Стопанската комора почнува со онлајн обуки – ќе им помага на компаниите подобро да ги искористат мерките за поддршка

Стопанската комора на Македонија од утре ќе почне онлајн обуки за компаниите со цел тие полесно, поефикасно и соодветно да ги искористат владините мерки за поддршка.

Како што соопшти Комората, на практичен начин ќе се обработат и презентираат донесените уредби со законска сила што се во надлежност на Управата за јавни приходи.

-Промотивно, првата онлајн обука ја организираме во соработка со Управата за јавни приходи на тема „Поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствено-економската криза предизвикана од КОВИД-19", која ќе се одржи утре, на 28 април, од 10:00 до 13:00 часот. Обуката преку виртуелна училница ќе се изведува во живо и вклучува целосна интеракција на учесницитевели оперативниот директор на Стопанската комора, Анета Трајковска.

Според неа, неизбежно е во овој вонреден период сите да го приспособат своето работење и да пристапат кон зголемена примена на дигиталните технологии и услуги, тие да станат приоритет во секојдневното работење.

Директорката информира дека Комората изврши набавка на опрема и претплата на еден од најквалитетните „онлајн"-софтвери за видео-конференциски врски која обезбедува стабилна конекција за голем број учесници и истовремено организирање на повеќе настани, со што во овој вонреден период ќе го приспособи целосно работењето.

-Преку примена на софистицирани дигитални технологии продолжуваме со континуирана организација на настани, состаноци, конференции, бизнис-форуми, прес-конференции и едукација, а со тоа продолжуваме и во остварувањето на целите на нашето постоење. Можеме да очекуваме дека по завршувањето на пандемијата корисничките навики можеби и ќе се променат и дигиталната услуга ќе стане приоритет во секојдневното работење и живеење на сите нас, наведува директорката.

Стопанската комора на Македонија минатата година организираше преку 225 настани (состаноци и расправи за компаниите, конференции, форуми, проектни активности, презентации) на здруженијата според дејности и преку регионалните комори, одржа 48 прес-конференции и повеќе од 40 бизнис-настани кои беа медиумски поддржани, а само преку Центарот за едукација беа организирани 120 едукативни настани на кои учествуваа 2.700 посетители.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер