1Кедев се впиша во Гинис како највозрасен човек во светот што ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри
СветСтотина припадници на Хезболах се повредени во израелски напад со експлозија на пејџери (ВИДЕО)Стотина борци на Хезболах се повредени откако преносни пејџери користени од оперативци на Хезболах експлодираа во бејрутскиот кварт Дахија, објави новинската агенција Ројтерс, цитирајќи неименуван безбедносен извор.Безбедносниот извор додава дека уредите експлодирале и во јужен Либан. 🚨 Breaking: Tens of Hezbollah communication devices are exploding during the past hour. Initial reports state that over one hundred Hezbollah terrorists already injured. Here's footage from two such explosion 👇 pic.twitter.com/rMwdRWsTGB — Dr. Eli David (@DrEliDavid) September 17, 2024 Наводно, уредите за комуникација детонирале откако биле хакирани од израелска страна. Израел не го коментираше инцидентот. BREAKING 🚨🚨🚨 Suddenly, Hezbollah operatives across the country collapsed as their communication devices were hacked and detonated. pic.twitter.com/UIOH3xpPg5 — Open Source Intel (@Osint613) September 17, 2024 Висок претставник на военото разузнавање и службеник од либанска група, исто така, за Асошиетед прес изјавија дека пејџерите што ги носеле членовите на Хезболах експлодирале. The pagers are generally kept in their pockets. This means Israel is literally blowing off Hezbollah testicles all across Lebanon today. Hundreds of them. Well deserved. pic.twitter.com/uzKvjDa6DA — 𝗡𝗶𝗼𝗵 𝗕𝗲𝗿𝗴 ♛ ✡︎ (@NiohBerg) September 17, 2024 Според АП, официјален претставник на Хезболах изјавил дека најмалку 150 луѓе, вклучително и членови на групата, биле повредени во различни делови на Либан кога уредите експлодирале. BREAKING 🚨🚨 Israel is carrying out "limited operations" targeting Hezbollah, according to Lebanese sources. Reports indicate that dozens of Hezbollah operatives in southern Lebanon and Beirut were either killed or critically injured when their communication radios unexpectedly… pic.twitter.com/QXP6ayb8vp — Open Source Intel (@Osint613) September 17, 2024 Во соопштението од кабинетот на либанскиот премиер се вели дека биле информирани за „безбедносните инциденти што се случиле во неколку региони“. Репортерот на Ројтерс видел амбулантно возило како брза низ јужните предградија на главниот град на Либан, Бејрут, среде голема паника. 🚨 Reports from Lebanon: Hospitals are collapsing due to recent explosions of pager devices. More than 1,400 injuries have been reported. Hezbollah is in a panic. pic.twitter.com/sqbhdJX8GD — Era Gigman (@idan_bg) September 17, 2024 Жителите велат дека експлозиите продолжиле и 30 минути по првичните детонации. Меѓу повредените од експлозијата на пејџери има борци на Хезболах и медицински работници, според новинската агенција. Групи луѓе се собрале пред зградите за да проверат дали има познаници кои можеби се ранети, изјави репортер на Ројтерс. BREAKING 🚨🚨 Israel is carrying out "limited operations" targeting Hezbollah, according to Lebanese sources. Reports indicate that dozens of Hezbollah operatives in southern Lebanon and Beirut were either killed or critically injured when their communication radios unexpectedly… pic.twitter.com/QXP6ayb8vp — Open Source Intel (@Osint613) September 17, 2024 Извор од безбедносните служби изјави дека уредите експлодирале и во јужен Либан. Израелската армија, која од октомври паралелно со војната во Газа разменува оган со Хезболах, веднаш не коментираше, пишува Sky News.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКедев се впиша во Гинис како највозрасен човек во светот што ги искачил сите 14 врва над 8 000 метриМакедонскиот кардиолог и планинар Сашко Кедев влегува во гинисовата книна на рекорди како највозрасен човек кој стигнал до највисоката точка на сите 14 планини во светот повисоки од 8 000 метри.Кедев имал 63 години и 14 дена кога на 20 јули 2025 година се искачил на „Гашербрум 1“ во Пакистан. Со искачувањето на овој врв, висок 8 080 метри, стана и првиот Македонец што ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри. Прв на неговата листа беше највисокиот врв на светот, Монт Еверест, на кој Кедев се искачи во мај 2009-та година. Во јули 2022 година, во растојание од само една недела, ги искачи Ка-2 и Броуд Пик. Искачувањата на Кедев ги потврдил Еберхард Јургалски, консултант на Гинис за планинарски рекорди. Гинис му припишува на Кедев уште едно постигнување. Тој е и највозрасниот човек кој ги исполнил двата планинарски предизвика – ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри и највисокиот врв на секој од седумте континенти. Континенталната седумка ја заокружи уште во 2011 година, со искачувањето на Пунчак Џаја во Океанија.Тагови: Сашко Кедев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоМај среде ноември – следната недела до 20 степениДесет колапси на јавни места биле пријавени во еден ден во брзата помош, како причина биле наведени и променливите и повисоки температури, велат од брзата помош. Од брзата помош со порастот на температутрите од старот на работната недела очекуваат дека повторно ќе имаат јавувања за зголемен крвен притисок и вртоглавици, и тешко дишење. Посебно да бидат внимателни возрасните и хроничните болни, бидејќи при падот граѓаните се здобиле и со повреди на главата. Последните години пролетните температури во ноември станаа нормално, велат и светските метереолози и очекуваат глобалната температура да се зголемува. Во Македонија од понеделник температури и до 20 степени. Од брзата помош со апел до возачите до колку не им добро да не возат автомобил, бидејќи во лоша здравствена состојба се губи концетнрацијата. Исто така високите температури ги користат и возачите на тротинети и има многу повредени граѓани, меѓу кои и деца. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеСветски ден на предвремено родените бебиња - гордост и предизвик на скопска ГинекологијаОваа година, 530 грама е најмалото родено бебе на Клиниката за гинекологија и акушерство во шестиот месец од бременоста, и скоро три месеци било на интензивното одделение за новороденчиња на Клиниката за гинекологија. Денеска е светскиот ден на предремно родените бебиња. На овој оддел се најачесто бебињата родени под еден килограм и оние до скоро два килограми, секое вдиушување е надеж за живот и среќа за вработените дека нивните мали пациенти ќе бидат еден ден големи луѓе. Во клиниката денеска виолетовата боја беше симбол на предвремено родените деца, на гости дојдоа Лазар, Кирил, Мила и уште многу денес деца, а пред неколку години тука биле со денови и месеци. Лазар неуморено прашуваше зошто се толку мали, а пред четири години тука бил едно од најмалите бебиња со 820 грама, а неговиот брат со килограм и осумсотини грама денеска најмалиот гостин кој исто бил на ова одделение. За неговите родители посебен ден, со порака и до други родители “ќе биде добро’. Цели 18 години и Мила е гостин на овој оддел во номеври. Таа учи медицина, приказната за нејзиното рано раѓање и било поттик да биде добар доктор. Најпотребно е редовна едукација, добра опрема и секако да не ги заборавиме нашите колеги кои неуморно се борат со секој здив со предверемно роденит бебиња, вели директорката на клиникта Папастиев. Оваа година се родиле 610 деца предвереме од терминот, во моментов на одделот за интензивнот лекување има 43 бебиња. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55