Мицкоски: Опозицијата седум години ја ограбуваше Македонија, а со нас денес е стабилна и во најголемата енергетска светска криза
2Мицкоски: Опозицијата седум години ја ограбуваше Македонија, а со нас денес е стабилна и во најголемата енергетска светска криза
ЗдравјеСтоматолозите бараа информации за заболени од Ковид 19 за да се заштитатМинистерство за здравство и Фондот за здравствено осигурување на сите матични стоматолози да им доставуваат секојдневно листа со лицата позитивни на вирусот и тие во самоизолација, а се регистрирани како матични пациенти во таа ординација.Вакви се барањата на стоматолозите од Тетово кои потенцираат дека така ќе можат да се заштитат самите и сите останати кои доаѓаат на интервенција. -Јас како матичен стоматолог, во моментов како што медиумите пишуваат „општината што гори, немам никаква информација за ниеден од матичните пациенти дека е заразен или во самоизолација, а не можам да ги почитувам докрај мерките и пациентот да ја носи маската во целиот период на интервенцијата. Ние стоматолозите очи во очи се соочуваме со вирусот со препорачана дистанца од 30 сантиметри, распрскани аеросоли, интервенција која бара прецизност. Од друга страна од две маски, наочари, визир, капа, скафандер – освен замаглување на наочарите не гледаш ништо, задржуваш здив за да можеш да му ја скратиш маката на пациентот, за кога ќе замине да те благословува што вечерва ќе може око да склопи, после минатата непроспиена ноќ, вели д-р Маре Серафимовска, стоматолог од Тетово. Таа смета дека сите се подеднакво загрозени од Ковид 19 и поради поделбите во општеството. -Поделени институции, празни ветувања, борба за парламентарно столче, министерско место, создавање непослушност, меѓусебна верска омраза, се главните кластери на Ковид-19, многу едноставно е. Сите сме исти, подеднакво имуни, без селекција, и не ме интересира кој од „функционерите" е во самоизолација или заразен, ме интересираат сите заради кои тие се таму, вели д-р Серафимовска. Граѓаните и читателите на интернет порталите по новинарските извештаи секојдневно бараат подетални информации за тоа од кои места се заразените од коронавирус./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Други спортовиТрагедија во ринг: Борач го фрли судијата, тој почина на самото место (ВИДЕО)75-годишен судија почина за време на натпревар во борење во Мексико откако беше фрлен на подот од борачот Хозе Анхел. Инцидентот го објави порталот „Ацтека Нотицијас“.Според медиумските извештаи, судијата останал неподвижен по ударот, додека гледачите првично мислеле дека сето тоа е дел од претстава, со оглед на тоа што мексиканското борење често вклучува однапред планирани и театарски сцени. Сепак, ситуацијата набрзо станала сериозна. Медицински тим влегол во рингот и се обидел да му помогне на судијата, но лекарите го прогласиле за мртов на местото на настанот. Полицијата го притвори борачот Хозе Анхел, кој се соочува со обвиненија за убиство од небрежност. Властите продолжуваат со истрагата за да ги утврдат сите околности на овој трагичен настан. Иако мексиканското борење е познато по својата театралност и однапред планираните сцени, повредите за време на настапите не се невообичаени. Овој случај повторно го отвори прашањето за безбедноста и одговорноста на учесниците во случај на сериозни повреди или смрт за време на спортски настани.Тагови: борач судијата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЗаложничка криза во Германија, има мртви и тешко повредени (ВИДЕО)Рутинската контрола на оружјето во баварскиот град Бергнау се претвори во целосна криза со најмалку едно лице загинато и едно тешко повредено, јавуваат медиумите во Германија.Кризата започна кога двајца локални владини претставници дојдоа во домот на еден маж на рутинска контрола на оружјето. Во ситуација опишана од германските медиуми како „нејасна“, човекот застрелал и убил едно лице, а друго сериозно повредило. Потоа се забарикадирал во својот дом, а на местото на настанот пристигнале големи полициски сили, вклучувајќи и специјални сили. Хеликоптер кружи над Бергнау, а е донесено и полициско оклопно возило. Полицијата им нареди на жителите да останат во своите домови и да ја избегнуваат кризната зона. Портпаролот на полицијата Јонас Краус изјави: „Според досегашните информации, во куќа во Бергнау има маж кој наводно испукал неколку куршуми“. „Франкфуртер Рундшау“ известува дека на полицијата ѝ било дозволено да влезе во зградата и да го извади телото на убиеното лице. Други медиуми објавија дека телото било пред куќата. Пошироката област околу општината Бергау во Баварија, која има население од околу 2.600 жители, е блокирана. Според полицијата, нема опасност надвор од блокираната област.Тагови: Германија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Опозицијата седум години ја ограбуваше Македонија, а со нас денес е стабилна и во најголемата енергетска светска криза Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на митинг во Милетино во пресрет на изборите за градоначалник на општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври годинава, имаше свое обраќање .Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на митинг во Милетино во пресрет на изборите за градоначалник на општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври годинава, имаше свое обраќање пред присутните од каде повика на масовно обединување на граѓаните на претстојните избори, а потсети и на времето на претходната власт. ,,Седум години ја ограбуваа, ја распродаваа и ја уништуваа Македонија. Како да овие луѓе до пред само две и пол, три години, не беа тие коишто беа понижувани преку партија фудбалчиња и баскет парти во кабинетите и беа верни слуги на оние кои што владееја со нив. Како да заборавиле и на модуларната болница, како да заборавиле и на стабри и на мархиуана економија. И денеска еве ги тука пред вас, ви кажуваат како тие биле опцијата, како тие ќе го нанеле ударот врз идниот градоначалник Стојанчо, и како тие ќе помогнеле да не бидеме ни ние тие кои што ќе влезат во вториот круг“, вели Мицкоски. Тој повика на обединување на 18-ти октомври, затоа што, како што вели, опозицијата не е алтернатива. ,,Не се тие алтернативата. Тие се луѓето кои што ја ограбија и уништија Македонија. Зарем сакаме тие времиња да се вратат, кога понижени со свиткана кичма потпишуваа бели листови хартија, распродавајќи ја државата и истовремено ги полнеа своите џебови. Зарем тие истите луѓе, коишто седум години не водеа сметка да ве прашаат и погледаат во очи, како ви е, како се живее и што треба да направат за вас, за вашето место, за вашата општина и за нашата заедничка татковина. Единствено нешто за кое што се грижеа беше нивниот паричник, нивниот удобен живот, дебелите персиски килими, кожните фотелји и што е можно повеќе да украдат од вас граѓаните“, рече Мицкоски, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40