Страшен одрон на плажа: Камења и песок паѓаат од огромна височина, туристи бегаат (ВИДЕО) - Канал 5

Страшен одрон на плажа: Камења и песок паѓаат од огромна височина, туристи бегаат (ВИДЕО)

Драматичната снимка е снимена на популарна плажа во близина на градот Бридпорт во Дорсет, Англија, а за среќа нема жртви.

Страшен одрон на плажа: Камења и песок паѓаат од огромна височина, туристи бегаат (ВИДЕО)

Го гледаме моментот кога дел од карпа висока околу четириесетина метри падна врз туристите кои уживаа во нивната прошетка. А, се чини дека човекот во портокалова маичка ја фотографира карпата непосредно пред хаосот.

На кратката снимка се гледа ужасното лизгање на земјиштето и луѓето кои бегаат за да ги спасат своите животи. Камења и песок летаат на сите страни.

Со оглед на тоа што инцидентот се случил на популарна туристичка локација, каде што се собираат семејства, јавноста бурно реагирала, пишува Дејли Мејл.

Тамошните медиуми потсетуваат дека ова е трето свлечиште во последните неколку месеци и ги предупредуваат граѓаните да ги почитуваат предупредувачките знаци, поставени од надлежните.

YouTube video

Се споменува и дека дрон неколку дена претходно снимил тројца пензионери кои стоеле на работ од карпата, токму на делот кој се урнал.

Сцени од одронот се објавени и на социјалните мрежи, каде корисниците оставија бројни коментари.

„Знаеме дека има предупредувачки знаци, но многу луѓе не обрнуваат внимание на нив. Посебно е важно да ги држите малите деца подалеку од работ, бидете безбедни“, стои во една од пораките.

Овој простор е привремено затворен додека не се спроведат потребните контроли, а забраната може да остане во сила шест месеци, наведуваат медиумите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Македонскиот јазик и идентитет не се под закана од ЕУ – тоа е изговор на Мицкоски и бандата

Македонскиот јазик и идентитет не се под закана од Европската Унија, тоа е само изговор на Мицкоски и бандата, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

Филипче: Македонскиот јазик и идентитет не се под закана од ЕУ – тоа е изговор на Мицкоски и бандата

Македонскиот јазик и идентитет не се под закана од Европската Унија, тоа е само изговор на Мицкоски и бандата, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во гостување на телевизија Сител. Филипче посочи дека политиката на Мицкоски за барање дополнителни гаранции е само изговор, заради тоа што не сакаат европски систем и судство.

„Тоа е изговор на Христијан Мицкоски и на неговата банда. Затоа што не сакаат во Европа, затоа што не сакаат систем, затоа што не сакаат европско правосудство, затоа што не сакаат контрола на парите. Каква гаранција се бара во процес во кој ниедна земја немала гаранција? Европа и патот кон Европа не е загрозување на националните интереси“ рече Филипче.

Притоа, Филипче нагласи дека Мицкоски преку страв и манипулација со националните чувства, се обидува да создаде впечаток дека европската интеграција може да го загрози македонскиот идентитет.

„Го разбирам, моментот на манипулација и играње на емоцијата на луѓето, кога ви вели: „А, ние сакаме да ги заштитиме нашите национални интереси.“ И со тоа ги плашат луѓето - „утре Бугарија може да ни го загрози јазикот, културата и така натаму“. Поднесовме предлог-резолуција со црвени линии во Собранието. Не одговорија, јасно е. Кој е тој, кој што има различни црвени линии во нашата земја. Ние, никој, ниту една политичка партија, СДСМ, ВМРО, сите други, имаат еднакви црвени линии. Тоа е идентитетот, кој е потврден со Преспанскиот договор, според претседателката Сиљановска Давкова. Јазикот, кој е потврден со договорот Фронтекс, потпишан на чист македонски јазик, културата,“ рече Филипче.

Тој додаде дека одговрност на власта е да го продолжи процесот и да не ја користи европската интеграција како изговор за блокада.

„Зарем не е тоа одговорност на власта? Зарем тие не ветија подобра преговарачка позиција? Што ние повеќе да направиме од оваа наша борба силна против криминалната власт, во која што ги разобличуваме сите политики“ рече Филипче.

Филипче посочи дека две години СДСМ предупредува оти Владата води политики спротивни на интересите на државата и на европскиот пат.

„Две години наназад укажуваме дека оваа Влада е антиевропска. Дека работи спротивно, не само на нашите интереси, туку и на интересите на Европската Унија, затоа што проширувањето е еден од од приоритетите. Колку време ние треба да чекаме, треба да се затвори вратата за проширување?. Сега, после толку години, повеќе од децении, има бран на проширување. Треба да го испуштиме? При тоа Антонио Кошта, минатата година, кога дојде, што кажа - имаме само план А“, рече Филипче.

Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=wLZDCuQESTw

Скопје, 02.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЗНАМ- Отчет за својот двегодишен парламентарен мандат

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денес прави отчет за првите две години од својот парламентарен мандат.

ЗНАМ- Отчет за својот двегодишен парламентарен мандат

ДВЕ ГОДИНИ МАНДАТ.

ДВЕ ГОДИНИ РАБОТА.

ДВЕ ГОДИНИ РЕЗУЛТАТИ.

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денес прави отчет за првите две години од својот парламентарен мандат.

По две години парламентарен мандат излегуваме пред граѓаните со јасна порака: мандатот не е привилегија, туку обврска, а довербата не се оправдува со зборови, туку со работа и резултати.

Во Собранието ЗНАМ не влезе за да биде статист, туку за активно да учествува во креирањето на политиките и одлуките што ја определуваат иднината на државата.

ЗНАМ не е само коректор на власта.

ЗНАМ е креатор на политики.

Нашата цел од самиот почеток беше програмата за која граѓаните гласаа да стане дел од владините политики и да се претвори во конкретни институционални решенија.

Тоа е нашиот принцип на политичко дејствување: иницијатива, аргументи, институционална работа и резултати.

Не веруваме во политика на слепо следење, но ниту во политика на деструкција.

Веруваме во одговорност кон граѓаните и резултати во интерес на државата.

ЗНАМ се залага за фер политичка конкуренција, еднакви услови за сите политички субјекти и демократски изборен систем, вклучително и една изборна единица со изборен праг од 2 до 3 проценти.

За нас тоа не е партиски интерес.

Тоа е прашање на демократскиот капацитет на Македонија.

Нашата политика е јасна:

Повеќе работа – помалку политичка бучава.

Повеќе одговорност – помалку изговори.

Повеќе резултати – помалку политички театар.

Довербата се добива на избори.

Но, довербата се оправдува со дела.

ЗНАМ продолжува да работи за Македонија во која политиката не се мери според тоа колку ветува, туку според тоа колку испорачува.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео- фото: Протести низ Франција, затворени 400 училишта

Се очекува денес во Франција да останат затворени околу 400 училишта, откако студентските протести – поттикнати од прашања поврзани со образовниот систем – во некои области прераснаа во насилство.

Видео- фото: Протести низ Франција, затворени 400 училишта

„Според информациите со кои располагам, нешто повеќе од 400 училишта и други образовни установи ќе бидат затворени“, изјави синоќа францускиот министер за образование Едуар Жефре на телевизискиот канал „Франс 2“.

Според извор близок до министерот Себастиен Лекорну, разузнавачките служби на кризниот состанок во четвртокот известиле дека протестното движење било поттикнато од крајната левица, вклучително и од членови на партијата „Непокорена Франција“ (LFI).

Пратеникот од LFI, Луј Бојар, ги отфрли овие тврдења во изјави за француските медиуми.

Протестите поради недостигот на наставници и дотраените училишни згради избија во областа на Париз минатиот месец, но станаа сè понасилни како што се ширеа низ земјата.

Во четвртокот, ученици подметнале пожари во најмалку две средни училишта, додека наставници во трето училиште во јужниот град Марсеј биле случајно испрскани со бензин, соопштија надлежните.

Најмалку еден автомобил бил запален во Стразбур, на истокот на земјата, а полицијата за разбивање демонстрации се судрила со млади луѓе во Тулуз, на југозапад.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер