Стотици летови откажани поради штрајкот на пилотите на „Луфтханза“ - Канал 5

Стотици летови откажани поради штрајкот на пилотите на „Луфтханза“

Стотици летови се откажани во Германија поради штрајкот на пилотите на авиокомпанијата „Луфтханза“, свикан поради несогласувањата со раководството на компанијата околу висината на платите и пензиската шема.

Стотици летови откажани поради штрајкот на пилотите на „Луфтханза“

Од почетокот на штрајкот во понеделникот по полноќ досега се откажани повеќе од 1.100 полетувања и слетувања на аеродромот во Франкфурт, кој е главен оперативен центар на „Луфтханза“ и најголем аеродром во земјата. Во Минхен се откажани речиси 700 лета.

Со штрајкот што го свика синдикатот ВС опфатени се пилотите на националната авиокомпанија, како и на подружниците „Луфтханза карго“ и „Луфтханза ситилајн“. Тие бараат повисоки плати, измени во пензиската шема и корекција на надоместоците за пилотите ангажирани во подружницата „Ситилајн“.

Што се однесува на пилотите на нискобуџетската туристичка авиокомпанија „Евровингс“, се очекува тие во текот на денот да се вратат на работа.

Во меѓувреме, за утре и задутре е свикан штрајк и на кабинскиот персонал на „Луфтханза“, кој е петти штрајк во компанијата оваа година.

Од раководството со порака до синдикатите дека контронтацијата и секој ден минат во штрајк дополнително ја ослабуваат авиокомпанијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Партиите во обид да се договорат околу гласањето на дијаспорта

Ќе најдат ли власта и опозицијата заедничка јазик за околу гласањето на дијаспората?

Партиите во обид да се договорат околу гласањето на дијаспорта

Во овие моменти во Собранието во тек со состанок со цел да се најде заедничка јазик меѓу партиите за ова прашање.

Пред законодавниот дом, таму е Афродита Рамос.

Афродита дали имаме ли информации за тоа како тече состанокот?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кими Антонели најбрз на Силверстоун!

Андреа Кими Антонели е победник на спринт-трката за Големата награда на Велика Британија на патеката Силверстоун во Англија.

Кими Антонели најбрз на Силверстоун!

Спектакл на легендарната патека Силверстоун, на спринт-трката нова победа на Кими Антонели во 2026 година.

Младиот возач на Мерцедес триумфираше пред Луис Хамилтон од Ферари и Ландо Норис од Мекларен.

Луис Хамилтон ја започна трката брилијантно и по феноменалниот старт успеа да го заобиколи Кими Антонели и да ја заземе првата позиција.

Екс светксиот шампион беше лидер на трката се до осмиот круг, кога младиот Кими го престигна Хамилтон без поголеми проблеми и го презеде водството во спринт-трката, со што стана јасно дека Ферари не е доволно добар за да се натпреварува со Мерцедес.

Немаше значителни промени до крајот на трката, а Кими Антонели славеше пред Хамилтон и Норис, додека зад нив се пласираа Џорџ Расел, па Леклер, Верстапен, Пјастри, Лосон и Хаџар, а Линдблад заврши на десеттото место.

Во шампионатот, Антонели сè уште е лидер со 179 бода, а зад него се Џорџ Расел со 136 и Луис Хамилтон со 132 бода.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиев ги осуди како неприфатливи навредите на БНТ кон Канал 5

Неприфатливо е Бугарската националната телевизија да упатува навреди кон Канал 5 и непрофесионално е да одбива со недели да објави јавно упатен демант,.

Ѓорѓиев ги осуди како неприфатливи навредите на БНТ кон Канал 5

Неприфатливо е Бугарската националната телевизија да упатува навреди кон Канал 5 и непрофесионално е да одбива со недели да објави јавно упатен демант, кажа на вчерашната „Само вистина“ претседателот на Друштвото за македонско-бугарско пријателство Митко Ѓоргиев

Ваквиот негов став доаѓа по низата оркестрираните напади во бугарската јавност дека Канал 5 била антибугарска телевизија, а во кои се вклучи и бугарската национална телевизија од каде тврдеа дека Бугарниот од Македонија Драги Каров бил осуден за говор на омрза по желба на Канал 5 и дека било побарано од јутуб да се отстрани бугарски поткаст насловен коридор 8.

За ваквите тези Канал 5 во повеќе направи упати демант до БНТ, кој досега не е објавен.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер