Столтенберг: Дозволата за користење на ракети за украински напади е индивидуална одлука - Канал 5

Столтенберг: Дозволата за користење на ракети за украински напади е индивидуална одлука

 Дозволата за користење на нивните ракети за украински напади врз Русија е индивидуална одлука на секоја членка на НАТО.

Столтенберг: Дозволата за користење на ракети за украински напади е индивидуална одлука

Евентуалните одлуки на некои членки на НАТО да дозволат употреба на ракетите со голем дострел што и ги донирале на Украина за напади на руска територија носат ризици, но во услови на војна не постои опција без ризик, оцени генералниот секретар на Алијансата во заминување Јенс Столтенберг во коментар на изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека со ваквите одлуки „Западот директно ќе се бори против Русија“.

- Но, јас и натаму верувам дека најголемиот ризик за нас, за Обединетото Кралство и за НАТО, ќе биде доколку претседателот Путин победи во Украина, изјави Столтенберг за лондонското радио Ел-Би-Си.

Тој нагласи дека останува на секоја земја членка на НАТО да донесе индивидуална одлука дали ќе и дозволи на Украина да ги користи проектилите што и ги донирала за напади врз цели на руската територија.

- Ги поздравувам овие одлуки, но секој од сојузниците треба да донесе индивидуална одлука. Сепак, сојузниците имаат различни политики за ова прашање, додаде Столтенберг.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски со месеци бара од западните земји да и дозволат на неговата држава да ги користи проектилите што и ги донирале, вклучително и американските АТАВМС со голем дострел и британските „Сторм шадоус“, за ракетирање на цели на теритроијата на Русија, со што би се ограничиле потенцијалите на руските сили за напади врз Украина.

Прашањето за давање дозвола на Украина за користење на нивните ракети со голем дострел врз цели во Русија било и меѓу темите на разговор на средбата меѓу американскиот претседател Џо Бајден и британскиот премиер Кир Стармер во петокот во Вашингтон.

Иако засега не е објавена никаква одлука, според дипломатски извори, Стармер наводно бил за давање на такво одобрение на Украина, додека Бајден оценил дека оваа одлука го покренува прашањето дали таа може да доведе до директна војна меѓу НАТО и Русија.

Дополнително, американски официјални претставници се скептични дека давањето дозвола на Украина за употреба на овие ракети ќе направи позначајна разлика во справувањето со руските напади.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маж загина во пожар во барака во скопски Жданец

Маж загина во пожар што доцна синоќа избил во барака во скопската населба Жданец.

Маж загина во пожар во барака во скопски Жданец

Од МВР информираат дека бараката, сопственост на 56-годишен скопјанец целосно изгорела, а дека откако огнот бил изгаснат, во објектот биле пронајдено тело на починато машко лице. Од Центарот за управување со кризи информираат дека во гасење на пожарот кој избил половина час пред полноќ, интервенирале 19 пожарникари од Скопската противпожарна бригада со седум противпожарни возила. Засега не се познати причините за пожарот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кедев се впиша во Гинис како највозрасен човек во светот што ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри

Македонскиот кардиолог и планинар Сашко Кедев влегува во гинисовата книна на рекорди како највозрасен човек кој стигнал до највисоката точка на сите 14 планини во светот повисоки од 8 000 метри.

Кедев се впиша во Гинис како највозрасен човек во светот што ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри

Кедев имал 63 години и 14 дена кога на 20 јули 2025 година се искачил на „Гашербрум 1“ во Пакистан. Со искачувањето на овој врв, висок 8 080 метри, стана и првиот Македонец што ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри. Прв на неговата листа беше највисокиот врв на светот, Монт Еверест, на кој Кедев се искачи во мај 2009-та година.

Во јули 2022 година, во растојание од само една недела, ги искачи Ка-2 и Броуд Пик. Искачувањата на Кедев ги потврдил Еберхард Јургалски, консултант на Гинис за планинарски рекорди. Гинис му припишува на Кедев уште едно постигнување. Тој е и највозрасниот човек кој ги исполнил двата планинарски предизвика – ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри и највисокиот врв на секој од седумте континенти. Континенталната седумка ја заокружи уште во 2011 година, со искачувањето на Пунчак Џаја во Океанија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мај среде ноември – следната недела до 20 степени

Десет колапси на јавни места биле пријавени во еден ден во брзата помош, како причина биле наведени и променливите и повисоки температури, велат од брзата помош.  

Мај среде ноември – следната недела до 20 степени

Од брзата помош со порастот на температутрите од старот на работната недела очекуваат дека повторно ќе имаат јавувања за зголемен крвен притисок и вртоглавици, и тешко дишење. Посебно да бидат внимателни возрасните и хроничните болни, бидејќи при падот граѓаните се здобиле и со повреди на главата.

Последните години пролетните температури во ноември станаа нормално, велат и светските метереолози и очекуваат глобалната температура да се зголемува. Во Македонија од понеделник температури и до 20 степени.

Од брзата помош со апел до возачите до колку не им добро да не возат автомобил, бидејќи во лоша здравствена состојба се губи концетнрацијата. Исто така високите температури ги користат и возачите на тротинети и има многу повредени граѓани, меѓу кои и деца.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер