Столе Попов е добитник на „Голема ѕвезда на македонскиот филм", Јануш Зигмунд Камински на „Златна камера 300"

Режисерот и сценаристот Столе Попов е добитник на наградата  „Голема ѕвезда на македонскиот филм" на 41-то издание на фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки".

Полско-американскиот кинематографер Јануш Зигмунд Камински ја доби наградата „Златна камера 300" за животно дело или животен опус.

Во името на градот домаќин пред присутните гости се обрати градоначалничката Наташа Петровска која истакна дека фестивалот „Браќа Манаки" претставува фестивал еликсир на фотографијата.

Битолската публика со аплауз го поздрави режисерот Столе Попов кому годинава од страна на Друштвото на филмските работници на Македонија му беше доделена наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм".

Попов во своето обраќање нагласи дека добивал многу награди, но според него најсилни и иманентни се наградите од публиката и од колегите. Токму така го разбира годинашното високо фестивалско признание.

Заради КОВИД мерките и актуелната пандемија во светот во Битола не можеа да пристигнат, но со свое видео обраќање за вредноста и квалитетот на фестивалот говореа Кејс Ван Острум, нов претседател на Меѓународната асоцијација на кинематограферите ИМАГО и тој потсети дека Битола е голем меѓународен центар на киноматограферите, а потврда за тоа е Конгресот кој во 2016 година се одржа во овој град.

Добитникот на „Златна камера 300" за животен опус Камински рече дека инвентивноста и оригиналноста на браќата Манаки го мотивираат час поскоро да дојде во Битола за да лично си ја подигне својата награда и очекува дека тоа ќе биде в година ова време.

Пред присутните се обрати и претседателот Стево Пендаровски, кој истакна дека е добро што и покрај пандемијата на Ковид-19, „Браќа Манаки" се одржува и годинава во скратена и во изменета форма.

-Дозволете да ве поздравам како покровител на првиот и меѓу стотиците филмски фестивали, еден од само неколкуте во светот, кои се фокусирани на кинематограферите, фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки". Станува збор за еден од најзначајните културни настани во нашата земја, настан во кој е вткаена богата историја, многу ентузијазам и љубов кон филмската уметност. Благодарение на овој фестивал, Битола и нашата држава се препознаени во светот на седмата уметност, истакна Пендаровски.

Пендаровски им честита на добитниците и им посака уште многу филмски проекти. Тој ја искористи приликата да го изрази своето уверување дека сите помагачи на фестивалот, централната и локалната власт, бизнис-заедницата, филмските работници, се и ќе продолжат да бидат и понатаму со фестивалот.

-Деновите поминати во карантин, во изолација, во нашите домови за време на полициските часови нè потсетија колку значајно место во нашите животи имаат подвижните слики. Тие беа една од основните преокупации и можност за квалитетно поминување на нашето време. Дали пред телевизиските екрани или пред компјутерите, филмовите даваа ведрина и смисла на нашето потполно изменето секојдневие", истакна претседателот Пендаровски.

На 41-то издание на ИФФК „Браќа Манаки" за значењето на фестивалот, традицијата и улогата на подвижните слики во животот на секој човек говореа американската амбасадорка Кејт Мари Брнз и директорката на фестивалот Гена Теодосиевска.

Публиката во битолскиот Музеј имаше премиерна можност да погледа кратка репортажа од новоизграденото кино „Манаки" во Битола кое е изградено на Широк Сокак во овој град и се очекува наскоро да биде пуштено во употреба. /МИА

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер