Николоски: Изградбата на автопатот Прилеп – Битола e со одлична динамика, првите километри следната година
1Николоски: Изградбата на автопатот Прилеп – Битола e со одлична динамика, првите километри следната година
Вечерва стартува новата сезона во англиската Премиер лига, натпреварите ќе се играат според нови правила
2Вечерва стартува новата сезона во англиската Премиер лига, натпреварите ќе се играат според нови правила
3Одлука што ќе предизвика негодување: Само Реал Мадрид им забрани на судиите да даваат телевизиски интервјуа за натпреварот
БалканСтолтенберг: НАТО ќе направи се што е потребно за да гарантира стабилност на Западниот БалканНеодамна се вртаив од посета на регионот на Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Македонија и се сретнав со лидерите од регионот.Безбедносните прашања, пред се случувањата на Блискиот Исток и Украина ќе бидат главни теми на дводневната средба на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг пред почетокот на состанокот, додавајќи дека покрај за овие прашања ќе стане збор и за глобалните предизвици на Пактот, првенствено поврзани со Кина, членството на Шведска, како и состојбите на Западниот Балкан. - Неодамна се вртаив од посета на регионот на Босна и Херцеговина, Косово, Србија и Македонија и се сретнав со лидерите од регионот. Тоа што го гледаме таму е дека тензиите се зголемуваат, подбуцнувачка реторика во БиХ, сериозни инциденти на насилство во Косово, вклучитено и напад врз мировниците на НАТО, при што беа ранети војници на НАТО, некои од нив сериозно, како и инцидентот во Бањска, при што беа убиени три лица, изјави Столтенберг. Според него, како што јави дописникот на МИА од Брисел, ова претставуваат сериозни инциденти и НАТО мора да остане фокусиран на Западниот Балкан. - НАТО ќе направи се што е потребно да одржи и да гарантира стабилност на регионот, бидејќи тоа не е важно само за Западниот Балкан, туку и за цела Европа и НАТО. Ние сме приутни таму, работиме со силите на ЕУ во Босна и Херцеговина и имаме присуство во Косово и во сенка на зголемените тензии испративме 1.000 дополнителни војници. Ќе продолжиме да работиме со сојузниците и партнерите во регионот за да превенираме ескалација, порача Столтенберг. Тој го поздави продолжувањето на хуманитраната пауза во конфликтот на Блискиот Исток, нагласувајќи дека тоа ќе овозможи многу потребното олеснување на луѓето од Газа, ослободување на уште заложници, како и дистрибуција на хуманитарна помош. - Исто така ќе се осврнеме и на ситуацијата во Украина каде гледаме интензивирање на судирите и бура на напади со дронови врз украинските градови. Тоа ја прави уште поголема потребата за наша поддршка на Украина, нагласи Столтенберг. Тој ги поздрави најавита за помош за Украина од страна на Германија во износ од осум милијарди евра и од Холандија од две милијарди евра, воспставувањето на центар за обука на украинските пилоти за управување со авионите Ф-16 во Романија, испраќањето на дополнителна противвоздушна одбрана и формирањето на Коалицијата за воздушна одбрана за Украина од страна на 20 членки на Алијансата. Столтенберг нагласи дека министрите на состанокот ќе ја потврдат долгорочната поддршка на НАТО за Украина, најавувајќи дека на утрешното прво заседание на Советот НАТО-Украина на ниво на министри за надворешни работи ќе учествува и шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба. Тој нагласи дека и покрај некои предвидувања на почетокот на агресија на Русија врз Украина дека руските сили за неколку недели ќе бидат во Киев, тоа не се случи туку напротив украинските сили ослободија половина од окупираната територија на почетокот на инвиизјата. - Наша обврска е да и го обебзедиме на Украина оружјето што и е потребно. Ќе биде трагедија за Украинците ако победи (рускиот) претседател (Владимир) Путин, но и тоа ќе претставува опасност за сите нас. Ќе им се испрати порака до авторитарните лидери, не само во Москва, туку и во Пекинг, дека со прекршување на меѓународното право, може да нападнете друга земја и со употреба на сила да го добите она што го сакате, рече Столтенберг, додавајќи дека затоа САД и сите сојузници од НАТО мора да продолжат со поддршката за Киев. Во однос на шведското членство во НАТО, Столтенберг истакна дека се надевал оти на овој состанок Шведска ќе стане полноправна членка на НАТО, но дека тоа не се случи, но го поздрави започнувањето на процесот на ратификација на протоколот за прием на Стокхолм во турскиот Парламент и изрази надеж дека тој ќе заврши што е можно побрзо - Ќе биде добро за сите нас, за Шведска, за НАТО, за Турција, доколку ја имаме Шведска како полоправна членка, додаде Столтенберг. Генералниот секретар на НАТО нагласи дека Анкара има легитимни безбедносни грижи поврзани со тероризмот, потсетувајќи дека Курдската работничка партија (ПКК) не прогласена за терористичка организација само во Турција, туку и во други земји, па затоа сојузниците мора да работат заедно на отстранување на таа сериозна турска загриженост. Земјава на министерскиот состаанок ја претставува министерот за надворешни работи Бујар Османи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести43 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
МакедонијаНиколоски: Изградбата на автопатот Прилеп – Битола e со одлична динамика, првите километри следната годинаИзградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со одлична динамика и првите километри се очекува да бидат пуштени следната година.Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со одлична динамика и првите километри се очекува да бидат пуштени следната година, информира денеска потпретседателот на владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој со премиерот Христијан Мицкоски беше во посета на Општина Прилеп. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦената на бакарот руши рекорди – новиот максимум е 14.912 долари за тонСветот „во трка“ по бакар. Цената руши рекорди, па на Лонодонската берза за метали достигна историски максимум од 14.912 долари за тон. Причината е растечката побарувачка, но и стравувањата дека новото производство нема да може доволно брзо да го следи растот. Според долгорочните проценки, светската побарувачка за бакар може да надмине 50 милиони тони годишно до 2050 година, од околу 34 милиони тони денес. Македонија има бакар – но сè уште нема јасен одговор дали може да го искористи потенцијалот кој е под земја, без да ја загрози животната средина. Најголемиот потенцијал го има Иловица, но неизвесноста околу реалзиацијата на проектот продолжува. Дел од жителите на Иловица организирани преку иницијативата „И Здравје и Работа“ даваат поддршка. Дел од неа е и Никола Стаменов, поранешен претседател на Федерацијата на фармери на Македонија, кој за Канал 5 вели дека има начин како да имаме финансиски бенефит како држава и да ја заштитиме животната средина, ако се почитуваат светските еколошки стандарди. -Ние граѓаните, мнозинството од двете населени места, па можам да кажам и општина Босилово и регионот и граѓаните од таму со кои комуницираме, сме „за“ отворање на рудникот за бакар и злато „Иловица“. Имаше неколкумина кои беа противници на отворањето со напомената дека со рудникот ќе се загрозат животната средина, воздухот, почвата, меѓутоа, со најсовремена европска и светска технологија имаме целосна гаранција дека до тоа нема да дојде. - Никола Стаменов – Иницијатива „И здравје и работа“ Бакарот е неопходен за електричните мрежи, обновливите извори на енергија, електричните возила, но и за изградбата на центри за податоци кои се потребни за развојот на вештачката интелигенција. Поради ова, побарувачката расте, а отворањето нови рудници трае со години. Дополнителен притисок на пазарот периодов создаваат и САД, каде поради очекувањата за царини се пренасочуваат големи количества физички бакар кон американскиот пазар, а тоа ја намалува достапноста на металот на другите пазари. Каја нас, бакар веќе се експлоатира во Бучим, каде годишно се преработуваат повеќе од 4,5 милиони тони руда, но Иловица-Штука според проценките би произведувала околу 16 илјади тони бакар годишно, во период од околу 20 години. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести43 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
МакедонијаИстиот познат вкус, со освежен изгледСкопско го претстави освежениот изглед на своите етикети и новиот Скопско муралСо одлична енергија и супер дружење во препознатлив шмек, СКОПСКО го одбележа освежувањето на изгледот на своето портфолио со отворен настан на 20-ти август, во Дебар Маало, на кој се собраа сите пријатели и љубители на СКОПСКО. Освежениот изглед на етикетите ја задржува длабоката врска со традицијата и клучните симболи што го дефинираат брендот низ децениите и истовремено воведува современ израз, што е прилагоден на времето што доаѓа. Како дел од прославата присутните имаа можност да го видат уникатниот СКОПСКО мурал, потпишан од уметникот Драш и специјалната СКОПСКО фонтана, која донесе вистинско, но и визуелно освежување. За спектакуларната завршница на настанот беа задолжени дечките од Дупер, кои со својот енергичен настап ја кренаа атмосферата на следно ниво и ја затворија оваа незаборавна вечер. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook