Стотици илјади протестираат во Барселона , младите си играат скокање во далечина (ВИДЕО)

Стотици илјади демонстранти пристигнаа во Барселона , каде десетици веќе се судрија со полицијата , а во цела Каталонија е прогласен генерален штрајк.

Во очекување на вечерните големи протести , најавувани претходните два дена , специјалците прават барикади и го насочуваат движењето на стотиците илјади Каталонци , кои се слеваат во Барселона.

Демонстрантите од утрово ја затворија границата со Франција, а најмалку уште 25 автопати се блокирани.

На аеродромот „Ел Прат“ во близина на Барселона, 55 летови беа превентивно откажани, од кои 36 од шпанската авиокомпанија Вуелинг. Другите летови во моментот се одвиваат според предвиденото.

Возовите и градското метро работат, но со минимален капацитет.

Илјадници демонстранти влегуваат во Барселона, започнувајќи го Маршот на слободата, долг најмалку 100 километри од пет каталонски градови. Ним им се придружи шестата колона од Кастелдфелс, град близу Барселона.

Студентите почнаа тридневен генерален штрајк и ќе се приклучат на протестите.

Собирите веќе започнаа на неколку места во главниот град на Каталонија.

„Ниту каталонската влада ниту каталонската полиција нема да толерираат насилно однесување“, рече министерот за внатрешни работи на Каталонија, Микел Бух.

Шпанскиот министер за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка изјави дека туристите можат да ја посетат Барселона без никакви проблеми и страв за безбедноста.

„Ова предизвика голема штета на угледот на Каталонија. Но, Барселона може да се посети без проблеми, бидејќи тие беа испади на помали групи “, рече тој на прес-конференцијата во Мадрид.

Тој рече дека намалувањето на потрошувачката на електрична енергија денеска паднало за 7 проценти , што, како што рече, е показател дека штрајкот нема поголемо влијание. Пристаништата во Барселона и Тарагона се отворени и функционираат, изјави шпанскиот министер.

И додека се подготвуваат за до сега најголемите протести , малдите Каталонци ги искористија широките улици на Барселона без сообраќај за да се забавуваат со скокови во далечина.

Во понеделникот Врховниот суд во Мадрид осуди деветмина каталонски политичари на затворска казна од 9 до 13 години за организирање референдум за независност во 2017 година што беше забранет од уставниот суд и последователното прогласување на Република Каталонија. Тие беа осудени за поттикнување на востанието и трошење народни пари за организирање на забранет референдум.

Одбележани 81 година од смртта на првоборецот Иљо Антески Смок во Тетово

Во Тетово денеска се одбележаа 81 година од смртаа на првоборецот Иљо Антески-Смок. Одбележувањето се одржи пред неговиот споменик во населбата Два бреста каде повеќе делегации положија букети цвеќе, а беше одржан и историски час за негово дело и лик

-Иљо Антески Смок загина на неполни 24 години и немаше можност и среќа да ја почувствува и да ја дочека слободата во која толку многу веруваше. Тој како член на Мавровско-гостиварскиот одред во април 1943 во битката кај Ново Село, Гостиварско бил заробен заедно со 12 други соборци од балистичките одреди кои служеле на италијанскиот окупатор. Подоцна фашистите го осудуваат на смрт, а на денешен датум 17 мај во 1943 година Иљо е обесен. При бесењето извикува „Смрт на фашизмот-слобода на народот“ и самиот го поттурнува столчето за да биде обесен, беше истакнато во пригодниот реферат од наставникот по историја, Љубиша Марковиќ.

Во Тирана покрај Иљо Антески Смок, италијанските фашисти осудиле на смрт и обесиле уште петмина други негови соборци Душко Поповиќ, Раде Угриновски, Христо Оџаклиески, Драги Тодоровски и Трифко Андоновски. /МИА

Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа за Украина

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска изјави дека Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа со која се признава планот на претседателот на таа земја, Володимир Зеленски, како единствен предлог за мир во Украина.

„Советот и денеска сакаше да донесе резолуција со која сакаше да го признае мировниот план на претседателот Зенески како единствена мировна формула која треба да се разгледа и поддржи. Тоа за нас е неприфатливо. И други направија мировни планови што не полоши“, напиша Сијарто на Фејсбук.

Тој изјави дека ставил вето на резолуцијата бидејќи бил одбиен неговиот предлог во неа да се вклучат и други мировни планови. /МИА

Ван Перси презеде елитен холандски тим

Поранешниот играч на Арсенал и Манчестер Јунајтед, Робин ван Перси е нов тренер на Херенвен, соопшти холандскиот клуб. 40-годишниот стручњак потпиша за две сезони.

За Ван Перси, кој е играчот со најмногу голови во историјата на „лалињата“ со 50 погодоци, ова ќе биде деби како тренер на сениорска екипа.

Досега имаше искуство како тренер на младински тимови на матичниот Феенорд.

-Тренерската професија е сеопфатна и предизвикувачка, и ја практикувам со многу страст и задоволство. Имам желба да продолжам со мојот развој и улогата на главен тренер совршено одговара на оваа амбиција. Затоа сум воодушевен од можноста што Херенвен ми нуди многу убав елитен клуб со богати традиции и лојални поддржувачи. Фантастичен предизвик е да се дозволи да се придонесе за спортските амбиции и развој на клубот овде како главен тренер, истакна легендарниот стрелец.

Официјално ќе биде претставен во вторник на 21 мај. Херенвен е на 10. место во Ередивизи пред крајот на првенството./МИА

притисни ентер