Страшна повреда на ѕвездата на НБА (ВИДЕО) - Канал 5

Страшна повреда на ѕвездата на НБА (ВИДЕО)

Со страшна повреда синоќа се здоби играчот на Бруклин Нетс , Карис Ле Верт.

Страшна повреда на ѕвездата на НБА (ВИДЕО)

Вчеравечер на натпреварот во Минесота меѓу домашните Тимбервулфс и Бруклин Нетс , се повреди ѕвездата на гостинскиот тим , Карис Ле Верт. Ѕвездата на Нетси пред крајот на втората четвртина се здоби со тешка повреда , се чини дека го скрши глуждот на десната нога.

Ле Верт падна на теренот , а глуждот му беше во неприродна положба , додека играчот се држеше за глава од болки.

Сите играчи бра видно потресени кога докторите му ја санираа повредата додека Ле Верт трпеше големи болки.

YouTube video

Што се однесува до резултатот на натпреварот, Минесота победи со 120: 113 .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ: Ако нема гаранции за членството во ЕУ, тогаш Преспанскиот договор бил договор без гаранција

Длабоко ја уважуваме изјавата на европската комесарка Марта Кос дека „нема гаранции“ за членството на Македонија во Европската Унија, што претставува исклучително важна политичка констатација, која заслужува сериозна јавна и институционална дебата.

МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ: Ако нема гаранции за членството во ЕУ, тогаш Преспанскиот договор бил договор без гаранција

Доколку навистина не постојат гаранции дека исполнувањето на преземените обврски ќе доведе до членство во Европската Унија, тогаш логично се наметнува заклучокот дека и Преспанскиот договор бил прифатен без реална гаранција за европската перспектива на државата. Референдумското изјаснување во 2018 година се темелеше токму на таквите „ЕУ гаранции“, кои сега магично исчезнаа. Со тоа, паѓа во вода наративот дека болните и длабоки национални отстапки направени во минатото биле неопходни затоа што претставувале сигурен пат кон европското членство.

Македонски Концепт отсекогаш предупредуваше дека секој меѓународен договор мора да биде заснован на принципите на реципроцитет, правна сигурност и меѓусебна доверба. Процес во кој едната страна, Македонија постојано презема нови обврски, а другата ЕУ не нуди никаква извесност за конечниот исход, не претставува стабилно партнерство, туку процес кој природно ја поткопува довербата на граѓаните. Нашата стратешка определба останува полноправното членство во Европската Унија. Но, европската интеграција мора да биде процес заснован на јасни правила, еднакви критериуми и предвидливост, а не на постојано отворање нови политички условувања без јасен крај.

Штом ЕУ официјално ги повлекува гаранциите од Преспанскиот договор, тогаш сосема легитимно е Македонија да ја тргне „северна“ од внатрешна употреба, токму согласно одредбите на тој договор. Бараме Владата итно да преземе чекори во таа насока. Во рамки на владината Коалиција „Твоја Македонија“ во која партиципираме, ова ќе биде отворено прашање од наша страна.

Македонија заслужува чесен и предвидлив европски процес. Само така може да се обнови довербата на македонските граѓани во европската идеја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Подобри услови за учениците , во тек санација на инфраструктурата во училиштето „Димитар Миладинов“

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во активностите за санација на инфраструктурата во ООУ „Димитар Миладинов“, со што  ќе се подобрат условите за учење, работа и спортување во училиштето.

Герасимовски: Подобри услови за учениците , во тек санација на инфраструктурата во училиштето „Димитар Миладинов“

Во првата фаза се изведува нова фекална мрежа, одвоена од атмосферската, со што се решава долгогодишниот проблем со затнување и прелевање на шахтите. Воедно, се реконструира санитарниот јазол до фискултурната сала, каде се заменуваат старите водоводни и одводни цевки и се поставуваат нови санитарии.

Се реновираат машката и женската соблекувална, со поставување нова подна подлога и плочки, а просторот дополнително се освежува со молерисување и уредување.

„Во летниот период, локалната самоуправа планира санации во повеќе училишта на своја територија, а во овој објект веќе се реализираат неопходни инфраструктурни зафати. Санацијата на канализационата мрежа во овој објект беше неопходна за да се реши долгогодишниот проблем“, посочи Герасимовски.

Покрај тековните активности, во план е и реконструкција на кровот, како и санација на училниците на третиот кат и просторијата за наставниците, каде има протекувања.

Со овие вложувања, Општина Центар продолжува со уредување и зајакнување на училишната инфраструктура, со цел да обезбеди пофункционална и посовремена средина за учениците и вработените.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски: Одлуките од Самитот во Анкара ќе ја зајакнат НАТО Алијансата

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, преку објава на социјалните мрежи се осврна на резултатите од Самитот на НАТО во Анкара.

Муцунски: Одлуките од Самитот во Анкара ќе ја зајакнат НАТО Алијансата

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, преку објава на социјалните мрежи се осврна на резултатите од Самитот на НАТО во Анкара, оценувајќи дека донесените одлуки дополнително ќе ја зајакнат Алијансата и ќе придонесат за унапредување на колективната безбедност.

„Пораката е јасна: НАТО испорачува резултати. Ја потврдивме заедничката определба за поголеми инвестиции во одбраната, понатамошно јакнење на одбранбените капацитети, поправедна распределба на одговорностите меѓу сојузниците и континуирана поддршка за Украина“, напиша Муцунски.

Тој информираше дека на маргините на Самитот остварил повеќе билатерални средби со колеги од земјите членки на НАТО, како и со високи претставници на земјите сојузници и партнери. Во разговорите, како што посочи, станало збор за билатералните односи, соработката во рамките на НАТО, како и за актуелните регионални и глобални безбедносни предизвици.

„Како посветен и кредибилен сојузник, продолжуваме активно да придонесуваме кон зајакнувањето на колективната безбедност, стабилноста и единството“, порача министерот Муцунски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер