Стотина планинари се искачија на највисокиот врв на Осоговските Планини, Руен

Следната акција ќе биде искачување на врв Вихрен во Бугарија, а во октомври следува и комитска патека, искачување на врв Лисец. 

Стотина планинари од шест планинарски клубови од државата учествуваа на деветтата, традиционална акција за искачување на највисокиот врв на Осоговските Планини, Руен, на 2251 метри надморска височина, што ја организира Здружението планинарско-спортски клуб „Калин Камен“, Крива Паланка.

- Акцијата беше една од најмасовните годинава во организација на нашиот клуб. Учествуваа околу 100 планинари од шест клубови, наши соработници и пријатели од повеќе градови: ЗПЗП „Козјак 2013“, Куманово, ПСК „Сосема“, Берово, СПД „Пробиштип“, ПК „Скопска Црна Гора ", Скопје, ПСК „Осогово ", Кочани и ПК „Куманово". Стартот на патеката беше рудник Тораница преку, Сокол до врв Руен. Патеката е 9 километри во еден правец и 900 метри надморска разлика, информира Алена Милковска, претседател на ЗПСК „Калин Камен“.

Таа упати благодарност до сите учесници што ја збогатија акцијата и ја направија успешна.

Следната акција ќе биде искачување на врв Вихрен во Бугарија, а во октомври следува и комитска патека, искачување на врв Лисец.

Сопствениците на Ливерпул продадоа дел од акциите

Американската инвестициска групација „Фенвеј Спорт Груп“ (ФСГ) во чија сопственост од 2010 година е Ливерпул, објавија синоќа дека продала малцински удел од акциите на американскиот фонд „Дајнести Еквити“.

Приходот од оваа продажба ќе се искористи за намалување на долгот кој настана во текот на кризата предизвикана од Ковид – 19, за финансирање на инфраструктурни проекти, вклучувајќи и реконструкцијата на стадионот „Енфилд“ и јакнење на клупската позиција на фудбалскиот пазар.

Ливерпул не го соопшти износот на трансакцијата, но дел од англиските медиуми јавија дека станува збор за износ меѓу 100 и 200 милиони долари.

Сопственикот на ФСГ, Џон Хенри, ги уверуваше навивачите минатиот февруари дека клубот не е на продажба, но рече дека отворен за „нови инвеститори доколку тоа е во интерес на клубот од Ливерпул“. /МИА

Пронајдено телото на пилотот од хеликоптерот што се урна на грчкиот остров Евија

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, нуркачките тимови, на длабочина од 52 метри, ги пронашле остатоците од кабината на хеликоптерот, од каде што го извлекле и телото. 

Безживотното тело на пилотот од приватниот хеликоптер, што вчера се урна во морето во северниот дел на грчкиот остров Евија, претпладнево беше извлечено од нуркачи на Крајбрежната служба на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчката новинска агенција АНА-МПА, нуркачките тимови, на длабочина од 52 метри, ги пронашле остатоците од кабината на хеликоптерот, од каде што го извлекле и телото.

Хеликоптерот, вчера околу 10 часот наутро, полетал од местото Мантуди на Евија полетал кон индустриската област во Волос, меѓутоа кусо по полетувањето се загубила комуникацијата и започна спасувачката акција, по што подоцна беше потврдено дека паднал во морскиот дел на северот на Евија.

Хеликоптерот се урна во период кога островот беше зафатен од невремето „Илиас“.

Една четвртина од младите Европејци работат за време на школувањето

Најмал процент на млади кои работеле при школувањето имало во Романија.

Само 25 проценти младите Европејци на возраст од 15 до 29 години биле вработени за време на нивното формално образование во текот на 2022 година, три отсто биле регистрирани како невработени, односно како лица кои активно бараат работа, додека 72 проценти воопшто не биле вклучени на пазарот на расположлива работна сила, покажуваат податоците на Европската статистичка служба – Евростат.

Процентот на млади кои биле работно ангажирани за време на школувањето драстично се разликува од земја од земја членка на ЕУ. Така, најголем удел на млади луѓе вработени во текот на формалното образование бележи Холандија со 73 отсто, пред Данска со 52 и Германија со 45 проценти.

Од друга страна, најмал процент на млади кои работеле при школувањето имало во Романија од само два отсто, пред Словачка со пет и Унгарија со шест проценти.

Највисок процент на официјално регистрирани невработени млади за време на образованието имало во Шведска од 13 отсто, пред Финска со седум и Холандија со шест проценти.

Помалку од еден отсто од младите се воделе како невработени во Унгарија, Чешка, Романија, Хрватска, Полска и Литванија. /МИА

притисни ентер