Стотици тони керозин од НАТО базата во Белгија се украдени и продадени на бензински во Итaлија - Канал 5

Стотици тони керозин од НАТО базата во Белгија се украдени и продадени на бензински во Итaлија

Повеќе од 850 тони керозин биле источени од базата на НАТО во Белгија, а горивото се продавало преку италијански бензински пумпи, објавија медиумите во Белгија. 

Стотици тони керозин од НАТО базата во Белгија се украдени и продадени на бензински во Итaлија

Извршителите на кражбата се поврзани со меѓународен криминал. Италијанските власти приведоа 46 наводни соучесници. Се прецизира дека нелегалната продажба траела четири месеци.

Утврдено е дека во шемата се вклучени 29 бензински пумпи, при што експертите предупредуваат на можно оштетување на моторите на автомобилите наполнети со горивото што се продавало таму. Се додава дека криминалците го измешале керозинот со дизел дестилати и добиле над илјада тони гориво. При подоцнежните претреси се одземени три милиони евра.

Пред една година, во Белгија започна судско дело за излевање на две илјади тони керозин во 2019 година од локалниот нафтовод на НАТО. Обвинителството побара од обвинетите да покријат отштета од 2,4 милиони евра. Две години пред овој инцидент, друга база на Пактот во Белгија пријавила исчезнување на 60 тони гориво.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ОЈО: Притовр за четири лица за илегална трговија со дрога во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје нареди да се спроведуваат истражни постапки против вкупно четири лица кај кои во текот на викендот беа откриени одредени количества наркотична дрога.

ОЈО: Притовр за четири лица за илегална трговија со дрога во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје нареди да се спроведуваат истражни постапки против вкупно четири лица кај кои во текот на викендот беа откриени одредени количества наркотична дрога, со што беа исполнети елементите на кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Во првата истрага се опфатени татко и син, на возраст од 50 и 19 години, кои во домот на ул. „Македонско-косовска бригада“ заеднички држеле околу пет килограми марихуана, спакувани во повеќе ќеси и наменети за натамошна продажба. При претресот во нивниот дом полицијата пронашла и три дигитални ваги со траги од дрога.

Истрага е поведена и против 25-годишник од Арачиново кој неовластено заради продажба држел околу 1,8 килограми марихуана спакувана во десет пакувања и една дигитална вага, кои му биле пронајдени при претрес и одземени.

За истото кривично дело осомничен е и 23-годишен жител на Аеродром, кој во напуштена подрумска просторија на булеварот АСНОМ, осомничениот заради продажба неовластено држел 640 грама психотропна супстанција амфетамин, 541 жолти таблети, како и 0,15 грама жолта грутчеста материја која претставува 3,4-метилен-диоксиметамфетамин. Кај него биле пронајдени и 69 перфорирани жолти картончиња со присуство на ЛСД, како и дигитални ваги и други предмети на кои имало остатоци од психотропни супстанции, кокаин и канабис.

За сите четворица осомничени јавниот обвинител достави предлог за определување мерка притвор до надлежниот суд, соопштуваат од Обвинителството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поранешниот претседател на Јужна Кореја е осуден за лажење во изборната кампања

Јужнокорејскиот суд денеска го осуди поранешниот претседател Јун Сук Јеол на 18 месеци затвор,условно на три години, откако го прогласи за виновен за кршење на изборниот закон со давање лажни изјави за време на претседателската кампања во 2022 година.

Поранешниот претседател на Јужна Кореја е осуден за лажење во изборната кампања

Доколку пресудата биде потврдена по жалба, може да ја принуди партијата на Јун да врати околу 27 милиони долари, или 39,7 милијарди јужнокорејски вони, што ги доби од Националната изборна комисија по неговата претседателска победа.

Лажни изјави во кампањата

Централниот окружен суд во Сеул утврди дека Јун дал лажни информации двапати за време на кампањата, помеѓу декември 2021 и јануари 2022 година.

„Кога кандидатот лично објавува лажни информации на јавни настани со големо влијание, како што се дебати и интервјуа, влијанието врз донесувањето одлуки на гласачите е многу значајно“, рече судот во својата пресуда.

Обвинителите побараа двегодишна затворска казна, додека Јун, кој негираше какво било кривично дело, планира да поднесе жалба на пресудата, рече неговиот правен советник.

Партијата би можела да изгуби милиони

Според изборниот закон на Јужна Кореја, политичките партии добиваат државна компензација за трошоците за кампањата ако нивниот претседателски кандидат победи или добие најмалку 15 проценти од гласовите.

Доколку кандидатот последователно добие затворска казна или парична казна од најмалку еден милион јужнокорејски вони, партијата мора да ги врати примените средства.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Коњаниците тргнаа кон Крушево- почна 48. Илинденски коњички марш

Околу 40 коњаници, меѓу кои и пет девојки, попладнево, од дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче, тргнаа кон Крушево.

Коњаниците тргнаа кон Крушево- почна 48. Илинденски коњички марш

Околу 40 коњаници, меѓу кои и пет девојки, од дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче, тргнаа кон Крушево, продолжувајќи ја речиси петдецениската традиција посветена на чествувањето на Илинден и на македонските херои.

– На 31 јули, коњаниците од Горно Лисиче ќе се обединат со учесниците од Свети Николе, Кичево и Битола, испраќајќи силна порака за единство, почитување на традицијата и зачувување на македонското историско наследство – информира прес-службата на Општина Аеродром.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер