Столтенберг: НАТО можеше да стори повеќе за да се спречи војната во Украина - Канал 5

Столтенберг: НАТО можеше да стори повеќе за да се спречи војната во Украина

 НАТО можеше да направи повеќе да ја вооружи Украина за да се обиде да ја спречи руската инвазија во 2022 година, изјави генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг во интервју за Франкфуртер алгемајне цајтунг (ФАЦ).

Столтенберг: НАТО можеше да стори повеќе за да се спречи војната во Украина

Запрашан кој бил најлошиот ден од неговиот 10-годишен мандат како шеф на НАТО, Столтенберг рече дека тоа е 24 февруари 2022 година, кога Русија ја нападна Украина. Посочува дека војната на Москва против Киев не започна во 2022 година, туку во 2014 година со анексијата на Крим.

- Ако Украина беше посилна воено, претпазливоста на Русија пред нападот ќе беше поголема. Не може да се каже дали ќе беше доволно. За време на мојата прва посета на Украина во 2015 година, го посетив тамошниот тренинг центар. САД, Канада и Британија обучуваа војници таму, ние како НАТО не. Генерално, нашата обука и опрема беа доста ограничени. Можевме да направиме многу повеќе, вели Столтенберг, кој наскоро го напушта челното место во Алијансата.

Како најдобар ден во неговата кариера, пак, го посочува пристапувањето на Финска и Шведска во НАТО.

НАТО, според него, не бил подготвен да обезбеди оружје што Киев го побарал пред руската инвазија поради стравувањата дека тензиите со Русија ќе ескалираат.

- Сега ја вооружуваме Украина за војна, тогаш можевме да ја вооружиме Украина за да спречиме војна, истакна Столтенберг.

Крајот на војната во Украина, како што нагласува, сепак, ќе биде на преговарачка маса преку дијалог со Русија.

- Сè уште верувам во дијалог со Русија во комбинација со заштита и одвраќање. Мора да бидеме силни за да водиме значаен дијалог. Се разбира, сега просторот за тоа е многу помал, речиси непостоечки, во споредба со 2014 година. Еден од моите први големи проекти како генерален секретар беше активирање на Советот НАТО-Русија, кој долго време не се состана. Едно е јасно: за да се стави крај на оваа војна, во одреден момент мора повторно да има дијалог со Русија. Но, ова треба да се заснова на украинската сила, истакна Столтенберг.

Јенс Столтенберг, поранешен премиер на Норвешка, во октомври годинава ќе ја напушти функцијата генерален секретар на НАТО, што ја изврпуваше од 2014 година. Следен шеф на НАТО ќе биде поранешниот холандски премиер Марк Руте.

Столтенберг одби да потврди дека ќе ја преземе функцијата претседавач на Минхенската безбедносна конференција од германскиот дипломат Кристоф Хојсген. Тој за ФАЦ вели дека има „многу опции“ и дека би сакал да се пресели и да живее во Осло./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно со повремени сончеви периоди

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. 

Утре променливо облачно со повремени сончеви периоди

По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Најпрво во западните делови, а попладне и кон крајот на денот насекаде ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди, попладне и кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од утре под влијание на јужно воздушно струење, температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивно-едукативна активност на Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи

Во рамки на активностите од страна на полициските службеници на возачите им беа поделени едукативни материјали (летоци) со пораки кон возачите - "Вози одговорно" и придонеси за намалување на бројот на жртви во сообраќајот!

Превентивно-едукативна активност на Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи

Денеска (15.11.2026), во временскиот период од 11:00 до 12:00 часот, на наплатна станица Петровец, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи во соработка со РСБСП поради одбележување на ,,Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгодиʼʼ беше реализирана превентивно-едукативна активност насочена кон зголемување на сообраќајната култура и безбедноста на возачите под мотото "Заедно со одговорно однесување во сообраќајот да придонесеме за патишта без жртвиʼʼ!

Во рамки на активностите од страна на полициските службеници на возачите им беа поделени едукативни материјали (летоци) со пораки кон возачите - "Вози одговорно" и придонеси за намалување на бројот на жртви во сообраќајот!

Исто така, на возачите им беше укажано дека од денеска 15-ти ноември стапува на сила законската обврска за поседување задолжителна зимска опрема и да ја прилагодуваат брзината и начинот на возење на условите на патот, заради нивната лична безбедност и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силен земјотрес ги погоди Филипините

Земјотрес со магнитуда од 5,5 степени по Рихтер денес го погоди крајбрежјето на Филипините, соопшти Американскиот геолошки завод (USGS).

Силен земјотрес ги погоди Филипините

„Магнитуда од 5,5 - девет километри источно од Јунион, Филипини“, се вели во соопштението на агенцијата.

Земјотресот е регистриран во 21:41 часот по локално време, а епицентарот на земјотресот бил на длабочина од приближно десет километри.

Засега нема информации за можни жртви или штети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер