Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
1Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
СветСтоп за илегалниот сунет во Белгија: Се запленуваат ножеви, никој не е уапсен Белгиската полиција утрово изврши рација во три домови во еврејскиот кварт во Антверпен, како дел од судската истрага за нелегални обрежувања што започна пред шест месеци.Полицијата утрово изврши рации на три локации во Еврејскиот кварт и блискиот Зелен кварт, запленувајќи ножеви и друга опрема што се користи за обрежување, според извештајот, објави белгискиот јавен радиодифузен сервис VRT, пренесе Тајмс оф Израел. „Предмети што укажуваат на можна вмешаност во овие нелегални обрежувања се пронајдени и запленети за понатамошна истрага“, изјави Кристоф Ертс од канцеларијата на јавниот обвинител во Антверпен, додавајќи дека се запленети ножеви и комплети за обрежување. Претреси биле наредени од судија по жалба од еврејската заедница, а во операцијата никој не бил приведен, соопшти Обвинителството. „Во моментов никој не е уапсен, но осомничените се поканети да дадат изјави во полицијата. Станува збор за лица кои се идентификувани како вмешани во овие нелегални обрежувања“, додаде портпаролот на јавното обвинителство. Belgian police raid homes over illegal circumcisions allegedly performed not by doctors https://t.co/PSX2ehKZsl — The Times of Israel (@TimesofIsrael) May 14, 2025 Полицијата е загрижена за можноста еврејските обрежувања да ги вршат мажи кои немаат соодветна медицинска обука. Европската еврејска асоцијација (EJA) за новинската агенција Белга изјави дека ја осудува оваа акција. „По забраната за ритуално колење, вознемирувањето на мохелите (лица кои вршат ритуално обрежување) претставува ново преминување на границата и јасен предупредувачки сигнал за белгиските Евреи и белгиската влада“, се вели во соопштението, во кое се повикува на усвојување закон со кој „експлицитно би се признало обрежувањето како заштитен елемент на верската слобода“. Според ЕЈА, полицијата извршила рации во становите на неколку „мохели“, конфискувала ножеви и побарала список на деца кои биле обрежани таму во изминатата година. Организацијата го нарекува ова „уште едно кршење на црвената линија во заплашувањето на еврејските верски водачи во Белгија“. Ритуалното обрежување сè уште не е забрането во ниту една европска земја, иако имало обиди во неколку земји. Многу земји, вклучувајќи ја и Белгија, дозволуваат само лиценцирани хирурзи да го изведуваат религиозниот ритуал, кој често се изведува во синагога. Минатата година, властите во Ирска уапсија лондонски рабин за наводно извршување ритуали на обрежување без потребните медицински квалификации.Тагови: Белгија ножеви Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМногу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреваротШкотските навивачи ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи? Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦентарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритамСкопје денеска живее во фудбалски ритам. Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка. Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици. Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат. За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија. Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаЛишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријаваНа 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари. Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook