Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
1Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
ЖивотСтотици луѓе од рано утрово чекаат во огромни редови за да се простат од Џорџо Армани (ВИДЕО)Стотици луѓе чекаат во ред од 7 часот утрово за да му оддадат последна почит на познатиот италијански дизајнер Џорџо Армани во неговите простории на Виа Бергоњоне во Милано, каде што е поставена капела, отворена од 9 часот наутро.Има два реда за влез - едниот резервиран за вработените во Џорџо Армани, а другиот за граѓаните, објавува Анса. Меѓу првите што пристигнаа беа градоначалникот на Милано, Бепе Сала, претседателот на Стелантис, Џон Елкан, и неговата сопруга Лавинија, претседателот на Кошаркарската федерација, Џани Петручи, и тренерот на Олимпија, Џани Месина. Италијанскиот моден дизајнер Џорџо Армани почина на 4 септември на 92-годишна возраст, објави групацијата Армани. „Со огромна тага, групацијата Армани ја објавува смртта на својот творец, основач и неуморна движечка сила, Џорџо Армани“, се вели во соопштението на модната куќа. Армани, кој имаше 91 година, беше синоним за модерен италијански стил и елеганција. Тој го комбинираше дизајнерскиот талент со бизнис-остроумноста, водејќи компанија која генерираше продажба од околу 2,3 милијарди евра (2,7 милијарди долари) годишно, објави Ројтерс. View this post on Instagram A post shared by Tini de Bucourt (@tinidebucourt) Тој беше болен веќе некое време и беше принуден да се повлече од ревиите на својата група на Неделата на машка мода во Милано во јуни, прв пат во неговата кариера да пропушти настан на модна писта. Со прекар „Re Giorgio“ (Крал Џорџо), дизајнерот беше познат по тоа што надгледуваше секој детаљ од своите колекции и секој аспект од својот бизнис - од рекламирање до стилизирање на косата на моделите додека одеа по пистата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВулин сепак пристигнал во Москва, се огласи од Црвениот плоштад (ВИДЕО)Александар Вулин, претседателот на Социјалистичкото движење на Србија, поранешен министер во неколку влади, а сега претседател на Надзорниот одбор на „Србијагас“, објави дека пристигнал во Москва. Тој тврди дека не избегал никаде, туку дека отишол во Русија, каде што ќе има серија состаноци за продолжување на гасниот аранжман, објави Телеграф. Вулин објави видео на социјалната мрежа Инстаграм со пораката: Пристигнав во Москва. View this post on Instagram A post shared by Aleksandar Vulin (@aleksandar_vulin_rs) Во видео изјавата тој објаснува дека не избегал никаде, дека нема да оди никаде без своето семејство, но ги напаѓа и сите што ја објавија информацијата дека авионот во кој првично се наоѓал бил вратен на белградскиот аеродром затоа што самиот Вулин не ги почитувал безбедносните процедури. Вулин тврди дека планира серија состаноци во руската престолнина за продолжување на гасниот аранжман на Србија со таа земја. Летот на „Ер Србија“ JU134, кој полета од аеродромот „Никола Тесла“ во Белград кон Москва во вторник вечерта, беше вратен во Белград истата вечер откако, според неофицијални информации од порталот „Нова.рс“, беше утврдено дека Александар Вулин не ја поминал безбедносната проверка.Тагови: Вулин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЃорѓиевски: 3.500 нови садници во Скопје - 6.000 до крајот на сезоната!Секое ново дрво е влог во градот во кој живееме и во иднината на нашите деца. Повеќе сенка за летните денови, почист воздух и повеќе зелени места за прошетки, игра и дружење! Започна големата акција за засадување 3.500 садници низ Скопје, со која го обновуваме зеленилото и ги раззеленуваме јавните површини. До крајот на сезоната ќе бидат засадени вкупно 6.000 нови садници! Ги опфаќаме постојните паркови, новите паркови што ги подигаме, зелените површини долж булеварите и јавните простори низ целиот град. Во секоја општина, за секое маало, за сите скопјани! Зелено и чисто Скопје е обврска на која сум силно посветен. Секој засаден корен денес е ветување за поздраво и поубаво утре. Зад нас нека останат дрвја што ќе растат, паркови што ќе живеат и дела што ќе траат! За Скопје што дише. За генерациите што доаѓаат. Скопје се сака со дела!, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Македонија станува енергетски и транспортен крстопат на регионотМакедонија станува енергетски и транспортен крстопат на регионот, со конкретни инфраструктурни проекти за транспорт, енергија, гас и железница. Преку изградба на гасните интерконектори со Грција и Србија, создаваме вистинска алтернатива на руската енергетска инфраструктура, поврзувајќи го терминалот за ЛНГ во Александруполи со Централна Европа, со капацитет од 3 до 6 милијарди кубни метри годишно, рече премиерот Христијан Мицкоски на самит во Диселдорф. .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook