Стотици камиони блокирани на границата меѓу Србија и Косово поради забрана за стока без ознака ,,Република Косово”

Одлуката на косовската влада да го забрани увозот на стоки од Србија ако во документите нема ознака  „Република Косово“ предизвика застој на граничниот премин, каде стотици камиони чекаат да влезат во Косово, но не само со стока од Србија.

Косовската влада на Албин Курти воведе нов пакет на мерки за реципроцитет овој викенд што ги замени 100 процентните царините за стоките од Србија.

Властите во Белград ги сметаат за полоши од 100% такси од ноември 2018 година, што беа причина за целосно прекинување на дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, што започна со договорот од Брисел постигнат под покровителство на ЕУ на 19 април 2013 година.

Веќе три дена возачите со стока од Србија, но и оние кои возат странска стока, но имаат српски регистарски таблички, чекаат во колона долга неколку километри на преминот Јариње, јавуваат белградските и локалните медиуми.

Камиони од други земји, како Словенија, Босна и Херцеговина и Полска, се во транзит во колоната на југот на Србија.

Возачите кои превезуваат странска стока рекоа дека нивните шпедитери ќе ја менуваат документацијата така што да има ознака „Република Косово“, додека возачите чии камиони имаат стока од Србија велат дека „не знаат како ќе се реши ситуацијата“, објави Н1.

Претседателот на Здружението на бизнисмени од Северот на Косово, кое претежно е населено со Срби, вели дека ниту еден камион со српска стока не влегол во Косово од вчера.

„Целокупниот увоз на српска стока е запрен, па затоа е вратен на нула. Српските производи започнаа да влегуваат по укинувањето на некои даноци, но заклучно со вчерашниот ден, сите камиони застанаа“, рече Радош Петровиќ за порталот „Косовска онлајн“.

Ниту српски печат не е доставен на Косово, затоа што нема ознака „Република Косово“, па Здружението на новинари на Србија (УНС) побара распределбата на печатените медиуми да биде „ослободена од сите политички ограничувања“.

УНС ќе ги извести меѓународните и европските федерации на новинари, ОБСЕ и Советот на Европа за состојбата со која се соочуваат медиумите по одлуката на косовската влада.

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер