Проблемите со видот, нарушувањето на видот и слабоста во мускулите може да бидат знак за недостаток на овој витамин
2 Проблемите со видот, нарушувањето на видот и слабоста во мускулите може да бидат знак за недостаток на овој витамин
МакедонијаСтопанската комора е за институционално решавање на проблемот со системот ЕЕС, наместо со гранични блокадиМакедонските компании ќе се соочат со големи финансиски загуби поради 7 дневните протеси на транспортерите поради новиот ЕЕС систем велат дел од стопсанските комори во земјава.Иако во апсолутна бројка колкави би биле штетите кои би ги претрпеле комапнииите во моментов немаат, сепак од бизнис секторот оценуваат дека бројките на крајот од денот би биле загрижувачки, бидејќи загубите ќе бидат по повеќе основи, и тоа пенали за задоцнета испорака, намалување на производството, недостаток на суровини. Проблемот со новиот систем наместо со блокади, од коморите сметаат дека треба да се решава институционално. Иако ги поддржуваат реакциите на транспортерите сепак оценуваат дека се работи за проблем за кој е потребно да се изнајде системско решение. Првиот човек на Сојузот на стопаснки комори, Горан Георгиевски вели ова е регионален проблем и според него претставува иницјална каписла со која што се сака да се катализира процесот на наоѓање на соодветен договор меѓу Европската унија и регионот... „Не се знае каде се тој меѓунероден транспорт ќе допре т.е. ќе влијае за да се ззгоелмат трошоците или пак како ќе влијае конечно на производството, бидејќи тука може да вметнеме повеќе елеементи ако не испорачате одреден производ до ЕУ може пенали да плаќате. Понатаму намалено производство кај нас бидејќи ќе нема узов на материјаили.... Ги поддржуваме реакциите и како ССК ги сметаме како еден вид катализатор со цел да се овозможи да се најде систмско решение со ЕУ за трајно решение на проблемите.... “ Дека загубите ќе бидат од големи размери алармираа и од Стопанската комора, од каде посочија дека за надминување на проблемот, но и последиците од него уште минатата недела, заедно со коморите од регионот испратиле писмо и до претседателката на Евроспката комија. с „Стопанска комора, заедно со коморите од Западен Балкан, упати заеднички апел до претседателката на Европската комисија во кое укажавме дека очекуваме земјите-членки да усвојат привремени мерки овозможувајќи им на професионалните возачи непречено да го вршат меѓународниот патен транспорт, сè додека не се воспостави трајно и системско решение. Ваквиот пристап би бил во заеднички интерес на Европската Унија и Западен Балкан. “ Бокадите на граничните премини според најавите ќе траат 7 дена. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАктивни се пожарите во Маврово и ростуше и гори депонијата кај Шуто ОризариАктивни се два пожари на отворен простор, информираат од ЦУК.Три пожари се ставени под контрола, а 22 се целосно изгаснати. Активни се пожарите во општина Маврово и Ростуше, на месноста Голем Брдаш, каде што гори шума, како и во Шуто Оризари, во Визбегово, зад хотелот „New Star“, каде што гори депонија. Под контрола се пожарите над селото Палиград – Преслап во општина Зелениково, во мешана шума, во селото Копаница во општина Сарај, каде што гори нискостеблеста шума и ниска вегетација, како и пожарот кај селата Пискупштина, Буринец и Локов во Струга, каде што е зафатена нискостеблеста шума.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПревентивни активности за безбеден сообраќај и спречување имотни деликти и пожариНа 02.09.2026 во Велес, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес реализираа превентивна активност „Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“.Целта на активноста е да се подигне свеста на граѓаните за заштита од имотни деликти, особено од тешки кражби од моторни возила. На граѓаните преку директни средби и разговори им беше укажано возилата да ги оставаат на безбедни места како паркинг простори и осветлени локации, како и на тоа да не оставаат вредни предмети како чанти, телефони, паричници и сл. во возилата и истите секогаш да ги заклучуваат. Превентивна активност за заштита од кражби на подрачје на Демир Капија и Крушево, денеска реализираа и полициски службеници од ОВР Неготино и ОВР Крушево. Полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје и ПО БПС при ОВР Кавадарци пак, во Скопје и Кавадарци реализираа превентивни активности за безбеден сообраќај, со акцент на тоа да им се укаже на граѓаните за потребата од задолжително користење сигурносен појас во возилата и дека тоа претставува обврска како за возачите, така и за патниците во возилата, во насока на зголемување на личната безбедност. Исто така, на возачите на мотори и електрични тротинети им беше потенцирана обврската од носење заштитна кацига, пред се за нивна лична безбедност. Во Штип пак, од страна на Отсекот за превенција при СВР Штип акцент беше ставен на правилното паркирање. Во централното подрачје на Тетово полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово реализираа превентивна активност за безбедност на пешаците, при што полициските службеници ги потсетуваа пешаците за нивните обврски при учество во сообраќајот, дека треба да ја поминуваат улицата на обележан пешачки премин, да не користат мобилен телефон и слушалки додека поминуваат пешачки премин, како и за други правила кои треба да ги почитуваат за нивно безбедно учество во сообраќајот како пешаци. Исто така, на возачите им беше укажано дека мора целосно да ги почитуваат правилата, односно да им даваат предност на пешаците при преминување на сообраќајниците. На граѓаните им беше потенцирана потребата од почитување на сите сообраќајни правила и прописи, со цел зголемување на безбедноста на улиците и патиштата. На подрачјето на Пробиштип, полициски службеници од ПС Пробиштип реализираа превентивна активност за спречување на пожари, со посебен акцент на избегнување на палење оган, граѓаните да не фрлаат отпушоци од цигари и доколку забележат пожар веднаш да пријават на телефонскиот број 112. На земјоделците пак, им беше потенцирана потребата од внимателно извршување на земјоделските работи, со акцент на опасностите од предизвикување пожари од палење на меѓи, стрништа со сува трева и смет на ниви. Исто така, им беше укажано дека предизвикувањето пожари е кривично дело, што соодветно законски се санкционира. На граѓаните им беше поделен и печатен едукативен материјал, изработен во соработка со ЈП „Национални шуми“.Тагови: Превентивни активности Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОрхан Муртезани стапи на функцијата во НАТОНовиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер за европски прашања, Орхан Муртезани.Денеска стапи на функцијата, а упати благодарност до генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте, за „топлиот прием“ при официјалното предавање на акредитивните писма. Муртезани во објава на социјалните мрежи напиша дека Македонија има свое место, свој глас и сојузници во НАТО“.Тагови: Орхан Муртезани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter