одговорноста за тој напад меѓусебно се обвинуваат Хутите и јеменската војска, која има поддршка од Саудиска Арабија. Обновувањето на борбите предизвикува страв дека земјата повторно ќе се најде во најтешката фаза од граѓанската војна, која трае повеќе од една деценија и предизвика една од најтешките хуманитарни катастрофи во светот.Тагови: Јемен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter