Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев
2Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев
ЖивотСтрашна снимка од Индија: Збеснати бикови нападнаа жени во продавница (ВИДЕО)Во драматичен инцидент минатата недела во Ришикеш, Индија, две жени биле нападнати од разбеснети бикови во продавница.Индијките се соочија со застрашувачко искуство на 12 јули, кога два диви бикови упаднале во продавница во Ришикеш, Утараханд (Индија). На снимката од инцидентот се гледа како огромните животни, спонтано влетуваат во продавницата и демолирале сѐ пред себе, а потоа им се нафрлаат на муштериите, пренесува Мирор. Биковите, кои првично биле преокупирани меѓусебно борење и удирање со главите, одеднаш ја свртеа својата агресија врз жените кога едната се обидела да побегне качувајќи се на робата. На шокантната снимка се гледа како бик се пробива по Индијките: животното во паника скокнало врз нив, расфрлајќи ги торбите и робата што ги заштитила жените од сериозни повреди. Храбриот продавач брзо интервенирал, се качил на своите производи и со стап избркал еден од биковите, правејќи простор за жените да избегаат, а потоа го избркал другиот бик кој бил заглавен зад жените. Жените поминале добро, со неколку ситни гребаници, благодарение на чантите и другите ситници. Извршниот директор на Муники Рети Нагар Палика, Танвер Марвах, рече дека се прават напори за отстранување на бездомните животни од улиците за да се спречат слични инциденти во иднина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаШефот на словачката дипломатија Јурај Бланар во посета на СкопјеМинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ќе биде домаќин на министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, кој престојува во официјална посета на земјава.Како што соопшти ресорното министертво, предвидена е тет-а-тет средба на министрите муцунски и бланар, по што ќе следи средба на двете делегации. Според агендата, потоа е предвидена и заедничка прес-конференција на министрите муцунски и бланар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
МакедонијаКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден ДончевСпоред неофицијални информации, утрово припадници од Одделот за организиран криминал при Бирото за јавна безбедност – МВР повторно се во акција. Во тек се претреси на повеќе од 10 локации во Скопје, Тетово и Куманово.Под истрага, според првичните информации, се одговорни лица од приватна болница и вработени во Фондот за здравствено осигурување, осомничени за повеќе кривични дела, меѓу кои злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење во службата, измама и перење пари. Според неофицијалните информации, штетата врз буџетот надминува 1,5 милиони евра, додека противправно стекнатата материјална корист за болницата се проценува на околу 4 милиони евра. Оштетени се и поголем број пациенти кои се лекувале во болницата. Се очекуваат повеќе детали во текот на денот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
ЗдравјеСветски ден на мозочниот удар – превенцијата останува клучнаПревенцијата, навременото препознавање на симптомите и унапредување на здравствената грижа за пациентите ќе бидат во фокусот на одбележувањето кое ќе се одвива во Деканатот на Медицинскиот факултет.Денеска во Скопје ќе се одбележи Светскиот ден на мозочниот удар. Превенцијата, навременото препознавање на симптомите и унапредување на здравствената грижа за пациентите ќе бидат во фокусот на одбележувањето кое ќе се одвива во Деканатот на Медицинскиот факултет. Како што неодамна изјавија од Клиниката за неврологија, 16 годишна девојка е најмладата пациентка со мозочен удар хоспитализирана кај нив. Оттаму потенцираат дека навремените прегледи, мерењата притисок, шеќер и холестерол остануваат главен дел во превенцијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00