Страшна сцена на концерт на српска пејачка- девојка паднала од балкон, ја прогласиле за мртва - Канал 5

Страшна сцена на концерт на српска пејачка- девојка паднала од балкон, ја прогласиле за мртва

Српската пејачка Весна Вукелиќ Венди раскажа шокантна приказна за инцидент што се случил на еден од нејзините настапи, кога млада девојка паднала од голема висина и било прогласена за мртва, а потоа се случи чудо.

Страшна сцена на концерт на српска пејачка- девојка паднала од балкон, ја прогласиле за мртва

Како што откри пејачката Венди, пред самиот настап, таа добила вознемирувачки пораки од непознат број, со кои се најавувала трагедија.

- Пеев во дискотека. Преку нивниот лажен број ми објавија дека ќе се случи смрт. Во Острог, на празникот Свети Василиј, пред тоа, добив порака дека некој ќе умре до мене. Свештеникот кој во тоа време ги чувал моштите ми рече да не се грижам, дека ништо не може да се направи, само да се молам на Свети Василиј Острошки и дека сè ќе биде во ред. Мојот настап доаѓа.

Повторно ја добивам пораката: „Вечерва, ќе се случи смрт во дискотеката“. По мојот прв блок, една девојка одеднаш паѓа од висина од четири или пет метри, директно на главата.

Тоа беше пад врз тие плочки, каде што имаше околу четиристотини луѓе. Крв почна да ѝ излегува од ушите, очите ѝ испаднаа од очните дупки. Немаше пулс. Дознав дека станува збор за некоја ракометарка, имаше дваесет и осум години. Останува мртва. Брзата помош пристигнува по 14 минути. Не можам да верувам. Се случи она што ми го кажаа. Дојдоа четворица од нив, ја ставија на носилка. Ја прогласија за мртва. Ја покрија со бел чаршаф и почнаа да ја изнесуваат - рече Венди, а потоа додаде:

- Јас, како што ме учеа во Острог, се прекрстив три пати и реков: „Свети Василиј Острошки, помилуј, помогни, не дозволувај девојчето да умре. Те молам, направи сè за девојчето да биде живо.“

Одеднаш, седна на носилката, а беше покриена со чаршаф. Сè уште не ја изнесоа. Луѓето не можеа да поверуваат, а таа предмалку беше мртва. Повторно добив порака од тој лажен број: „Гледате ли што можеме да направиме?“ Јас одговорив: „Гледате ли што може да направи еден православен светец?“ - заклучила Венди за Телеграф.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Груби останува во куќен притвор до 13 септември

Поранешниот вицепремиер Артан Груби останува во куќен притвор, кој му е продолжен откако вчера беше поднесено обвинение за случајот ,,Лотарија”, информираа од Кривичниот суд.

Груби останува во куќен притвор до 13 септември

Судењето против Груби и останатите седум обвинети во овој случај ќе стартува на 24 август.

Груби ќе седне на обвинителна клупа, но не за „проневера во службата“, туку за „злоупотреба на службената положба“. Од обвинителството појаснуваат дека при одредување на правната квалификација во поднесеното обвинение, надлежниот јавен обвинител се водел од доказите прибрани во текот на истражната постапка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Ертракторите“ цел дел гаснат над Рамни Габер, активни пожари има на осум места

Состојбата со пожари на отворен простор денеска е подобра во однос на вчера, но повторно досега има дваесетина пожари, од кои 8 се активни во овој момент, соопшти попладнево директорот на дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

„Ертракторите“ цел дел гаснат над Рамни Габер, активни пожари има на осум места

Како најкомплексен пожар за гаснење останува пожарот во Студеничани, над селото Рамни Габер. Цел ден дејствуваат етракторите, значително е намален поголем дел од горните краци, но потребно е уште многу работа за истиот да биде изгаснат – вели Ангелов.

Пожар попладнево избил и во атарот на село Борино и село Житоше, во Крушево. Ангелов вели дека се работи за тешко пристапен терен и таму ќе биде упатен еден полициски хеликоптер кој набргу треба да започне со дејство, бидејќи во близина има непосреден извор за полнење на вода.

Сериозен пожар попладневo избил и во велешко – во селото Салм. Ангелов вели дека пожарникарите водат битка да го заштитат селото, но посочи дека верува во нив и очекува уште денеска да биде изгаснат.

YouTube video

Ангелов соопшти дека вчера имало и иницент во прилепско, каде што двајца пожарникари биле физички нападнати.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: 21 век - Во Гостивар здравица за вода што цел месец беше фекална

Во Гостивар денеска видовме слика што ќе остане запаметена. Политичари и функционери држат здравица. Пијат вода пред камери. Велат „на здравје“ и дека е „многу вкусна“.

СДСМ: 21 век -  Во Гостивар здравица за вода што цел месец беше фекална

А цел месец граѓаните пиеја вода загадена со фекалии. Над 5.000 заболени.Повеќе од 2.000 хоспитализирани луѓе.

Болницата во Гостивар е нефункционална.Пациенти се префрлани во Тетово.

И сега, кога конечно рекоа дека водата е чиста, наместо одговорност - циркус.

Наместо извинување - здравица. Наместо одговорност - ПР спектакл.

Во 21 век во европска држава политичари пијат вода пред камери за да докажат дека повеќе не е отруена. Тоа не е успех. Тоа е срам.

Гостивар не требаше да чека еден месец. Гостивар не требаше да добие три цистерни за цел град.

Гостивар не требаше да гледа како функционери се фалат со „вкусна вода“ откако илјадници луѓе завршија во болница.

Оваа Влада и Мицкоски го претворија здравствениот и хуманитарен скандал во театар.

Граѓаните не бараат здравица. Бараат одговорност.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер