Сторија која докажува дека доброто воспитување е повредно од материјалното богатство - Канал 5

Сторија која докажува дека доброто воспитување е повредно од материјалното богатство

Едно момче 20 години живеело скромно, откако дипломирало, татко му му открил голема семејна тајна која му го променила животот!

Сторија која докажува дека доброто воспитување е повредно од материјалното богатство

Сторија која докажува дека доброто воспитување е повредно од материјалното богатство.

Кога ќе добијат дете, родителите се трудат да му ги всадат вистинските вредности и да го воспитаат за нивното дете да порасне во среќен и успешен човек. Токму ова е најголем успех на Занг Јудонг и неговата сопруга, кои уште од мали нозе го научиле својот син Занг Зилонг ​​дека знаењето е моќ и дека малиот ќе мора да се помачи за да живее удобно и пријатно.

Момчето откако тргнало во училиште, учело напорно, најпрво за да стекне знаење, а потоа и да не ги разочара родителите. Се дружело со деца кои биле воспитани на ист начин. Семејството Занг живеело во просечен стан, кој по ништо не се разликувал од становите во кои живееле другите семејства во округот Пингјанг.

Зилонг ​​знаел дека неговото семејство има приватна фирма, но неговите родители му велеле дека во работата не им „цветаат рози“. Тие му откриле дека морале да се задолжат многу за нивната фирма која се занимава со производство на храна да опстане. Животниот стил на семејството Занг по ништо не се разликувал од оној на нивните соседи кои немале приватни фирми: момчето не носело брендирана облека, не одело на скапи одмори ниту имало скапи играчки. Уште од мали нозе учел да живее скромно, исто како и неговите родители.

Сакајќи што побргу да го заврши своето образование за да им помогне на родителите да го вратат долгот на фирмата, Зилонг ​​напорно учел и полагал испити. Кога дипломирал, веднаш им рекол на родителите дека бара постојана работа која ќе му обезбеди редовни примања за што побргу да се отплати семејниот долг, пишува scmp.

Тогаш неговиот татко му соопштил вест која многу го изненадила ова момче. Мудриот Јудонг Занг го известил својот син дека семејната фирма отсекогаш функционирала одлично и дека долго време биле милионери, но тој не сакал да му го открие тоа додека се школувал. Сакал, како што раскажал Зилонг, уште од мал да го научи дека успехот е она кон што секој треба да се стреми и за што секој треба да се бори.

Занг Јудонг е основач и претседател на компанија за храна во Кина која годишно извезува стока во вредност од седум милиони евра. Неговиот син уште додека учел основно бил мултимилионер и тоа не само што не го знаел, туку и според стилот на живот, не ни можел да го претпостави.

Кога татко му му рекол дека ќе наследи големо богатство, Зилонг ​​со семејството се преселил во новоизградената вила вредна повеќе од милион евра. Младиот Зилонг ​​почнал да работи во одделот за онлајн трговија во компанијата на својот татко и сега сака да ѝ помогне на компанијата да излезе на берзата. Во меѓувреме, неговиот татко изјавил дека ќе размисли да му ја предаде компанијата само доколку неговите резултати покажат оти е подготвен да се најде на толку висока позиција.

Фасцинантната приказна ги запрепасти корисниците на социјалните мрежи во Кина. И додека некои целосно веруваат дека приказната за мудриот милионер е вистинита, други велат дека ова е само „бајка“.

- Каква бајка! Обична жаба се претвора во принц...

- Верувам во оваа приказна. Овој бренд почна да се огласува последниве години. Веројатно тоа се случило откако синот дипломирал, па таткото повеќе немал потреба да го крие семејното богатство - коментираат луѓето на мрежите.

Извор: srecna.republika.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Најдовме купец, АЛТА банка ќе биде спасена до крајот месецот

Премиерот Христијан Мицкоски очекува Алта банка наскоро да добие нов сопственик, нагласувајќи дека веќе има заинтересиран купувач. 

Мицкоски: Најдовме купец, АЛТА банка ќе биде спасена до крајот месецот

Со тоа вели нема да се реализира сценариото за стечај, за кое според него се залагала опозицијата. Мицкоски посочи дека поминал тридневниот рок за известување на српскиот регулатор, а сега тече десетдневниот рок по кој Народната банка треба да ги понуди акциите на продажба преку Македонската берза. Потоа следуваат уште пет дена за лиценцирање на потенцијалните понудувачи. Аукцијата, како што најави Мицкоски се очекува кон крајот на месецов или почетокот на идниот.

- И денеска сум голем оптимист дека, за жал, од опозицијата ќе бидат разочарани, бидејќи нивните црни сценарија и обиди банката да отиде во неизвесност, односно во стечај, нема да се реализираат. Односно, ќе имаме финансиска институција, банка којашто ќе биде сопственик на Алта банка. Значи, ќе ја спасиме банката – тоа е многу важно и за доверителите, но и за луѓето коишто се во, би рекол, некаква релација со Алта банка. А тоа е лоша вест за нашата опозиција којашто се молеше и на дневна основа водеше кампања дека банката ќе банкротира, ќе отиде во стечај итн.,- Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Кој е заинтересираниот купувач не е познато, а претходно, гувернерот Трајко Славески изјави дека интерес покажале шест инвеститори, меѓу нив и две домашни банки.

Во меѓувреме, Алта банка од денеска ги отвори вратите и во Тетово и Струмица, за шалтерска исплата до 20.000 денари за клиентите кои немаат платежни картички. Од денеска, зголемен е и неделниот лимит за користење на картичките и подигнување пари од банкоматите од 15 на 20 илјади денари.Но првиот ден од проширувањето на шалтерската мрежа не помина без проблеми..Слична слика како и во Битола, денеска имаше во експозитурата во Струмица, редици граѓани пред банката и незадоволство. Дел од граѓаните утрово реагираа дека чекале со часови, бидејки на шалтерите ниту во банкоматите немало пари, па се очекувало тие да бидат донесени од Скопје.

- Внатре немаат пари, ниту пак во банкомат има.

- Од 7 саат чекам тука и што да правам болна жена ако ми стане лошо кој ќе одговара?

- Таму нема на шалтерите, чекаат од Скопје да донесат, а кога ќе дојдат не знам.

Од Народната банка попладнево соопштија дека проблемот бил решен и дека исплатите на сите шалтери продолжиле да се одвиваат непречено. Велат дека во експозитурата во Струмица на почетокот на работниот ден имало краткотрајно доцнење поради логистичка организација, по што исплатата продолжи согласно предвидената динамика.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп планира да се сретне со Путин и Си во Кина следната недела

Доналд Трамп, Владимир Путин и Си Џинпинг би можеле да се сретнат во Кина следната недела за да разговараат за завршување на војната во Иран.

Трамп планира да се сретне со Путин и Си во Кина следната недела

Трамп им рече на новинарите дека очекува да се сретне со рускиот и кинескиот лидер на азиско-пацифичкиот самит во Шенжен, Кина, закажан за 18 и 19 ноември.

„Тоа ќе биде интересно. Ќе разговараме за многу работи, вклучително и за денуклеаризација. Се обидуваме да ја завршиме војната во Иран“, кажа Трамп.

Идејата за ваков самит прв ја предложи Путин, кој притоа сакал да се разговара за завршување на војната во Украина. Кремљ на 21 октомври соопшти дека се прават подготовки за ваква средба

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Инфлацијата во октомври 3,3%, соопшти ДЗС

Инфлацијата во октомври според индексот на трошоците на животот бележи зголемување од 3.3  отсто во однос на истито месец лани, додека индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.2  отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Инфлацијата во октомври 3,3%, соопшти ДЗС

На годишно ниво најмногу поскапело горивото. Според статистичките податоци, транспортот во октомври годинава е за 9,5 отсто поскап во однос на лани. Трошоците за рекреација, спорт и култура се зголемиле за 8,5 отсто, а за образование над 5 отсто.

На месечно ниво инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во октомври 2026 година, во однос на септември 2026 година, изнесува 0.4 отсто, индексот на цените на мало е повисок за 0,2 отсто.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер