Страшна несреќа во Банско: Канадски скијач излета од патеката и ја проби оградата (ВИДЕО) - Канал 5

Страшна несреќа во Банско: Канадски скијач излета од патеката и ја проби оградата (ВИДЕО)

Канадскиот скијач Лиам Валас падна на тренинг за трката од Светскиот куп во Банско.

Страшна несреќа во Банско: Канадски скијач излета од патеката и ја проби оградата (ВИДЕО)

Инцидентот се случил непосредно пред крајот на тренингот на патеката „Котвата“.

Според медиумите во Бугарија, Канаѓанецот излетал од патеката, ја пробил оградата и завршил во шумата. Постои сомнеж дека повредата е од посериозна природа и дека има перфорација на белите дробови. Валас веднаш бил пренесен со моторни санки до хеликоптер, кој што го однел до Софија.

Како што се наведува, зборувал и министерот за транспорт во Владата на Бугарија, Геогри Гвоздејков, кој истакнал дека летот за Софија траел 28 минути. Тој им се заблагодарил на сите кои брзо реагирале да му помогнат на тешко повредениот скијач.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Google“ во проблеми поради „Android“: Ја отстранија опцијата што им се допаѓаше на сите

„Google“ се соочува со проблеми во Швајцарија, а причината е нарушувањето на пазарната конкуренција.

„Google“ во проблеми поради „Android“: Ја отстранија опцијата што им се допаѓаше на сите

Швајцарската комисија за конкуренција (Weko) објави дека започнала прелиминарна истрага против „Google“ поради сомневање дека неговата практика на одредување на стандарден интернет прелистувач ја нарушува пазарната конкуренција и го крши законот.

Истрагата е започната поради одлуката на „Google“ да ја елиминира опцијата во Швајцарија што им овозможуваше на корисниците да го изберат стандардниот прелистувач при првото поставување на нов „Android“ уред, објавува „Swiss Info“.

По отстранувањето на оваа опција, пребарувањето на „Google“ автоматски се поставува како стандарден прелистувач на новите паметни телефони, така што корисниците повеќе не можат да избираат како порано.

„Google“ ја задржа опцијата за избор на стандарден прелистувач за корисниците во Европската Унија.

Комисијата за конкуренција истакнува дека отстранувањето на оваа опција во Швајцарија би можело да ја намали видливоста на конкурентските пребарувачи и да им го отежни влегувањето на пазарот.

Целта на прелиминарната истрага е да се утврди дали постојат основи за сомневање дека „Google“ го прекршил швајцарскиот закон за картели со ограничување на пазарната конкуренција.

Регулаторот изјави дека резултатите од истрагата би можеле да бидат значајни и за проценка на слични практики во врска со стандардните поставки на други мобилни уреди.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Левица има јавен договор со Мицкоски

Левица повторно ја игра улогата на сателитска партија на ВМРО-ОКГ. 

СДСМ: Левица има јавен договор со Мицкоски

Наместо да биде дел од опозицијата, таа продолжува да ја штити власта на Христијан Мицкоски со напади врз СДСМ и со спречување на секој обид за опозициско обединување.

Левица не е опозиција. Тоа е партија за ништо.

-Партија против НАТО во земја членка на НАТО.

-Партија против ЕУ во земја кандидат за членство во Европската унија.

-Проруска партија во земја чиј стратешки партнер е Соединетите Американски Држави.

Во земја каде што 77 отсто од граѓаните се за ЕУ интеграција, а 72 отсто се за НАТО, Левица отворено се позиционира против волјата на мнозинството граѓани.

Тоа е нејзината единствена улога, да создава поделби во опозицијата и да му помага на Мицкоски да остане на власт.

Се знаат сите кои од Левица одеа на средби со Мицкоски. Се знае и кои пратеници останаа во собраниската сала заедно со ВМРО-ОКГ во моментот кога опозицијата ја напушти седницата по напредите на Мицкоски.

Тоа не е опозициско однесување. Тоа е јавна и јасна соработка со власта.

Левица нема таен договор со Мицкоски. Договорот е јавен и јасен.

Левица е создадена и финансирана за да ја разбие опозицијата, да ја напаѓа СДСМ и да му обезбеди на Мицкоски дополнителен глас во Собранието кога му е потребен.

Кога ВМРО-ОКГ нема одговори за реформите и за европскиот пат, Левица излегува со лажни обвинувања за да го одбрани режимот.

Левица не е опозиција. Таа е продолжена рака на Мицкоски.

Граѓаните веќе ја препознаа оваа улога. Сателитските партии како Левица постојат само додека трае потребата од нив. Кога ќе заврши таа потреба, ќе исчезнат исто како што исчезна и ЗНАМ.

Скопје, 15.07.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жена убиена на улица во Германија: Сведоците го задржале осомничениот сопруг

Жена е убиена во центарот на Келхајм, Германија, а нејзиниот сопруг, кој е осомничен за нападот, е уапсен откако сведоците го совладале и го држеле додека не пристигнала полицијата, соопштија денес властите.

Жена убиена на улица во Германија: Сведоците го задржале осомничениот сопруг

Според полицијата во Хесен, маж ја нападнал својата сопруга со нож синоќа на улица, нанесувајќи и смртоносни повреди, а жената починала на местото на настанот, објавува „Дер Шпигел“.

Сведоците на нападот интервенирале и го задржале осомничениот додека не пристигнале брзата помош и полицијата, кои потоа го уапсиле.

Мажот бил повреден за време на апсењето, соопштија полицијата и обвинителите во Франкфурт.

Мотивот и околностите на злосторството сè уште не се познати.

Истражителите спроведоа истрага на лице место и форензичка работа во текот на ноќта, а полицијата соопшти дека имало многу сведоци бидејќи нападот се случил на прометна локација во близина на пазар, каде што има неколку продавници и објекти.

Свештеници биле и на местото на настанот за да им дадат поддршка на присутните, а полицијата нагласила дека сведочењето на таков настан претставува голем психолошки товар за очевидците.

Келкхајм, град со околу 28.000 жители, се наоѓа во округот Мајна-Таунус, во близина на Франкфурт на Мајна.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер