ФудбалСтотина приведени, од кои 84 Хрвати по убиството на навивач на грчки АЕК (ВИДЕО)Навивач на АЕК (29) загина во Атина по судир со хулигани од навивачката група на Динамо од Загреб.. Полицијата соопшти дека во врска со инцидентите се приведени 98 лица.Меѓу приведените 84 се хрватски државјани, еден Австриец, еден Босанец, еден Албанец, еден Германец и двајца Грци. Да потсетиме, и покрај забраната за присуство на гостински навивачи на натпреварите од третото прелиминарно коло во Лигата на шампионите меѓу актуелниот хрватски шампион Динамо и грчкиот АЕК, дел од навивачите на загрепскиот клуб отпатувале за Атина, каде денеска од 20:45 часот требаше да се одигра првиот натпревар. 08.08.2023, Dinamo BBB🇭🇷 hooligans at Train station in Athens🇬🇷 before fight. https://t.co/Fjy3xrlEmQ pic.twitter.com/FFmomudlQt — Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) August 7, 2023 Полицијата побарала одложување на натпреварот, а УЕФА го одобри. Натпреварот е одложен. Првиот натпревар меѓу Динамо и АЕК во Загреб се игра во вторник на 15 август од 20 часот, а реваншот четири дена подоцна во Атина. Да потсетиме, грчки навивач на атинскиот фудбалски клуб АЕК бил избоден ноќеска при тепачка со навивачи на Динамо Загреб, соопшти грчката полиција. Најмалку шест лица се тешко повредени во навивачките судири пред првиот натпревар од Лигата на шампионите. „Пред стадионот се случија сериозни инциденти. Млад Грк е избоден до смрт, а уште шестмина повредени се во болница“, соопшти грчката полиција. Избодениот 29-годишник бил пренесен во болница во Атина пред ноќеска да им подлегне на повредите, соопшти полицијата. Грчката полиција уапси 98 лица (84 Хрвати) по насилните судири меѓу навивачите на двата клуба. Уапсените се сослушани, јавува грчката новинска агенција Ана. Околу стотина хулигани од хрватскиот клуб биле во грчката престолнина, објави агенцијата АНА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГотови се ранг листите за примени студенти на УКИМДенеска ќе бидат објавени конечните ранг листи за примени студенти на факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“..Запишувањето на примените кандидати ќе биде на 3 и 4 септември. Со конкурост на уким, на 23-те факултети на најстариот и најголем универзитет во државава беа слободни вкупно 8851 место за бруцоши во новата студиска година, која ќе почне на 1 октомври.. Од вкупниот број слободни места, 4395 се за студенти во државна квота (редовни студенти кои се финансираат од државниот буџет), 3621 за редовни студенти кои плаќаат школарина, т.е. ги кофинансираат студиите и 835 за вонредни студенти...Тагови: МОН Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоСончево и топло, попладне нестабилноВремето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и услови за краткотрајна нестабилност во попладневните часови. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 39 степени. За време на викендов претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГотови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат11:53
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
МакедонијаДолга колона автомобили забележана утрово на граничниот премин БогородицаДолга колона автомобили е забележана утрово на граничниот премин Богородица, на излез од Македонија кон Грција.Според снимката направена околу 6:45 часот, голем број возила се наредени во повеќе колони и чекаат за преминување на границата. Зголемената фреквенција се очекува во периодот на продолжениот викенд, кога многу граѓани тргнуваат кон грчкото крајбрежје, а дополнителен притисок создава и смената на туристите. Возачите кои денеска патуваат кон Грција се советуваат да имаат трпение и, пред поаѓање, да ја проверат актуелната состојба на граничните премини.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook