ЗабаваСтранците се жалат на цените во Хрватска преку социјалните мрежи„Имате убаво море, но какви ви се овие цени“?На профилот на Инстаграм, WorldTraveler, кој има речиси 2.000 следбеници, се појавија видеа од хрватските продавници, на кои се прикажани цените на производите. Иако не е познато кој стои зад профилот WorldTraveler, многумина претпоставуваат дека станува збор за странци кои снимале цени во продавниците на хрватскиот брег. „Пазете се од високите цени во Хрватска“! „Пазете се од високите цени во Хрватска во 2025 година! Погледнете ги овие луди цени“, пишува во видеата каде се прикажани цените на производите, на пример, чипс кој чини повеќе од 4 евра, додека мало чоколадо е осум евра, а потоа се осврнале и на цените за производите за заштита од сонце. „Дали е ова грешка што кремата за сончање чини речиси 30 евра? Имате прекрасно море, а тек какви ви се цените!“, напишале тие. Во коментарите под објавените видеа, некои пишуваат дека Хрватска е толку скапа што никогаш повеќе не би дошле на одмор, додека други веруваат дека е нормално цените на брегот и островите да се повисоки од оние во продавниците на копното. „Леле, ова е поскапо од Монако“ „Леле, ова е поскапо од Монако и Цирих“, „Нездрава храна во Хрватска? Не, благодарам, тука сум поради рибата и локалните производи“, „Затоа престанавме да ја посетуваме Хрватска. Бевме 11 пати, а сега кога цените се луди, одиме во Грција. Бевме и во Италија и Шпанија... цените таму се понормални“ и „Тоа е на брегот. Не е така во цела Хрватска. Иако, цените навистина се излезени од контрола“, се дел од коментарите на овој профил.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГолем пожар во близина на Карпош 4 (ВИДЕО)Попладневно избувна голем пожар во Карпош 4 во Скопје , во близина на бунарите Лепенец. Голем пожар избувна пред половина час во близина на бунарите Лепенец, покрај кејот на Вардар во Карпош 4. Според видеата, се гледа голем пожар и чад што зафати сува трева и грмушки во близина на објектот на ЈП Водовод. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
СветПоранешна шпанска министерка: Влезот на 80.000 мигранти беше хибриден напад врз ЕУПоранешната шпанска министерка за надворешни работи Аранча Гонзалес Лаја изјави дека масовниот влез на околу 80.000 мигранти од Мароко во шпанската енклава Сеута бил „хибриден напад“ врз надворешната граница на Европската Унија.Според неа, целта била „миграцијата да се искористи како алатка“ за ослабување на Европската Унија во период кога миграцијата претставува особено чувствително општествено и политичко прашање. И покрај овие наводи, шпанскиот премиер Педро Санчез застана во одбрана на Мароко. Гонзалес Лаја оценува и дека случувањата во сеута покажуваат дека миграцијата може да се претвори во средство за политички притисок врз Европската Унија.Тагови: ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
СветЈеменските Хути ја нападнаа Саудиска Арабија, над 70 ранетиЈеменските Хути, поддржани од Иран, нападнаа енергетски постројки и градови во Саудиска Арабија, сојузник на САД, при што беа повредени повеќе од 70 лица.Нападите доаѓаат откако Иран предупреди дека енергетската инфраструктура низ заливот, вклучувајќи ги и американските нафтени и гасни интереси, е ранлива по последната размена на напади помеѓу САД и Иран. Хутите, кои ги контролираат најнаселените делови од Јемен и поголемиот дел од северот, започнаа напади врз Саудиска Арабија откако прогласија поморска блокада на земјата во јули, загрозувајќи го извозот на нафта преку Црвеното Море. Во исто време, Иран вети дека во наредните денови ќе објави нова ограничена зона во заливот, заедно со мапи на нов бродски коридор низ Ормускиот Теснец, како одговор на економската војна на САД. Саудиските воени авиони извршиле серија воздушни напади врз повеќе области во Јемен, јави телевизијата „Ал Масира“.Тагови: Саудиска Арабија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter