И покрај тоа што Бундестагот беше причината зошто Македонија во јуни не доби датум за почеток на преговорите, Пендаровски во изјава за германскиот медиум “Шпигел” е оптимист дека до крајот на годинава датум ќе има – и верува дека одложувањето е навистина само поради технички причини на германскиот парламент.
Освен за почеток на преговорите со Европската Унија, Германија дава поддршка и за членството во НАТО. Дека до крајот на годината постојат реални шанси за завршување на ратификацијата на протоколот во сите земји членки на Алијансата, верува и генералниот секретар на НАТО.
-Сите сојузници го потпишаа пристапниот протокол во февруари и потоа започнаа ратификациите, ратификациите одат доста брзо, обично, како што беше кога Црна Гора се зачлени, потребна е околу една година. Не е до мене колку брзо ќе ратификуваат, но би било многу добро ако можат да завршат до декември кога во Лондон ќе се состанат лидерите. Ако не биде тогаш, очекувам да се случи брзо потоа, изјави генералниот секретар на Алијанса. – изјави Јенс Столтенберг – генерален секретар на НАТО.
Денеска Националното собрание на Унгарија го ратификуваше протоколот за членство на Македонија во НАТО, седница на која присуствуваше и претседателот на Македонското собрание Талат Џафери. Досега 19 земји го одобрија влезот на земјава во Алијансата, а останаа уште 10.