Ирена Илиевска, Директорка на Агенцијата за одземен имот: Над 3 милиони евра приходи од управувањето со одземен имот
1Ирена Илиевска, Директорка на Агенцијата за одземен имот: Над 3 милиони евра приходи од управувањето со одземен имот
Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
БалканСтрашна сцена покрај популарен грчки остров: Уживал во суфање и налетал на безживотно телоНа социјалните мрежи кружи грозоморно видео кое го снимил сурферот Дионисис Балцис недалеку од брегот на грчкиот остров Кос.Уживал во брановите кога оддалеку здогледал безживотно тело како лебди во водата. Тој веднаш ги известил властите, а на местото прва пристигнала крајбрежната стража. „Носеше облека како сурфер, па веројатно се занимаваше со некакви спортови на вода. Во тој дел водата беше чиста и плитка. Бев шокиран, бидејќи вакви работи гледам само на телевизија“, изјавил Балцис. На местото на инцидентот пристигнала и екипа на брза помош, а локалните медиуми јавуваат дека жртвата се уште не е идентификувана, пренесува The Sun. Никој од островот не бил пријавен за исчезнат кај властите, а се проценува дека телото било во вода повеќе од една недела. Истрагата подоцна покаќала дека станувало збор за 26- годишен палестинец, мигрант, кој се удавил во водите во близина на островот Кос.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИрена Илиевска, Директорка на Агенцијата за одземен имот: Над 3 милиони евра приходи од управувањето со одземен имотОдговорно управување, финансиска дисциплина и конкретни резултати во интерес на државата и граѓаните.Движењето ЗНАМ – За наша Македонија продолжува со институционалниот отчет за двегодишната работа, презентирајќи конкретни резултати што потврдуваат дека јавната функција мора да значи одговорност, ефикасност и мерливи придобивки за граѓаните. Во изминатите две години, Агенцијата за управување со одземен имот, предводена од директорката Ирена Илиевска, оствари над 3 милиони евра приходи, повеќе од двојно во однос на претходниот период, преку наплата на противправно стекната имотна корист, продажба и отстапување имот и продажба на акции. Продадени се седум конфискувани недвижности, 59 возила во исправна состојба и 384 возила како старо железо. Повеќе од 34 возила се отстапени на државни институции, додека запленета и проверена стока е донирана на повеќе од 105 институции низ државата. Истовремено, целосно се исплатени затекнатите обврски кон добавувачите во износ од околу 4 милиони денари, вработени се 23 лица и набавен е електронски регистар на конфискуван имот, пред рокот предвиден со Реформската агенда. „За ЗНАМ, конфискацијата не е крај на постапката. Одземениот имот мора да биде заштитен, со него да се управува одговорно и да се стави во функција на државата и граѓаните. Тоа е суштината на владеењето на правото – незаконски стекнатиот имот да создава јавна вредност, наместо да пропаѓа и да остане неискористен“, е пораката од институционалниот отчет. Резултатите се потврда дека со финансиска дисциплина, стручни кадри, дигитализација и координација со надлежните институции може да се унапреди ефикасноста и транспарентноста во управувањето со конфискуваниот имот. ЗНАМ останува посветен на институции што испорачуваат резултати, одговорно управуваат со јавните ресурси и работат исклучиво во интерес на државата и граѓаните. Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија! Движење ЗНАМ – За наша МакедонијаТагови: ЗНАМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНеделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиењеЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 05.10.2026 до 09.10.2026 зема 208 примероци за физичко-хемиска и 208 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 53 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Тагови: Водовод и канализација Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦаринска управа: Пронајдена дрога кај германски државјанин, случајот снимен со боди-камеритеЦаринските службеници на граничниот премин Табановце, на влез во државата, запленија хашиш, амфетамин, MDMA и тетрахидроканабинол пронајдени кај германски државјанин кој патувал со својот сопружник. Случајот е документиран и со снимка од телесните камери кои беа обезбедени како донација од Министерството за правда на САД. Во случајот, откако автомобилот бил селектиран за контрола, царинските службеници пронајдоа супстанца со зеленкаста боја спакувана во црна кесичка, жолта восочна супстанца спакувана во црни кутивчиња, дрога во форма на бомбони како и дробилки и вага за прецизно мерење. Извршен е и личен претрес на осомничениот, при што се пронајдени дополнителни количини на супстанци со зеленкаста боја, бела прашкаста материја, гел во бела боја и таблети со портокалова и кафена боја. Лицето е приведено од страна на инспектори од Одделението за истраги и преземени се предистражни дејствија, во чии рамки под налог на јавен обвинител, извршено е и вештачење на дрогата со кое е утврден нејзиниот состав. Против сторителот е поднесена кривична пријава до ОЈО Куманово за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.Тагови: Царинска управа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter