Близначките Матилда и Марија станаа хит- сите ја видоа нивната реакција на Светското првенство (ВИДЕО)
2Близначките Матилда и Марија станаа хит- сите ја видоа нивната реакција на Светското првенство (ВИДЕО)
ЖивотСторија на Канал 5: Приказната за четирите близнаци во Штип ги поттикна хуманитарцитеНајубавата приказна за минатата година за радоста во семејството Зикови, за рожбата на четирите деца Леонтина, Михаил, Ведран, Теодор ги поттикна хуманите луѓе и организации да им помогнат и да им изградат нов дом.Таткото Александар е единствено вработен, мама Благица раскажува дека сака да работи, но е тешко и ако четвортката оди во градинка секогаш некој од нив останува дома. Тие се среќни што од општина Штип добиле донација земјиште и документи за изградба на куќа, но сепак им е потребна помош за изградба на домот. Близнаците со мали чекори пред местото каде треба да биде новиот дом, а радоста е уште поголема што ова семејство со години чекале принова. Најсреќна е тетка Зорица таа секој слободен момент го користи да им помогне во чувањето на бебињата. „Би ни помогнала и донација од градежен материјал, навистина куќата каде сега живееме е мала за девет луѓе“, раскажува Алекснадар Зиков. „Потребна ни е помош. Тие сега одат во градинка но интересно е што не сакаат да си одат дома убаво им е во градинка“, вели Благица Зикова. Хуманиот потег за изградба на овој дом го почнал Александар Георгиевски хуманитарец од организацијата „Подај Рака Спаси Живот“ и пожарникар од Штип помогнал на многу семејства. Тој раскажува дека оваа е позитивна приказна и убав симбол на градот Штип и дека се надева дека граѓаните и фирмите ќе бидат хумани. „Ние се надеваме дека нема да ги заборавиме како убава приказна. На почетокот сите им ветуваа помош, но некак се спласна“, изјави Александар Георгиевски „Подај Рака Спаси Живот“. Сите оние кои сакаат да донираат може тоа да го направат на телефонскиот број 143 – 999. За сума над 6000 денари на жиро сметката на фондацијатa [👇] Сметка - 270078016610134 Назнака - за четворката близнаци од Штип Шифра 562 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДелови од Драчево и Влае денеска без струјаПоради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска (29 јуни) без електрична енергија ќе останат делови од општините Кисела Вода и Карпош, информираат од ЕВН Македонија.Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: – Улицата Герника бр.8 и бр.10 Драчево, општина Кисела Вода, од 5:00 до 13:00 часот; – Улицата Иван Хаџиниколов бр.3 и бр.5 Драчево, општина Кисела Вода, од 5:00 до 13:00 часот; – Улицата Вангел Дину и дел од непарни броеви на улицата Франц Прешерн, населба Влае, општина Карпош, од 9:00 до 13:00 часот.Тагови: ЕВН Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРегистриран земјотрес во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар08:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:0958- годишен возач на камион загина во тешка сообраќајка на патот Прилеп- Градско 09:36
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална15:24
Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ мора да биде мост кон полноправно членство, а не трајна чекална10:59
Преку камерите на „Безбеден град“ пишани 120.000 казни за пет месеци, странците може да возат како сакаат 15:09
ФудбалСП2026: Канада прв осминафиналистКо-домаќинот на 23 светски фудбалски шампионат Канада е во осминафиналето! Канадските фудбалери се првите учесници во осминафиналето на Светското првенство, откако на отворањето на нокаут фазата на Мундијалот ја елиминираа Јужна Африка со резултат 1:0 (0:0). Еден од домаќините на Светското првенство оствари историски успех со гол во судиското продолжение, постигнат од Стивен Јусташи. Во битката за четвртфиналето, екипата на Џеси Марч ќе игра против подобриот тим од дуелот Холандија-Мароко, кој ќе се игра ноќта помеѓу понеделник и вторник од 03:00 часот.Тагови: СП2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛитванскиот министер за надоврешни работи во посета на МакедонијаМинистерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски денеска во министерството ќе има средба со министерот за надворешни работи Литванија Кестутис Будрис.Во фокусот на разговорите ќе бидат унапредувањето на билатералните односи меѓу двете земји, соработката во рамките на НАТО, како и поддршката од Литванија за европската интеграција на Македонија. Во рамките на посетата е предвидена тет-а-тет средба со министерот Муцунски, по што ќе следи заедничка прес-конференција..Тагови: МНР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter