Столтенберг во посета на САД и Канада

 Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска, па до петок ќе престојува во посета на САД и Канада, јави дописникот на МИА од Брисел. 

Како што соопшти НАТО, денеска Столтенберг во Вашингтон ќе се сретне со претседателот на САД, Џо Бајден. Столтенберг денеска ќе има обраќање и во Центарот „Вилсон“, по кое ќе одговара на прашања на публиката.

Генералниот секретар на Алијансата утре има средби со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, со членовите на сенатскиот Комитет за надворешни односи и на Набљудувачката група на НАТО во Сенатот, како и со неколкумина сенатори, меѓу кои и со и лидерот на републиканското малцинство во Сенатот, Мич Меконел.

В среда, Столтенберг ќе отпатува за Отава, каде ќе се сретне со канадскиот премиер Џастин Трудо. Истиот ден, на Столтенберг ќе му биде врачена наградата „Луј Сент Лоран“, при што е предвидено тој да има обраќање пред присутните и да одговара на нивни прашања.

Столтенберг в четврток ќе се врати во Вашингтон, каде ќе се сретне со помошникот на претседателот на САД за национална безбедност Џејк Саливан и со конгресмените Мајк Тарнер и Џери Коноли. /МИА

Пуштено во употреба мултифункционалното игралиште во Текија, општина Илинден

Како што истакна градоначалникот Александар Георгиевски, жителите од ова населено место добија целосно ново место за спортување, игра и рекреација. 

Општина Илинден изврши целосна реконструкција на спортското игралиште кое се наоѓа во рамки на подрачното општинското основно училиште во населено место Текија, каде од игралиште за мал фудбал сега е мултифункционално игралиште за фудбал, кошарка и ракомет, а дел од комплексот е и новото детско игралиште.

Како што истакна градоначалникот Александар Георгиевски, жителите од ова населено место добија целосно ново место за спортување, игра и рекреација. Целосно е обновен асфалтниот слој, извршено е проширување на теренот, поставено лед осветлување, обновена е на заштитната ограда, поставени се нови голови, кош, клупи, корпи за отпадоци, како и партерно уредување на просторот. Покрај спортското игралиште реконструирано е и детско игралиште со реквизити како нишалки и клацкалки.

Со обновувањето на игралиштето се создадени се услови за реализација на часовите по физичко образование како и комплетно реконструиран, убаво уреден простор каде младите во спортски дух ќе го поминуваат слободното време.

Од Општина Илинден најавија дека ќе продолжат со реконструкција на постоечките и изградба на нови спортски терени и во останатите населени места.

Јаневска: Во септември ќе има учебници за основно образование и за средно во најголем дел

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска изјави дека ќе има учебници за учениците во новата учебна година која започнува во септември. 

-Да, ќе има за основно и за средно во најголем дел ќе ги имаат учебниците, изјави Јаневска која беше на поставување камен темелник на основно училиште во Драчево.

Таму присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски, кој рече дека тој и министерката за финансии работат на ребалансот на Буџетот и оти Владата ќе направи се за да се обезбедат учебници за новата школска година.

До петок нестабилно време со дожд и грмежи, за викендот стабилно и топло

 До петок ќе се задржи променливо облачно, нестабилно и малку посвежо време со пороен дожд и грмежи. 

Утре на повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд (над 30л/м2) за кратко време, грмежи, силен ветер (над 60 км/час) и град, соопшти УХМР.

За време на викендот времето ќе биде стабилно и потопло, а од понеделник кон крајот на денот повторно се очекува локален пороен дожд и грмежи.

притисни ентер