СветСтрамер: Уморен сум од влијанието на Трамп и на Путин врз трошоците за енергијата во мојата државаБританскиот премиер Кир Стармер изрази незадоволство од влијанието на глобалните настани врз порастот на цените на енергијата во Велика Британија, нагласувајќи дека постапките на светските лидери директно влијаат врз граѓаните и економијата.Стармер, во интервју за Ај-Ти-Ви, рече дека порастот и падот на цените на енергенсите зависат од постапките на лидери како што се американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин. „Уморен сум од тоа - семејствата низ целата држава што гледаат како нивните сметки за електрична енергија растат и паѓаат, а сметките на бизнисите растат и паѓаат поради постапките на Путин или Трамп низ целиот свет“, рече британскиот премиер. Тој, исто така, повика на воспоставување конкретен план за обновување на поморскиот сообраќај низ Ормускиот теснец, по постигнувањето прекин на огнот на Блискиот Исток. Според соопштението од Даунинг стрит, Стармер разговарал за тоа со американскиот претседател, нагласувајќи ја потребата од брзо решение за да се овозможи непречен транспорт на енергенси и стоки. Тагови: Страме Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисНовак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка микс двојка на Грен слемот во ЊујоркНајтрофејниот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ и најдобрата свестка тенисерка во моментов, Арина Сабаленка ќе ги здружат силите на последниот грен-слем турнир во сезоната УС Опен во Њујорк.Српскиот тенисер и најдобрата тенисерка во светот заедно ќе настапат во конкуренција на мешани двојки на УС Опен, потврдија организаторите на турнирот во Њујорк. Се очекува нивниот настап да привлече големо внимание кај публиката, со оглед на тоа што од едната страна на теренот ќе биде еден од најдобрите тенисери на сите времиња, а од другата – тенисерка која веќе ги има освоено најголемите трофеи во женскиот тенис. Челникот на Тениската асоцијација на САД, Крег Тајли, истакна дека новиот формат на мешани двојки претставува можност спортот уште повеќе да им се доближи на навивачите. – Секогаш кога можете да ги споите жените и мажите во ист тим, го прикажувате тенисот во неговото најдобро светло. Токму тоа го овозможува првенството во мешани двојки. Горди сме што повторно ги собираме најдобрите светски играчи во формат што ќе понуди возбудлива забава за нашите навивачи – изјави Тајли. Натпреварите во мешани двојки на УС Опен ќе се играат од 24 до 26 август, пред почетокот на главниот дел од турнирот. Во главната ждрепка ќе учествуваат 16-те најдобри двојки, а натпреварите во почетните кола ќе се играат до освојување на два сета. Сетовите ќе се освојуваат со четири добиени гема, додека при резултат 3:3, победникот ќе се одлучува со тај-брејк.Тагови: Арина Сабаленка Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп домаќин на Нетанјаху и Зеленски,ќе се разговара за војните во Иран и во УкраинаАмериканскиот претседател Доналд Трамп е домаќин на израелскиот премиер Нетанјаху и украинскиот претседател Зеленски.Ќе се разговара за војните во Иран и во Украина кои се во критична фаза. Средбата со Нетанјаху ќе биде прва по почетокот на војната со Иран, која предизвика тензии меѓу двајцата лидери. Се очекува разговорите да бидат фокусирани на Иран, безбедносната состојба на Блискиот Исток, Појасот Газа и можностите за обновување на дипломатските напори. Трамп и Нетанјаху ќе разговараат и за спроведувањето на договорот меѓу Израел и Либан, како и за нормализација на односите меѓу Израел и арапските држави. Украинскиот претседател Зеленски ќе се обиде да обезбеди продолжување на американската поддршка за Украина, во услови на интензивирани руски воздушни напади и застој на мировните иницијативи. Иако администрацијата на Трамп ги намали директните испораки на оружје за Киев, САД и натаму остануваат еден од најважните партнери на Украина, обезбедувајќи разузнавачка поддршка, како и пристап до сателитскиот систем Старлинк. Средбите се следат со големо внимание бидејќи би можеле да дадат насоки за идната американска политика кон двете најголеми актуелни меѓународни кризи – војната во Украина и конфликтот на Блискиот Исток.Тагови: Бенјамин Нетанјаху Володимир Зеленски Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГолема акција на Богородица: Царинските службеници запленија 5.000 штеки цигариЦаринските службеници запленија 5.000 штеки цигари вредни 9 милиони денари – приведен возачот на камионот.Во акција на царинските службеници на граничниот премин Богородица, при контрола на товарно моторно возило пријавено за транзит, откриени и запленети се пет илјади штеки цигари во вредност од девет милиони денари. Возачот на камионот, српски државјанин, кој обидел да ги криумчари цигарите, е приведен и против него е поднесена кривична пријава до ОЈО Гевгелија за сторено кривично дело криумчарење. Со камионот пријавен за транзит од Грција за Србија, согласно приложената документација, биле превезувани градежни материјали – камена волна. При извршената детална контрола, царинските службеници над палетите со пријавената стока откриле 100 необележани кутии со по 50 штеки цигари, односно вкупно 5.000 штеки цигари без акцизни маркички, кои не биле пријавени. Со оваа акција Царинската управа ги потврдува своите заложби во сузбивање на нелегална трговија со цигари и спречување на прекуграничен криминал во меѓународни размери.Тагови: царина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook