Стоматолозите од денес ќе може да аплицираат за лиценци директно во министерството за здравство - Канал 5

Стоматолозите од денес ќе може да аплицираат за лиценци директно во министерството за здравство

Стоматолозите кои имаат потреба од продолжување на лиценците за работа нема да бидат оставени на цедило, тврди министерот за здравство Азир Алиу и им порача барањата да ги доставуваат до министерството.

Стоматолозите од денес ќе може да аплицираат за лиценци директно во министерството за здравство

Алиу останува на ставот дека правично постапил кога решил да и ги одземе ингеренциите на Стоматолошката комора за лиценцирање и тврди дека има факти за нивното незаконско постапување.

-Од денеска еве најавувам дека може сите апликации да бидат, да се аплицира кај нас. Значи, секторот за стоматологија, веќе потпишав решение, освен дневните обврски што ги има, сега ќе има заедно со вработените во комората да ги процесира сите барања од стоматолозите. Така да, нема да има застој, само ќе има ред и ќе има закон,- - Азир Алиу.

Бидејќи за да имаат лиценци, стоматолозите прво треба да посетуваат обуки и едукации, ова ќе се одвива на факултетите во Скопје и Тетово и ќе можат да се одржуваат и он-лајн. Методологијата на добивање нова или обновување на веќе добиената лиценца ќе биде иста, како и потребното време за спроведување на целата процедура, вели Алиу.

-Ќе треба да се организираат хибридни обуки. Хибридни, значи ќе биде физички тука, во просториите на факултетите во Тетово и во Скопје и онлајн истите ќе бидат за нашите колеги стоматолози кои не можат да бидат присутни или ако се надвор од државата. Така да, ние сите чекори ќе презедовме. Не можам да ви кажам колку е времето од моментот на лиценцирање, но претпоставувам дека според тој правилник што истиот ќе го користиме ние, само ќе биде законски ќе може најверојатно ако не побрзо, во ист период како што било со комората,- - Азир Алиу .

Решението за одземање на надлежностите на стоматолошката комора беше врачено вчера, според министерот, заради низа неправилности и противправно работење. Претседателот на комората, Маријан Денковски демантираше и најави дека со правни постапки ќе докажува дека работеле согласно закон.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Стапката на инфлација се намалува, пониска е и од инфлацијата во еврозоната

​Податоците од Државниот завод за статистика укажуваат на забавување на инфлацијата.

ВМРО-ДПМНЕ: Стапката на инфлација се намалува, пониска е и од инфлацијата во еврозоната

Инфлацијата во јули изнесува 2,3 проценти на годишно ниво што покажува тренд на намалување. Во јули стапката на инфлација во Македонија е под просекот на еврозоната во која стапката на инфлација во јули изнесува 2,9 проценти.

Колку за споредба во април 2026 година инфлацијата на годишно ниво изнесуваше 5,7 проценти, во мај 4,8 отсто и во јуни 3,4 проценти.

Особено е значајно што и во текот на јули продолжува трендот на намалување на цените на храната и безалкохолните пијалаци, кои се пониски за 1,1 процент во однос на претходниот месец. Ова е од големо значење бидејќи храната има најголемо влијание врз семејниот буџет и животниот стандард на граѓаните.

Овие податоци од надлежната институција, Државниот завод за статистика се потврда на политиките кои ги креира Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Бројките несомнено се позитивен сигнал за движењата во економијата. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги следи економските движења и да креира мерки во интерес на граѓаните и нивниот животен стандард.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ оддаде почит на македонските бранители кои загинаа кај Карпалак

Делегација на СДСМ денеска положи цвеќе на спомен обележјето кај месноста Карпалак.

СДСМ оддаде почит на македонските бранители кои загинаа кај Карпалак

Делегација на СДСМ предводена од заменик претседателката Фани Каранфилова Пановска, заедно организацискиот секретар Зоран Трифуновски и претседателот на ОО СДСМ Тетово, Жика Алексоски денеска положи цвеќе на спомен обележјето кај месноста Карпалак, и оддаде почит на македонските бранители кои загинаа кај Карпалак.

Вечна им слава на Горан Миновски, Сашо Китаноски, Веби Рушитоски, Бранко Секулоски, Љубе Грујоски, Нане Наумоски, Ердован Шабаноски, Марко Деспотоски, Пеце Секулоски и на Дарко Велјаноски, армиските резревисти кои на 8 август 2001 година беа убиени кај месноста Карпалак.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Караванот со музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден" по повод 35 години независност стига во Битола!

Со големо задоволство споделуваме дека караванот со музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден", по повод 35 години независност на Македонија, на 11 август пристигнува во Битола, на платото на Офицерски дом, со почеток во 20:30 часот.

Караванот со музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден" по повод 35 години независност стига во Битола!

Преку музика, глума и танц, во форма на мултимедијален сценски спектакл, ќе биде раскажана приказната за 35 години независност на нашата татковина, истакнувајќи ги најзначајните историски моменти, подемите, предизвиците и достигнувањата од изминатите три и пол децении.

Во пресрет на 8 Септември, кој годинава го одбележува големиот јубилеј – 35 години независност, ќе се реализира музички караван со настапи на познати македонски изведувачи и актери во 11 градови низ државата.

Караванот започнува во недела (9 август) во Охрид, а потоа продолжува во Битола (11 август) и Велес (12 август). Во наредниот период ќе посети уште осум градови низ Македонија, носејќи ја празничната атмосфера поблиску до сите граѓани. Останатите градови ќе бидат дополнително објавени.

Се гледаме на „Силно светнал ден", за заедно, на емотивен и спектакуларен начин да го започнеме одбележувањето на 35 години независност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер