Столтенберг се закани: Русија ќе плати ако ја нападне Украина

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска ја предупреди Русија на „последиците“ и „цената што ќе ја плати ако употреби сила против Украина“ со силите подготвени за борба испратени до границите на земјата.

„Многу сме загрижени за тоа што се случува. По втор пат оваа година Русија концентрираше тешка опрема, тенкови и војници подготвени да се бори на границите на Украина. Нејзината реторика е агресивна, а нејзините намери се нејасни“, рече Столтенберг на прес-конференција во седиштето на НАТО.

„Русија во минатото ја нападна Украина со анексија на Крим и со поддршка на сепаратистите во Донбас. Мора да биде јасно дека ако Русија употреби сила против Украина, тоа ќе има последици и ќе плати за тоа. И затоа ние продолжуваме да ја повикуваме Русија да избегнува ескалација“, предупреди тој.

„Ситуацијата во Украина ќе биде една од главните теми на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Рига, Латвија, во вторник и среда“, нагласи тој.

Јенс Столтенберг не прецизира што ќе направи НАТО доколку Русија воена интервенира во Украина и не сака да ги сподели разузнавачките информации со кои располага.

„Многу сериозно ја сфаќаме ситуацијата и испратени се пораки до Москва“, изјави дипломат на НАТО, пренесува Франс прес.

Украина е партнер на НАТО, но не е членка на таа алијанса и не може да се повикува на член 5 од Северноатлантскиот договор, прецизира дипломатскиот извор.

НАТО не интервенира за време на анексијата на Крим или за време на руската воена интервенција во Грузија во 2006 година.

Членот 5 предвидува дека вооружениот напад врз една или повеќе членки на НАТО во Европа или Северна Америка се смета за напад врз сите членки на Алијансата.

НАТО и помага на Украина да ги зајакне своите воени капацитети, да ги обучи војниците и да го обезбеди нејзиниот систем за оружје, рече Столтенберг.

Тој потсети дека на Москва и понудил продолжување на дијалогот на состанокот на Советот НАТО-Русија за да се смират тензиите и да се избегне каков било инцидент по зајакнувањето на руското воено присуство на границата со Украина.

„Но, Русија не ја прифати таа понуда“, забележал тој со жалење.

Да потсетиме, шефот на Украина денеска изјави дека имаат информации дека се подготвува државен удар.

Украина ги открила плановите за обид за државен удар, изјави претседателот Володимир Зеленски, додека Русија рече дека нема намера да учествува во наводниот обид за државен удар или на друг начин да преземе такви чекори.

Зеленски на прес-конференција зборуваше за обидот за државен удар, кој требало да се случи следната недела, каде што ја споменал и руската закана за воена ескалација.

„Се соочуваме со предизвици, не само од Руската Федерација и веќе имаме можни ескалации, но и големи внатрешни предизвици. – рече Зеленски.

Тој не дал подетални информации за пучот, ниту експлицитно ја обвини Русија дека е вмешана, но спомна аудио снимка од пучот, на која наводно се слушаат луѓе од Русија.

И двете земји во последните денови одржаа воени вежби.

„Во оваа борбена обука учествуваа околу десет екипажи од авиони и бродови на Црноморската флота во поморската база Новоросијск“, објави Интерфакс, повикувајќи се на наводите на Црноморската флота.

Според Интерфакс, борбените авиони Сухој и другите авиони вежбале одговор на непријателски воздушни напади со тренажни летови над Црното Море во соработка со Црноморската флота. Руската Црноморска флота се наоѓа на Крим, кој Москва го анектира од Украина во 2014 година. Киев бара Русија да го врати Крим.

Во црквата во Пустец наскоро заедничка богослужба на митрополитите г. Петар и г. Јован

 Наскоро заедничка богослужба во црквата „Свети Архангел и  Михаил“ во Пустец ќе одржат Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар и корчанскиот митрополит Јован.

Ова е договорено на велигденската средба во седиштето на Митрополијата на Корча, на лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ Васил Стерјовски и митрополитот Јован.

- Во Корчанската митрополија бев на традиционалната посета по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден. На митрополит Јован му го честитав празникот и му посакав добро здравје, радост, мир и спокојство. На средбата меѓу другото се договоривме за заедничка богослужба во црквата во Пустец на митрополитите Петар и Јован, информираше Стерјовски за МИА.

Од негово и од име на партијата и Македонците, тој упатил честитка и до сите верници кои го слават празникот, посакувајќи им многу здравје, среќа, благосостојба.

- Исто така, со корчанскиот митрополит Јован разговаравме и за состојбата со македонските верници и со верските објекти во Мала Преспа и единствениот манастир во ова подрачје „Света Марина“ во Туминец, каде со благослов на митрополитот Јован и донации на Македонците од Канада е изградена камбанарија, што на манастирот му недостигаше, рече тој.

На средбата Стерјовски бил придружуван од Атанас Плоча, заменик градоначалник на општина Пустец. /МИА

Двајца загинати, 21 повреден во нападот со нож во кинеска болница

Две лица загинаа, а 21 се повредени во напад во болница во југозападна Кина, јави ДПА.

Полицијата во округот Женксионг, во југозападната провинција Јунан, денеска соопшти дека маж од локално село ги извршил нападите со нож непосредно пред пладне.

Нема дополнителни информации за можните мотиви за нападот, ниту за идентитетот на жртвите.

Кинеските државни медиуми претходно објавија за 10 жртви, без да го прецизираат бројот на загинати и ранети.

На кинеската платформа за социјални медиуми Веибо кружеа видеа на кои се гледа апсењето на осомничениот сторител.

На други слики од местото на настанот се гледаат повредени жртви на земја. Полицијата соопшти дека повредените се пренесени во болница.

Обвинителството отвори истрага за инцидентот, соопшти полицијата.

Си Џинпинг во 2-дневна посета на Белград, ќе биде пречекан од авиони МИГ-29

Со кинески знамиња и билборди со пораки за добредојде испишани на кинески јазик, Белград го пречекува кинескиот претседател Си Џинпинг, кој вечерва пристигнува во дводневна посета на Србија.

Безмалку три и пол илјади полицајци се ангажирани за безбедноста на џинпинг, кој според најавите, доаѓа со 400 члена делегација.

Кинескиот лидер ќе го пречекаат и српските борбени авиони МИГ-29, кои ќе го придружуваат неговиот авион од српската границата до Белград, а потоа на враќање ќе го испратат.

За време на посетата на Србија Си Џинпинг со неговиот домаќин претседателот на Србија Александар Вучиќ ќе разговараат за широк спектар на теми - од политички, економски и технолошки до соработка во областа на културата.

На состаноците се очекува да бидат потпишани над 30 договори од различни сфери..

притисни ентер