Стоматолошката комора негира злоупотреби при издавањето лиценци - Канал 5

Стоматолошката комора негира злоупотреби при издавањето лиценци

Решението е врачено, Стоматолошката комора не смее повеќе да дава, одзема или продолжува лиценци.

Стоматолошката комора негира злоупотреби при издавањето лиценци

Решението е врачено, Стоматолошката комора не смее повеќе да дава, одзема или продолжува лиценци, а надлежностите за лиценцирање ги превзема Министерството за здравство, поради, како што е наведено во самиот документ, низа неправилности и противправно работење. Претседателот на Стоматолошката комора Маријан Денковски, тврди дека не работеле незаконски, кажа дека освен тоа што ќе приговаат, имаат и кривична пријава против стручната комисијата врз основа на чиј извештај Министерот Азир Алиу ги одзема ингеренциите.

Од Стоматолошката комора тврдат дека иако ги доставувале документите, тие се губеле по сектори, а Министерот Алиу не сакал лично да ги прими. Тврдат дека и финансиите им се уредни.

Алиу не кажа која е сумата за сомневањата за финансиски криминал, ниту пак, колку лиценци на стоматолози неправилно се издадени или продолжени, но најави дека целокупната документација која укажувала за злоупотреби во работењето на Стоматолошката комора ќе ја достави до јавното обвинителство.

Во меѓувреме, стоматолозите кои сега треба да извадат или продолжат лиценцата не знаат на која врата да тропнат.

Министерството, не даде одговор, кој поточно ќе ги превземе надлежностите, и што да прават стоматолозите на кои им се неопходни лиценци за да работат во периодот на временскиот вакум.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Деветмина загинати во пад на приватен авион во Флорида (ВИДЕО)

Девет лица загинаа во пад на приватен авион во округот Палм Бич, Флорида. Авионот „Лирџет 60“ летал од Остин, Тексас, кон Бахамите. Се урнал на прометна сообраќајница, при што се создал длабок кратер и избувнал голем пожар.

Деветмина загинати во пад на приватен авион во Флорида (ВИДЕО)

Непосредно пред несреќата, пилотот пријавил насобирање мраз на авионот. Потоа упатил повик за помош, предупредувајќи дека леталото брзо ја губи висината. Според податоците од следењето на летот, авионот изгубил 27 илјади стапки за една минута. Во областа имало и бури, но не е познато дали тие придонеле за несреќата. Околу 600 жители од блиската населба биле евакуирани поради оштетувањата. Несреќата ја истражуваат американските воздухопловни власти.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Специјалитет со свинско филе

Во понеделник (26.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Цаки - Кисми

„Гответе со Дракче“ - Специјалитет со свинско филе

Состојки за денешниот рецепт:

1500 гр. свинско филе

1 кг. свежи печурки буковки

200 гр. путер

100 гр. сенф

150 гр. мед

500 мл. кисела павлака

сол, бибер

лук во прав

италијанска (тајланска) мешавина

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општина

Мицкоски се обидува да си обезбеди алиби за предвремени избори.

СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општина

Наводната кавга со ВЛЕН поради губењето во Брвеница е само димна завеса. Oпштина не може да биде покритие за голем проблем како Алта банка.

Сè почна да се одмотува. Вистината излегува на површина.

Мицкоски бара спас во предвремени избори во надеж дека ќе може да избегне одговорност за криминалот, корупцијата, трансферот на дрога преку граница и учеството во криминалната организација заедно со Вучиќ.

Она што Алта банка го докажа е дека беше пералница за пари на мафијашкиот синдикат СНС-ВМРО-OКГ.

Немањето пари во буџетот е доказ за хаосот во кој сега се наоѓа оваа банда на власт.

Парите веќе не стигнуваат ни за пензии. Овој мафијашко кршење на Алта банка ќе доведе до рушење на финансискиот систем.

Она што му останува на Мицкоски, без да признае, се вонредни избори и теми што ќе бидат националистички и популистички. Поделба на народот. Сеење меѓунационална омраза.

Сè е спремно. Латас веќе тргна во кампања. Остатоците од БИА што ќе помагаат да се остварат плановите од руската агенда.

Сателитите како Левица и ЗНАМ 2.0, предводени од екипата што ја рушеше СДСМ, чекаат знак од Мицкоски и ќе се претстават во ново одело. Одело на опозиција на далечинско.

Граѓаните гледаат. Касата се празни. Бандата се тресе. Алибито со Брвеница не држи.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер