Столтенберг: Наместо да и ја затвори вратата на НАТО, Путин ја приближи Украина до Алијансата - Канал 5

Столтенберг: Наместо да и ја затвори вратата на НАТО, Путин ја приближи Украина до Алијансата

Според него, рускиот претседател Путин ја започнал оваа војна со цел „да ја затвори вратата на НАТО и да го ускрати правото на Украина да го избере својот пат“. 

Столтенберг: Наместо да и ја затвори вратата на НАТО, Путин ја приближи Украина до Алијансата

Денеска кога одбележуваме две години откако руските тенкови навлегоа на украинска територија и започна најголемата војна во Европа по Втората светска војна, ситуацијата на бојното поле останува исклучително сериозна, а целта на претседателот на Русија, Владимир Путин да доминира во Украина не е променета и нема индиции дека се подготвува за мир, порача генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг по повод втората годишнина од почетокот на руската агресија врз Украина.

- Украина повторно и повторно покажува извонредна способност и жестока решителност. Украина не пропадна за неколку недели, како што многумина стравуваа дека ќе се случи. Повторно зазеде половина од територијата што ја освои Русија. Ја потисна Русија од големи делови на Црното Море и им нанесе големи загуби на руските сили, наведе во изјавата Столтенберг, оддавајќи им почит на, како што рече, „сите оние храбри Украинци кои загинаа или беа ранети во одбрана на својата татковина“.

Според него, рускиот претседател Путин ја започнал оваа војна со цел „да ја затвори вратата на НАТО и да го ускрати правото на Украина да го избере својот пат“.

Но, тој го постигна токму спротивното: Украина сега е поблиску до НАТО од кога било досега... Украина ќе влезе во НАТО. Не е прашање дали, туку кога. Додека ве подготвуваме за тој ден, НАТО ќе продолжи да стои со Украина. За вашата и за нашата безбедност, потенцира Столтенберг

Тој нагласи дека Украина успеа да ја зачува својата слобода и независност, благодарение на храброста и решителноста на нејзиниот народ, но и на големата воена и економска поддршка на сојузниците од НАТО.

- Само во изминативе денови и недели, сојузниците од НАТО најавија нови пакети помош во вредност од милијарди долари. Тие ги покриваат клучните капацитети, како артилериска муниција, противвоздушна одбрана и борбени чамци, но и опрема и резервни делови за (авионите) Ф-16, беспилотни летала и опрема за деминирање. Следува поголема поддршка,

додаде Столтенберг во пораката по повод втората годишнина од почетокот на руската агресија врз Украина.

Руските сили ја нападнаа Украина на 24 февруари 2022 година, започнувајќи ја најголемата воена офанзива во Европа по Втората светска војна, што резултираше со најмалку 10.000 цивилни и стотици илјади воени жртви, 3,6 милиони внатрешно раселени лица и 6,3 милиони украински бегалци во други земји. /МИА

Бред Пит возеше формула 1 болид

Холивудскиот актер Бред Пит, чиј нов филм за Формула 1 ќе има премиера следната недела, го оствари својот сон да вози болид од Формула 1 откако тестираше возило на Мекларен на патеката во Остин.

Бред Пит возеше формула 1 болид

Актуелниот светски шампион во конкуренција на конструктори Мекларен потврди денеска дека познатиот актер го возел моделот „Мекларен МЦЛ60“ произведен во 2023 година на патеката во Тексас во четвртокот.

Медиумите известуваат дека британскиот тим спроведувал приватен тест со редовниот возач на Формула 1, Ландо Норис, и возачот на Формула 2, Алекс Дан.

Тоа беше прв пат 61-годишниот Пит, кој го игра измислениот возач Сони Хејс во филмот „Формула 1„ на „Епл““, да вози вистински болид од Формула 1 на патека.

Автомобилите што се користеа во снимањето на филмот беа автомобили од Формула 2, модифицирани од Мерцедес за да изгледаат како вистински автомобили од Формула 1 што се натпреваруваат на гран- при трките.

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон, кој е копродуцент на филмот, рече дека Пит покажал вистинска брзина додека го тестирал автомобилот Ф2.

„Да се гледа како Бред вози со брзина поголема од 290 километри на час беше навистина импресивно бидејќи тоа не е нешто што може да се научи преку ноќ“, рече Хамилтон.

Синер во музички проект со Бочели

Најдобриот светски тенисер, Италијанецот Јаник Синер учествуваше во најновиот музички проект на прославениот оперски пејач и негов сонародник Андреа Бочели.

Синер во музички проект со Бочели

Во песната насловена „Polvere e Gloria“ (Прашина и слава), Синер не пее, туку рецитира на англиски јазик делови од своите говори одржани по најголемите победи во неговата кариера.

„Ќе има многу први места во нашите животи, само треба да бидете свои“, рецитира актуелниот шампион на Австралија Опен и неодамнешен финалист на Ролан Гарос, додека во позадина свири емотивна лирска музика.

„Ми претставува чест и задоволство што сум дел од овој проект со Андреа. Никогаш не можев да замислам дека ќе го слушнам својот глас во една од неговите песни, тоа е силна емоција“, рече Синер, кој зад себе има 19 АТП трофеи, вклучувајќи и три грен слем титули.

Бочели, кој има продадено повеќе од 70 милиони албуми, го опиша овој проект како „ода на упорноста и благородноста на секојдневниот труд, кој секој неизвесен чекор го претвора во дел од нешто поголемо“.

Санто уште три години на клупата на Нотингем Форест

Тренерот на Нотингем Форест, Нуно Еспирито Санто, потпиша нов тригодишен договор, објави англискиот прволигаш.

Санто уште три години на клупата на Нотингем Форест

Португалскиот стратег седна на клупата на Форест во 2023 година.

Во својата прва сезона, му обезбеди опстанок на клубот во Премиер лигата, а изминатата сезона го водеше тимот до седмото место и нивно прво учество во европските купови од сезоната 1995/96.

„Воодушевен сум што можам да го продолжиме нашето патување во овој фантастичен фудбалски клуб. Откако пристигнавме во Форест, работевме исклучително напорно за да создадеме посебна врска меѓу играчите, навивачите и сите во клубот, што ни помогна да постигнеме големи работи минатата сезона“, рече Санто. /МИА

притисни ентер